Оваа политика за приватност и заштита на личните податоци има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, како и потрошувачите и корисниците на нашите услуги и продукти при вршењето на нарачки преку нашата веб страна www.orthomol.mk (во понатамошниот текст само „Корисници“).
ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОНТРОЛОРОТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Назив и адреса на контролорот:
ПЗУ ФИЛА АПТЕКА Скопје, со седиште на ул. „Бледски Договор “ бр. 8, 1000 Скопје, застапувана од Овластено лице Марија Пеовска, со ЕМБС: 7170742, ЕДБ: 4057016535288, Шифра на дејност: 47.73 , Телефон за контакт: 023104926, email: contact@filaapteka.mk WEB: www.orthomol.mk е контролор на обработката на личните податоци. ПЗУ ФИЛА АПТЕКА Скопје, е заеднички контролор заедно со други правни лица (ФИЛА ФАРМ Скопје) , до кои може да бидат доставени Вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања/нарачки на производи.
ФИЛА АПТЕКА Скопје како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и истата повремено да ја проверувате бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.
ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?
- Корисници кои се регистрираат на веб страната orthomol.mk
Секој корисник при регистрација и купување на нашите проиводи изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност и заштита на личните податоци. Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ
- Лични податоци за Корисници кои успешно отвориле сметки на веб страната orthomol.mk. Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса за испорака на нарачката и телефон за контакт. Ваквите податоци се неопходни за реализација на нарачка.
- Податоци од финансиска природа. Ние можеме да имаме пристап и до информациите кои ги пополнувате на веб страната со цел плаќање за конкретна нарачка. Имено, можеме да имаме пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (дел што издавачот на платежна картичка дозволува да биде достапен), податоци за износот на нарачката.
Податоците кои се неопходни за реализација на нарачките и платежните операции се задолжителни, во спротивно нема да може да се изврши нарачката од веб страната www.orthomol.mk.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци.
Со оваа Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
ФИЛА АПТЕКА Скопје како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница.
Обработуваме и лични податоци преку колачиња, за кои ПЗУ ФИЛА АПТЕКА има донесено и објавено посебна Политика за колачиња.
Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.
ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци, односно од Корисниците. Правна основа за обработка на Вашите лични податоци може да биде:
- Вашата согласност
Преку регистрацијата на веб страната www.orthomol.mk, Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на онлајн купување, но и за добивање на маркетинг известувања од нашата понуда на производи, доколку претходно се согласите со тоа.
Преку формата „Контакт“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите коментари и пораки. При внесување на Вашите податоци во формата „Контакт“, со штиклирање на дополнително поле кое гласи: „Согласен сум да бидат обработени моите лични податоци за целите на одговор на мојот коментар/порака/поплака“, Вие потврдувате дека сте согласни со обработката на Вашите лични податоци за наведената цел.
- Исполнување на договор
Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци ги обработуваме со цел извршување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци), односно со цел да се преземат активности на Ваше барање како Корисник.
Имено, Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци со цел реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ, а ние Ви го доставуваме производот користејќи ги податоците кои сте ги обезбедиле.
ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и истите се обработуваат на начин што е во согласност со таквите цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Личните податоци се обработуваат од ПЗУ ФИЛА АПТЕКА за исполнување на следните цели:
- Исполнување на договор, односно со цел реализација на нарачка и достава на нарачан/и производ/и до Корисниците;
- Доставување на маркетинг информации и понуди. При регистрација, на Корисниците им се нуди можност за одбирање на соодветна опција за добивање на маркетинг информации од ПЗУ ФИЛА АПТЕКА. Испраќањето на маркетинг информации се врши по претходно изразена согласност од страна на Корисникот;
- За одговор на коментар/порака/поплака доставена од Корисник преку „Контакт“ формата.
ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ
Пристапот до податоците секогаш ќе се контролира и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.
Вашите лични податоци исто така може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни):
- Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат да спроведеме рекламирање, маркетинг и кампањи, да ја анализираме нивната ефикасност и да управуваме со Вашите контакти, прашања и нашата врска;
- Трети страни кои треба да Ви достават производ кој сте го нарачале од нашата веб страна;
- Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации
- Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на нарачката и плаќањето
- Компании за поштенски услуги, маркетинг партнери како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.
Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.
ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Се обврзуваме да ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме услугата која сте ја побарале, односно да Ви го доставиме нарачаниот производ од нашата веб страна, како и да ги исполниме нашите комерцијални и/или законски обврски.
Конкретно, Вашите лични податоци ги чуваме особено:
- Кога купувате производи од нашата веб страна, ги чуваме Вашите лични податоци за времетраење на нашата договорна врска, односно до доставување на нарачаниот производ и истек на рокови за приговори по однос на производот предвидени во законската легислатива;
- Кога сте се согласиле да добивате маркетинг известувања од нас, ние ги чуваме Вашите лични податоци, се додека Вие не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг известувања.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Во врска со Вашите лични податоци кои ги собираме и обработуваме врз основа на важечкото законодавство од областа на личните податоци, ги имате следните права:
- Право на информирање, кои податоци ги обработуваме, кога тие податоци се собрани, целта на обработка на тие податоци, информација за контролорот и обработувачите и лицата на кои тие податоци им се достапни;
- Право на исправка на Вашите лични податоци, како би можеле да се осигурате дека податоците со кои располагаме се вистинити, точни и ажурни;
- Право на бришење на Вашите лични податоци кои ги обработуваме, доколку тие податоци повеќе не се нужни за остварување на целите на обработка;
- Право на ограничување на обработката на Вашите податоци во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци;
- Право на повлекување на согласноста за обработката на Вашите податоци во секое време, во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци;
- Право на преносливост на податоците – имате право да ги примите Вашите податоци во структуриран машински облик како би можеле да ги пренесете на друг контролор;
- Право на приговор – имате право да вложите приговор на обработката на Вашите лични податоци до Контролорот.
Барањето за остварување на Вашите права може да го доставите до нас на соодветен образец кој е достапен на нашата веб страна www.orthomol.mk.
Барањето за остварување на Вашите права може да го поднесете на следните начини:
– по пошта на адресата на Контролорот, со назнака: „За офицер за заштита на личните податоци“;
– на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци: Владимир Гроздановски со е-mail адреса vladimir.grozdanovski@zmc.mk и контакт телефон 078 277 872
ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Согласно Законот за заштита на личните податоци, секој Корисник има право на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци доколку смета дека некое негово право од областа на личните податоци е повредено од страна на ПЗУ ФИЛА АПТЕКА. Ова право можете да го остварите преку испраќање на е-mail порака до следниот контакт: info@privacy.mk или преку соодветна форма на веб страната https://azlp.mk.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Со пристапување и користењето на www.orthomol.mk изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност и заштита на личните податоци.
Политиката за приватност и заштита на личните податоци подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
ПЗУ ФИЛА АПТЕКА ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.
Скопје, октомври 2025 година