Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор?
 
Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на тоа дека снабдувањето со крв на тетивите е релативно слабо, тие бавно заздравуваат. Па оттука е и онаа постојана болка.
 
Замислете ја тетивата како јаже составено од поединечни колагенски влакна. Меѓусебно поврзаните влакна имаат посебна цврстина, но при преголемо напрегнување или постојано триење, делови од тие влакна се кинат. Со цел да се обноват, клетките на тетивата мора да произведат нови колагенски влакна. За да се постигне овој структурен процес, на тетивата ѝ е потребно време, но и доволно ензими и микронутриенти, како што се витамините, елементите во трагови и есенцијалните масни киселини.
 
Па сигурно ќе се запрашате, кои се тие микронутриенти и како истите можат да дадат поддршка во процесот на регенерација?
 
Во фазата на обнова на тетивите, поточно на клетките на тетивата, потребни им се протеински компоненти со цел производство на нов, механички отпорен колаген. Ова вклучува аминокиселини како: глицин, пролин и лизин.
Колаген хидролизатот, содржи големи количини од овие аминокиселини, што ги прави достапни при синтезата на колагенот.
 
Хијалуронската киселина е исто така важна компонента на структурата на тетивата и главна компонента на синовијалната течност, односно течноста за подмачкување во тетивните обвивки. Нејзините антиинфламаторни својства помагаат во ублажување на болката и отокот поврзани со повредите на тетивите, забрзувајќи го закрепнувањето и регенерацијата.
 
Но, тука се и ензимите. Па така, бромелаинот и папаинот, помагаат да се разложат поголемите колагенски фрагменти кои произлегуваат од уништувањето на колагенските влакна. Разградувајќи го оштетениот или вишокот колаген и другите протеини во ткивото на тетивата, ензимите помагаат да се исчистат клеточните остатоци и да се промовира фазата на регенерацијата.
 
Но, сигурно ќе прашате: што со антиоксидансите? Тоа е одлично прашање.
При преоптоварување, во тетивите може да се развијат зголемени количини на т.н. слободни радикали, кои го нарушуваат метаболизмот на тетивите и нивната регенерација. Оттука, потребен е поголем број на хранливи материи кои делуваат како антиоксиданти кои ќе можат да ги неутрализираат овие слободните радикали, промовирајќи поголема синтеза на колаген. Особено ефикасни се витамините C и E, како и секундарните растителни материи.
 
Но, да не заборавиме и на есенцијалните масни киселини, минералите и елементите во трагови. Во различни фази на заздравување на тетивите, особено во фазата на воспаление, потребни се материи како што се омега-3 масните киселини, кои го поттикнуваат развојот на антиинфламаторни супстанции во телото.
Од друга страна пак, минералите и елементите во трагови, како магнезиумот, цинкот, бакарот и селенот имаат силна улога во процесот на синтеза на колагенот, заштита од слободните радикали и формирање на структурата на тетивата.
 
Запомнете, тетивите се обновливи, но ние во најголем број од ситуациите не им го овозможуваме потребното време и соодветните мерки за поддршка.
Затоа, го создадовме Orthomol Tendo. Плод на науката, кој има за цел да обезбеди моќна комбинација на витамини, минерали и други клучни хранливи материи специјално формулирани за поддршка на здравјето на тетивите, намалување на воспалението и промовирање на долготрајна сила и флексибилност.

Зарем не е време вашите тетиви да ја добијат потребната поддршка за да го поддржат секој ваш потег?
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските. За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.