många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото, нашиот имунолошки систем доживува процес на стареење при што севкупната заштита ја губи својата сила. Добрата вест е дека можеме многу да направиме за да ја одржиме силна нашата имунолошка одбрана. Силниот имунолошки систем е првенствено прашање на правилната исхрана, па затоа урамнотежената исхрана, богата со сезонско овошје и зеленчук треба да добие најголем приоритет во вашата исхрана. Аспарагус во пролет, јагоди во лето, јаболка во есен. Да, јадете што е можно повеќе сезонски овошки и зеленчук или како што ние би кажале „плодови од сите бои на виножитото“. Многумина веднаш ќе прашаат: што со дополнителната поддршка? Дали диететскиот менаџмент на имунолошките недостатоци поврзани со исхраната влијае на одбраната? Се разбира дека да. Правилното снабдување и суплементација на телото со потребните витамини и минерали е неопходно. Додатоците во исхраната не се замена за здрава исхрана, но постојат доволен број причини, зошто поддршката на имунолошкиот систем е важна. Одбраната на телото работи правилно, само ако е соодветно снабдена со хранливи материи, кои не секогаш можат да бидат обезбедени преку исхраната. Така, организмот користи поголема количина на микронутриенти кога се бори против вирусите и инфекциите, па затоа внесот на дополнителна целна поддршка од микронутриенти игра клучна улога во имунолошката компетентност. Витамините А, C, D, и Е, како и цинкот и селенот, се особено важни кога размислувате за зајакнување на вашиот имунолошкиот систем. Тие имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и одбраната од микроби, како што се вирусите и бактериите. Од друга страна пак, тие се вклучени и во бројни метаболички процеси во телото, вклучувајќи ги мускулите, коските, но и заштитата на клетките од оксидативен стрес. Други микронутриенти кои придонесуваат за нормално функционирање на вашиот имунолошки систем се и витамините B, односно B6 и B12, фолната киселина (која исто така припаѓа на витамините од групата B) и елементите во трагови како железото и бакарот. Како што може да забележите, за нас, микронутриентите имаат посебно значење. Препознавајќи ја сложеноста на задачите што ги извршува имунолошкиот систем, неговото функционирање е наша посебна заложба. Затоа, го создадовме Orthomol Immun. Имуно-специфична комбинација наменета за диететски третман на имунолошки недостатоци поврзани со исхраната. Orthomol Immun содржи повеќе од 25 важни микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови кои докажано ја намалуваат фреквенцијата на инфекциите. Замислете го како дополнителна поддршка за заштита на вашиот одбранбен механизам во текот на целата година. До следната објава.Вашиот Orthomol.