ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

1.Општи информации: Со овие општи услови за користење се уредуваат употребата на веб страницата на www.orthomol.mk. и услугите што ги нуди ПЗУ ФИЛА АПТЕКА СКОПЈЕ. Со пристап и користење на веб страницата на www.orthomol.mk., се согласувате со наведените правила во овие Општи услови за користење. Веб страницата работи согласно важечите закони од релевантните области.

  1. Пристап до веб страницата

Корисникот се обврзува да ја користи страницата согласно законските прописи и овие Општи услови за користење.

ПЗУ ФИЛА АПТЕКА може да го ограничи или прекине пристапот на конкретен Корисник доколку биде вооченанекаква злоупотреба на истиот.

  1. Регистрација и корисничка сметка

Со цел реализација на нарачка на производи преку веб страницата на ПЗУ ФИЛА АПТЕКА, задолжително е претходно да извршите регистрација на Корисник со точни и целосни податоци.Корисникот е одговорен за точноста на информациите кои ги навел при регистрацијата (адреса, град, телефон, е-mail адреса.)

 Со цел реализирање на нарачка преку веб страната www.orthomol.mk, Купувачот  мора да е полнолетен ( 18+ години).Корисникот е одговорен за доверливоста на своето корисничко име и лозинка и презема обврска повремено да ја менува лозинката.

  1. Информација за производи

Сите производи прикажани на веб страницата www.orthomol.mk се опишани со максимална точност, односно описите на производите одговараат на реалните својства на истите. Информациите за производите се земени од поединечни декларации за производи, упатства за производи или од брошури на производителот на производот.

Фотографиите поставени на веб страницата www.orthomol.mk, се идентични или слични на наведениот производ. ПЗУ ФИЛА ФАРМ го задржува правото на грешка, иако преземени се сите мерки да се одбегнат истите.

ПЗУ ФИЛА ФАРМ го задржува правото за промена на цените на производитево секое време и без претходна најава.

  1. Нарачка и плаќање

Нарачките на производите преку веб страницата www.orthomol.mk се потврдуваат по електронска пошта. По реализација на нарачката, на Корисникот на неговата e-mail адреса му се испраќа „Потвда за нарачка“ во која се наведени нарачаните производи и платениот износ за истите.

Плаќањето за нарачаните производи преку веб страницата www.orthomol.mk е исклучиво електронски, со платежна картичка.

  1. Испорака

Испораката на нарачаните производи се врши на адреса наведена од Купувачот. 

За реализација на нарачка потребна е точна и целосна регистрација со лични податоци на Купувачот.

Испораката на производи се врши само на територијата на Република Северна Македонија.

Времето на достава  е 7 дена од денот  на нарачката.

Трошоците за достава се специфицирани пред финализирање на нарачката.

7. Поврат и рекламации

Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

-испорака на производи кои не се нарачани

-испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба

-испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот

Секој Купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања на пратката при транспорт, да провери дали испорачаниот производ одговара на нарачаниот производ и во присуство на  доставувачот кој ја врши доставата да утврди дека производите се во добра состојба. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот.

Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испораката, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

  1. Ограничување на одговорност

Компанијата не одговара за привремена недостапност на веб страницата или за штети предизвикани од неправилна употреба на производите.

Информациите на веб страницата имааат информативен карактер и не ја заменуваат стручната медицинска консултација.

Купувачот не треба да го употребува купениот производ пред да го прочита упатството за употреба за истиот.

  1. Заштита на лични податоци

Сите податоци кои Корисниците ги обезбедуваат при посета и нарачка преку веб страницата www.orthomol.mk, се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компанијата се обврзува да не ги споделува личните подaтоци со трети лица без согласност на корисникот, освен кога тоа е законски задолжително.

За повеќе детали во врска со заштитата на Вашите лични податоци, Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност и заштита на личните податоци на ПЗУ ФИЛА АПТЕКА.

  1. Промени на условите

ПЗУ ФИЛА АПТЕКА има право во секое време да ги менува условите за користење, цените и достапноста на производите, во согласност со законските прописи.