Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја посебна возбуда? Многумина велат, храната е форма на љубов, па и ние би се согласиле со тоа, храната е живот, среќа и задоволство, но и важен дел од нашата радост и традиција.
Во Orthomol веруваме дека одржувањето на здравиот начин на живот не значи пропуштање на животните задоволства, особено кога станува збор за храната и желбата да уживаме во празничните вкусови, карактеристични за овој период од годината. Сигурно би се запрашале, како да уживате во секој залак од празничната трпеза, а да не чувствувате вина?
Прво, не се чувствувајте виновни поради удобноста на празничниот комфор, но внимателно следете ги знаците на вашето тело. Уживајте во секој залак, но практикувајте свесно јадење. Дополнителните порции на месо, заменети ги со голема порција свежа салата, растителни протеини или храна со висока содржина на растителни влакна. Ваквата храна, ги намалува нивоата на грелин, познат како „хормон на гладот“, кој го стимулира истиот во организмот и го промовира чувство на ситост и полн стомак.
Од друга страна пак, салатите се богати со фитостероли, витамини и минерали, кои помагаат во намалувањето на холестеролот. На пример, темнозелениот листест зеленчук, слаткиот компир и тиквите, но и зелката, брокулата и карфиолот се богати со витамини и минерали, содржат помалку калории, а можат да бидат и одлична основа за секој празничен специјалитет.
Но, што се случува кога станува збор за слатките? Колку и да се трудиме да се придржуваме до урамнотежената исхрана, секогаш има некое слатко задоволство на кое не можеме да му одолееме. Многумина со нетрпение ги очекуваат чоколадните шишарки, божиќниот куглоф, домашната алва, баклавата и сите оние рецепти со децениска традиција. Би ве советувале да уживате во вкусовите, но внимавајте на рамнотежата во внесот.
Внимателно балансирајте ги шеќерите и прекумерната консумација на слатки, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што доведува до енергетски падови, промена во расположението, но и негативно влијаат на имунолошкиот систем.
Не заборавајте, храната треба да биде и дел од искуството. Уживајте во секој залак, но трудете се да одвојте време за побавно јадење. Истражувањата покажуваат дека потребни се од 20 до 30 минути по консумирањето на храната, мозокот да ја препознае информацијата за ситост. Затоа, не дозволувајте брзото јадење да води кон прејадување, што на долг рок би можело да резултира и во покачена телесна тежина.
На крај, не заборавајте на хидратацијата. Пиењето вода во текот на денот помага во непречено одржување на метаболизмот, го поддржува варењето и го зголемува нивото на енергија, помагајќи ви да се чувствувате добро, дури и после второто парче торта. Посегнувајте по вода, наместо засладени пијалаци и алкохол. Познато е дека за време на празниците, многумина уживаат во вкусот на вареното вино со цимет и портокал, но едноставен трик е да пиете чаша вода пред секој оброк или кога посегнувате по некое вакво „уживање“. Не само што ќе ви помогне да останете хидрирани, туку ќе ви помогне и да се чувствувате сити и задоволни.
Здравото празнично искуство не е ограничување, туку правење правилен избор за вас, вашето здравје и тело.
Останете насмеани, споделувајте радост и уживајте во празничната магија.
До следната година.
Вашиот Orthomol.
20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus
Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари