Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона која носи многу радост, но и многу предизвици. Еден од нив е токму нашиот имунитет, или како што ние честопати сакаме да го наречеме нашата природна, севкупна имунолошка одбрана.
 
За време на зимскиот период, нашиот имунолошки систем се соочува со потежок предизвик од вообичаеното. Студеното време, пократките дневни часови и помалата влажност, создаваат совршени услови за развој на вируси, како грипот и настинките.

Дополнително, многумина имаат тенденција да поминуваат поголем дел од времето во затворени простории, зголемувајќи ја изложеноста и ширењето на бактериите. И покрај ова, пократките денови носат и други предизвици. Па така, недостатокот на сончева светлина во текот на зимските месеци може да доведе до дефицит на витамин D, витална хранлива материја која игра клучна улога во функцијата на нашиот имунолошкиот систем. Како друг главен фактор е и неурамнотежената исхрана. За време на зимските денови, исполнети со многу празнични моменти, стануваме помалку внимателни за типот и количината на храна која ја консумираме, особено онаа која е богата со микронутриенти, клучни за имунолошката компетентност на нашиот организам.
 
Но, кои се тие микронутриенти и зошто се толку значајни за нашиот имунолошки систем во зима? Дел од микронутриентите вклучени во процесите за создавање на природна имунолошка одбрана ги вклучуваат: витамините А, C, D и E и елементите во трагови, како селенот и цинкот. Овие компоненти имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и активирање на одбраната од микробите, како што се бактериите и вирусите.
 
Витаминот C на пример, е познат по своите антиоксидантни својства и неговата способност да го стимулира производството на бели крвни зрнца, кои помагаат во борбата против инфекциите.
 
Витаминот D пак, познат како „витамин на сонцето“, има суштинско значење во процесот на активирање на имунолошките одговори на нашиот организам и во намалување на воспалението.
 
Од друга страна пак, цинкот го поддржува развојот и функцијата на имуните клетки и му помага на телото да се бори против инфекциите. Селенот има антиоксидантни својства кои ги штитат клетките од оштетување, а исто така игра клучна улога и во одбранбените механизми на телото.
 
Кога станува збор за железото, тоа е од суштинско значење за транспортот на кислород во крвта и поддршка на производството на имуните клетки.
Недостатокот на било кој од овие микронутриенти може да го ослаби имунолошкиот систем, а со тоа и неговата способност за одбрана.
 
Нашата задача во Orthomol е да се осигуриме дека вие, вашето семејство и вашите најблиски можете целосно да се препуштите на убавините на снежната сезона. На планинските прошетки, на спортските авантури и на сѐ она кое ве прави среќни. Без настинки, здодевни вируси и денови поминати дома.
 
Како комбинација од 25 микронутриенти меѓу кои, витамини, фитонутриенти и елементи во трагови, нашиот Orthomol Immun ја зајакнува имунолошката одбрана одвнатре и му овозможува на вашето тело урамнотежена секојдневна поддршка. Ние го нарекуваме чувар на вашето здравје.
 
Затоа, оваа зима, не го оставајте вашиот имунитет на случајност. Одвојте миг да го подготвите за она што ви претстои, преку соодветна нутритивна поддршка.
 
Останете силни. Останете здрави.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.