många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Исхрана во бременоста: кои нутриенти се особено важни?

Бременоста е период на големи промени во организмот, кога потребите од одредени витамини, минерали и други нутриенти се зголемуваат. Исхраната има важна улога во обезбедувањето на хранливите материи потребни за здравјето и благосостојбата на мајката, како и за нормалниот раст и развој на бебето.

Иако разновидната и балансирана исхрана треба да биде основата, во периодот на планирање на бременоста, бременоста и доењето посебно внимание се посветува на одредени микронутриенти.

Фолна киселина

Фолната киселина е еден од нутриентите на кои се посветува особено внимание уште во периодот пред зачнувањето. Таа придонесува за нормален раст на мајчините ткива во текот на бременоста и има улога во процесот на клеточна делба.

Затоа, внесот на фолна киселина е важен уште при планирање на бременоста, во согласност со препораките на лекар.

Железо

Потребите од железо се зголемуваат во текот на бременоста. Железото придонесува за нормалното создавање на црвените крвни клетки и хемоглобинот, а исто така придонесува за нормален транспорт на кислородот во организмот.

Добри извори на железо се месо, риба, јајца, мешунки и одредени зеленчуци. Во зависност од индивидуалните потреби и лабораториските резултати, лекарот може да препорача дополнителен внес.

Јод

Јодот придонесува за нормалната функција на тироидната жлезда и нормалното создавање на тироидните хормони. Тироидните хормони имаат важна улога во нормалниот развој на нервниот систем на фетусот.

Потребите од јод во бременоста се зголемуваат, па неговиот внес треба да се разгледува како дел од целокупната нутритивна грижа во овој период.

Витамин D

Витаминот D помага за нормална функција на имунолошкиот систем и за одржување на здравјето коските и забите. Во текот на бременоста, соодветниот нутритивен статус на витамин D е дел од целокупната грижа за здравјето на мајката.

Нивото на витамин D може да варира, и поради тоа потребата од дополнителен внес треба да се процени индивидуално.

Калциум и магнезиум

Калциумот е важен за одржување на здравјето на коските и забите, а магнезиумот помага за нормалната функција на мускулите и нервниот систем.

Млечните производи, зеленолисниот зеленчук, јаткастите плодови, семките и мешунките можат да бидат дел од разновидната исхрана и извори на овие минерали.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини, особено DHA, се нутриенти на кои се посветува внимание во бременоста. DHA помага за одржување на нормалната функција на мозокот и нормалниот вид. Кај бремените жени, внесот на DHA помага за нормален развој на мозокот и очите на фетусот.

Рибата и морските плодови се природни извори на омега-3 масни киселини, но при изборот на риба во бременоста треба да се земат предвид препораките за безбедна консумација.

Холин и витамините од Б-групата

Холинот е нутриент кој учествува во повеќе важни процеси во организмот, додека витамините од Б-групата имаат различни улоги во енергетскиот метаболизам, функционирањето на нервниот систем и други физиолошки процеси.

Внесот на овие нутриенти е дел од разновидната исхрана, а нивните потреби можат да бидат земени предвид при креирање на индивидуален нутритивен план.

Витамините C и K, цинк и други микронутриенти

Покрај наведените нутриенти, организмот во бременоста има потреба и од низа други витамини и минерали. Витаминот C придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и ја зголемува апсорпцијата на железо, додека цинкот придонесува за нормалниот метаболизам на јаглехидратите, мастите и макронутриентите.

Витаминот K има улога во нормалното згрутчување на крвта и одржувањето на нормалните коски.

Токму затоа, наместо фокусирање само на еден нутриент, важно е да се гледа целокупниот нутритивен статус.

Orthomol Natal како комплексна нутритивна поддршка

Потребите на женскиот организам не се исти во периодот на планирање на бременоста, за време на бременоста и во периодот на доење. Затоа, нутритивната поддршка треба да биде прилагодена на специфичниот период и индивидуалните потреби.

Orthomol Natal е премиум ортомолекуларна формула создадена за жени кои планираат бременост, бремени жени и мајки кои дојат. Формулата комбинира внимателно избрани витамини, минерали, масни киселини и други нутритивни компоненти.

Во составот на Orthomol Natal се наоѓаат:

✅ Quatrefolic® како активна форма на фолна киселина
✅ Омега-3 масни киселини со DHA
✅ Витамин D3
✅ Калциум, магнезиум, цинк и железо
✅ Холин
✅ Витамини B1, B2, B6, B12, C и K
✅ Лутеин и зеаксантин
✅ Култури на бактерии од млечна киселина

Посебна карактеристика на формулата се внимателно избраните пробиотски култури Lactococcus lactis, Lactobacillus casei, Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium bifidum. Тие се вклучени како дел од формулата за нутритивна поддршка на дигестивното здравје, нормалната функција на имунолошкиот систем и искористувањето на микронутриентите.

Ниту една нутритивна формула не треба да ја замени разновидната и балансирана исхрана. Во периодот на планирање на бременоста, бременоста и доењето, потребите може да се разликуваат од жена до жена, па изборот и дозирањето на суплементите треба да се усогласат со совет од лекар.

Правилната исхрана, соодветниот внес на течности, редовните лекарски контроли и индивидуално проценетата нутритивна поддршка заедно создаваат основа за соодветна грижа за мајката и бебето во овој важен период.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Стрес: што значи и што го предизвикува?

Што точно претставува стресот и како нашето тело реагира на истиот? Кои се причините и предизвикувачите и кои се здравствените последици кои мора да ги препознаеме. Денес зборуваме токму на оваа тема. Стресот  претставува психосоцијален товар кој предизвикува вознемиреност и може да ја наруши менталната и физичката благосостојба. Во литературата честопати

Orthomol

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец август

Со Orthomol Vital.Подготвени. За живот. Нашите заложби за поголема виталност и енергија продолжуваат и овој месец. Искористете го промотивниот попуст на ортомолекуларната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital f кои ги содржат најважните микронутриенти за мажи и жени. Без лактоза и глутен, специфичната комбинација на микронутриенти го поддржува нормалниот енергетски метаболизам,

Orthomol

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

По повод Светскиот ден на срцето: 7 секојдневни навики што можат да влијаат на здравјето на срцето

Срцето работи непрекинато, секој ден, без пауза. Иако често не размислуваме за неговата работа додека се чувствуваме добро, здравјето на кардиоваскуларниот систем е поврзано со начинот на кој живееме, се храниме, одмораме и се грижиме за себе. Во пресрет на Светскиот ден на срцето, да се потсетиме дека малите, секојдневни

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.

 
[newsletter]