Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме.

Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината.

Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често се крие замор кој не може да го совладаме само со една освежителна лимонада или кратка дремка.

Утрата започнуваат тешко, а во претпладневните часови веќе се прашувате: зошто се чувствувам толку заморно, кога денес речиси и не направив ништо? Многу луѓе го чувствуваат летниот пад на енергијата и често мислат дека тоа е нормално. „Жешко е, па затоа сме исцрпени.“, би рекле многумина. Но што доколку заморот не е резултат на топлото време? Што доколку телото ви сигнализира нешто што не го гледате, а само го чувствувате?

Во текот на летните месеци, телото интензивно се лади преку процесот на потење, кој покрај водата, предизвикува значително губење и на есенцијалните микронутриенти од нашиот организам.

Така, магнезиумот се троши побрзо во услови на топлина и стрес, а неговиот недостаток може да доведе до појава на чести грчеви во мускулите, раздразливост или хроничен замор. 

Топлите денови го забрзуваат природниот процес на потење и влијаат кон побрзо губење на цинкот, кој иако често занемарен има клучна улога во имуниот систем, здравјето на кожата и заштитата на клетките од оксидативниот стрес.

Од друга страна пак, калиумот и натриумот се клучни за правилна функција на срцето и мускулната активност, а нивната нерамнотежа во текот на летните месеци може да се почувствува во форма на вртоглавица, слабост и низок притисок.

Но и витамините спаѓаат во категоријата на овие микронутриенти.

Витаминот C, кој е растворлив во вода, често се троши побрзо поради зголемениот телесен напор, а неговиот недостаток е клучен причинител за хроничната исцрпеност. Покрај него, во текот на летото често доаѓа и до намалена апсорпција или внес на витамини од групата B, кои се неопходни за енергетскиот метаболизмот и продукцијата на енергија.

На крај, да не заборавиме и на антиоксидансите. За време на летото, поради зголеменото изложување на сонце, кожата троши повеќе антиоксиданси како селен и витамин E, кои помагаат во неутрализирање на оштетувањата од ултравиолетовото зрачење.

Иако телото нема „аларм“ што веднаш ќе нѐ извести за овие загуби, симптомите се тука, скриени зад летната летаргија, менталниот замор и чувството на „исцрпеност“, без јасна причина. Честа појава за многумина во лето е да се чувствуваат „исклучени“, иако телото им е будно.

Може да заклучиме дека летото може да биде најживата сезона, но само ако му овозможиме на телото сè што му е потребно за да ја издржи топлината одвнатре. Правилната нутритивна поддршка е есенцијална и е предуслов за енергија, баланс и добро расположение.

Со Orthomol може да ја надополните секојдневната исхрана и тоа токму таму, каде летото знае најмногу да „одземе“. Затоа силната и значајна поддршка со микронутриенти е клучна за лето исполнето со многу забава, виталност и се разбира неограничен извор на енергија.

До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали твоето тело го следи твоето темпо?

Зошто Orthomol Vital F и Natal се повеќе од обични витамини за жената. Во динамиката на секојдневието, жената често е столбот на сè – грижа за семејството, кариерата, домот и сопствените соништа. Но додека се грижиме за сите околу нас, многу често забораваме на една важна работа: грижата за себе.

Orthomol

Болка и крутост во зглобовите и ограничено движење: Сигнали кои не треба да ги игноририрате

Секое движење на нашето тело е резултат на совршена соработка помеѓу мускулите, коските и зглобовите. Но, честопати ја земаме оваа мобилност здраво за готово сè додека не се појават првите знаци на непријатност. Болката во колената при качување по скали, крутоста во рацете наутро или ограниченото движење при секојдневните активности

Orthomol

Ментален vs. физички замор: Како да препознаете кој навистина ве исцрпува?

Во современото секојдневие, зборот „замор“ стана толку вообичаен што честопати го занемаруваме неговото вистинско значење и потекло. Се будиме со чувство на тежина, го поминуваме денот во брзање и легнуваме со надеж дека сонот ќе реши сè. Сепак, многу често се случува и по долг викенд поминат во одмор, да

Orthomol

Ортомолекуларна медицина vs. Обични витамини: Што му треба на вашиот организам за нов почеток

Јануари е месец на нови почетоци, нови ветувања и свежа енергија. Но, честопати, наместо да се чувствуваме препородено, по празниците се соочуваме со пад на енергијата, исцрпеност и „зимски блуз“. Додека правиме планови за подобра верзија од себе, вистинското прашање е: Дали му ги даваме на телото вистинските алатки за

Orthomol

Болка и крутост во зглобовите и ограничено движење: Сигнали кои не треба да ги игноририрате

Секое движење на нашето тело е резултат на совршена соработка помеѓу мускулите, коските и зглобовите. Но, честопати ја земаме оваа мобилност здраво за готово сè додека не се појават првите знаци на непријатност. Болката во колената при качување по скали, крутоста во рацете наутро или ограниченото движење при секојдневните активности

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.