Orthomol Natal
Orthomol Natal
Orthomol Natal

Orthomol Natal

Важни микронутриенти за бременоста и доењето

Можеби долго време се обидувате да забремените – или можеби веќе сте бремени: мајчинството целосно го менува вашиот живот. Самата бременост и доењето се особено значајни фази во животот на многу жени. Во текот на бременоста телото работи во „полна пареа“, па затоа потребата за одредени микронутриенти се зголемува.

Произведен во
Германија

Различни форми на
администрација

Со селектирани
микроорганизми

Без лактоза и глутен

Сертифициран
квалитет

Orthomol Natal

Одлична поддршка за време на бременоста

Помеѓу периодот на оплодување и моментот кога за прв пат ќе го држите во раце вашето новороденче поминуваат многу важни месеци. За време на овој важен период, вашето тело работи многу напорно и затоа се потпира на снабдувањето со сите важни микронутриенти. Урамнотежената количина на микронутриенти не е само основа за добро здравје и благосостојба, туку и помага на вашето бебе да се развива, а вашата бременост да напредува непречено.

Снабдување со микронутриенти за време на доењето

Потребата за микронутриенти станува сè поголема во периодот на доење. Покрај вашите лични потреби, преку мајчиното млеко вашето бебе ги добива сите хранливи материи кои му се потребни за здрав развој. Самата бременост и раѓањето, исто така, создаваат големи барања за вашето тело, што значи дека на вашата регенерација и благосостојба ѝ е потребна дополнителна активна поддршка.

Orthomol Natal
Orthomol Natal

Orthomol Natal – со бенефити за мајката и детето

Orthomol Natal ги содржи есенцијалните микронутриенти, потребни за вас и вашето дете (омега-3 масни киселини ДХА, витамин D3, култури на бактерии од млечна киселина) и обезбедува важни хранливи материи за развојот на вашето дете, вашата благосостојба и непречена бременост од времето на зачнувањето. Содржи комбинација на фолна киселина и Quatrefolic® како придонес во нормалниот раст на мајчиното ткиво за време на бременоста. Quatrefolic® е активна форма на фолна киселина која е достапна за телото без претходно да се конвертира и затоа нуди поголема биорасположивост.

Нутритивни карактеристики

Важни микронутриенти за бременоста и доењето

  • Фолната киселина придонесува за нормален раст на мајчиното ткиво за време на бременоста. Внесот на дополнителна фолна киселина како додаток го зголемува нивото на фолати кај трудниците. Ниското ниво на фолати ги изложува бремените жени на ризик нивниот фетус да развие дефект на невралната туба. Позитивниот ефект е забележлив со дополнително дневно внесување од 500 µg фолна киселина во период од најмалку еден месец пред зачнувањето и до три месеци потоа (целна група: жени во репродуктивна возраст).

  • Железото придонесува за нормално формирање
    на црвените крвни зрнца и хемоглобинот.
Orthomol Natal
Orthomol Natal
  • Внесувањето на докосахексаеноична киселина (ДХА) придонесува за нормален развој на мозокот и очите на фетусот и доенчето. Позитивниот ефект е забележлив со дневно внесување од 300 mg ДХА, покрај препорачаната дневна доза на омега-3 масни киселини во износ од 360 mg ДХА и ЕПА.

  • Холинот придонесува за нормален метаболизам
    на хомоцистеин.

  • Калциумот, магнезиумот, цинкот, железото,
    витаминот D, витаминот B12 и фолната киселина
    имаат улога во процесот на клеточната делба.

  • Витаминот C, витаминот B6, витаминот B12,
    витаминот D, фолната киселина, железото, цинкот,
    селенот и бакарот придонесуваат за нормална
    функција на имунолошкиот систем.
  • Калциумот е потребен за одржување на
    нормалните коски.

  • Витаминот C, витаминот К, витаминот D,
    како и цинкот и магнезиумот придонесуваат
    за одржување на нормалните коски.

  • Витаминот D придонесува за нормална
    апсорпција/искористување на калциумот.

  • Јодот и селенот придонесуваат за нормална
    функција на тироидната жлезда.

  • Калциумот и магнезиумот придонесуваат
    за нормална мускулна функција.

  • Витаминот C, витаминот B2, витаминот B6,
    витаминот B12, фолната киселина, ниацинот,
    пантотенската киселина и магнезиумот
    придонесуваат за намалување на заморот
    и исцрпеноста.

  • Производот содржи и култури на бактерии
    од млечна киселина, лутеин и зеаксантин.
Orthomol Natal

Orthomol Natal
Форми на администрација

Прашок
+ капсули

30 дози

 

 

Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулите, со или по оброк, еднаш дневно.

 

Прашок

Прашок

Orthomol Tendo

Омега-3 масни киселини, витамин E,
калциум, елементи во трагови

orthomol-natal

Култури на бактерии
од млечна киселина

За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk

За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk

Имате други прашања?

За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на:

orthomol@filafarm.com.mk

Contact