Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини, првиот декемвриски ветар задолжително носи едно мало „апчиха“. Без разлика дали е од студеното време, од браќата и сестрите или од училиште, микробите се присутни насекаде.
 
Едно е сигурно, малото „апчиха“, набрзо прераснува во кашлање. И тука веќе се прашувате: дали можеби ова е првиот знак за недостаток на одредени витамини? Можеби витамин C?
 
Витаминот C е моќен антиоксиданс кој помага во заштита на клетките од оштетување, ги поддржува природните одбранбени механизми на телото и помага во апсорпција на железото од храната. За децата, овие процеси се од суштинско значење. Но, како да бидете сигурни дали вашето дете навистина ги исполнува дневните потреби за витамин C?
 
За многу од нас, настинките се првата асоцијација за потенцијален недостаток на витамин C кај децата. Тој е добро познат по неговата способност да го поддржува имунолошкиот систем, директно влијаејќи на целокупната одбранбена моќ на телото. Недостатокот на оваа суштинска хранлива материја може да го намали имунолошкиот одговор кај децата, што ја отежнува способноста на телото да се бори со инфекциите и вирусите. Но, внимавајте, многу родители, симптомите поврзани со недостатокот на витамин C можат да ги измешаат со настинка, занемарувајќи ја клучната улога на оваа хранлива состојка. Затоа е многу важно да ги препознаеме и останатите потенцијални симптоми кои можат да укажат дали станува збор за недостаток од овој витамин. На пример, здравјето на кожата.
 
Здравата кожа зависи од производството на колаген, а замислете витаминот C има клучна улога во неговото производство. Ако кожата на вашето дете изгледа сува, груба или иритирана, тоа може да биде важен показател. Во многу случаи недостатокот на витамин C, може да доведе и до побавно заздравување на исечениците и модринките, кои може лесно да ги забележите со оглед на тоа што се составен дел од палавото детство на нашите мали супер херои. Посветете внимание на истите, бидејќи брзото добивање на модринки од помали повреди кои и не би требало да резултираат во модринка можат да биде клучен сигнал.
 
Но, недостатокот на витамин C може да се забележи и преку оралното здравје. Здравите непца се од витално значење, а недостатокот на витамин C често може да резултира во отечени и крвави непца. Па затоа, не ја занемарувајте промената на непцата додека вашето дете ги мие запчињата.
 
Тука се и заморот и исцрпеноста или, како што секој родител би кажал, онаа ненадејна „раздразливост“ кај децата. Веројатно нема термин кој би ја опишал оваа појава, но со ова однесување се соочил секој родител, а одговорност може со сигурност да најдеме и во недостатокот на витамин C. Тој e вклучен во производството на невротрансмитери кои го регулираат расположението и енергијата кај децата, а недостаток на овој клучен витамин може да предизвика вашето дете да се чувствува невообичаено уморно и нерасположено.
 
Но, повторно, останува прашањето како да бидете целосно сигурни дали вашето дете навистина ги исполнува дневните потреби за витамин C? Подготвени за деновите кога имунолошкaта одбрана ќе потфрли, го создадовме нашиот Orthomol Junior c plus. Микронутритивен додаток во исхраната, богат со 25 микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови, во форма на таблети за џвакање со вкус на диви бобинки и мандарина.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

ORM-WebHero-090202

Здрава исхрана? Се разбира дека да!

Како да го промениме мислењето за здравата исхрана кај децата? Драги родители, ќе се согласите дека честопати подготовката на хранлив и избалансиран оброк за нашите мали супер херои е тешка битка. Мамо, не јадам брокула! Не сакам ни морков! Во едно сме согласни, нашите деца велат дека обожуваат вкусна храна,

Orthomol
ORM-WebHero-090102

Подготвени за училиште?

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили.  Со едно ќе се согласите: силниот имунитет

Orthomol
ORM-WebHero-080102

Микронутриенти: микротитани за оптимално здравје

Доколку мислевте дека витамините и минералите се оние мали ситници за кои честопати нашите мајки знаеја да бидат здодевни, размислете повторно. Микронутриентите се од суштинско значење за нашето здравје и навистина прават значајна разликата помеѓу тоа дали се чувствуваме одлично или како повеќето денес би рекле „онака“.  Прашањето е, што

Orthomol
ORM-WebHero-070304

Ортомолекуларна медицина: поедноставно е од што звучи

Ќе се согласите дека модерната потрага по здравје и виталност знае да биде исцрпувачки процес. Процес со неограничен избор на опции и прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба. И навистина, зар не чувствувате дека потрагата станува секојдневен предизвик, кој честопати прави да се чувствувате како да сте на самиот

Orthomol

Зошто во подоцнежните години, мажите се посреќни од жените ?

Како што старееме, нашите приоритети се менуваат.Размислуваме повеќе за нашето здравје, за семејство, па и за задоволството од животот. Но, она што е интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека мажите со стареењето имаат тенденција да бидат посреќни? Фасцинантен факт, нели? Затоа, во месецот посветен на машкото здравје и благосостојба, сакавме

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.