Како што минува времето, кожата ја губи својата еластичност, затегнатост и влажност. Производството на колаген и количината на хијалуронска киселина во кожата и сврзното ткиво се намалува, што доведува до видливи промени. Благодарение на одбраните состојки, Orthomol Beauty ѝ дава поддршка на кожата одвнатре и дозволува нејзината убавина да зрачи.
Длабока убавина. Блескав изглед.
Како уникатен производ, Orthomol Beauty ги комбинира колагенот и хијалуронската киселина со иновативниот комплекс фитамин-Q10, кој се состои од фитоекстракт од маслинка, кој во себе содржи коензим Q10 и значајни витамини. Производот содржи и биотин, цинк и селен за одржување на убавината на кожата, косата и ноктите.
За добра нега – со колаген и хијалуронска киселина
Младата и здрава кожа првенствено се состои од колаген, протеин кој и дава структура и јачина на кожата. Хијалуронската киселина пак, ја регулира нејзината влажност и претставува нејзин главен резервоар за хидратација. Човековиот метаболизам кој природно успорува од 25-тата година, предизвикува значително намалување на снабдувањето со хранливи материи во кожата. Колагенот и хијалуронската киселина природно произведени од телото во кожата и сврзното ткиво, исто така се намалуваат.
Уникатна формула за убавина со комплекс фитамин-Q10.
Овој комплекс е богат со хидрокситирозол, полифенол. Полифенолите пак, се вредни фитонутриенти кои маслиновото дрво ги користи за да се заштити од надворешните фактори, како животната средина. Затоа, неговиот фитоекстракт станува важен елемент и во нашата формула за убавина.