Болката и вкочанетоста во зглобовите често се поврзуваат со повозрасната возраст. Сепак, остеоартритисот не е состојба која се појавува исклучиво во подоцнежните години од животот. Сè поголем број млади лица се соочуваат со промени во зглобовите, особено во колената, а причините може да бидат поврзани со начинот на живот, физичкото оптоварување, претходните повреди и други здравствени фактори.
Затоа, грижата за зглобовите не треба да започне дури кога ќе се појават првите тегоби. Разбирањето на факторите на ризик е важен чекор кон подобро зачувување на нивната функција и подвижност.
Што се случува со зглобовите при остеоартритис?
Зглобовите овозможуваат движење и поврзување на коските. Нивните зглобни површини се покриени со ‘рскавица – мазно и еластично ткиво што го намалува триењето и го распределува притисокот при движење.
Кога рамнотежата помеѓу оптоварувањето на зглобот и неговата способност да го амортизира притисокот ќе се наруши, може да дојде до постепено влошување на структурата на ‘рскавицата. Со напредувањето на промените, зглобниот простор може да се стесни, да се појават промени на коскеното ткиво и воспаление на синовијалната мембрана.
Еден од раните знаци може да биде болка при започнување со движење по подолг период на одмор. Со текот на времето, тегобите можат да станат почести и да влијаат на секојдневните активности.
Фактори што го зголемуваат ризикот од остеоартритис
1. Прекумерна телесна тежина
Вишокот килограми создава дополнително механичко оптоварување на зглобовите, особено на колената и колковите. Намалувањето на телесната тежина може да придонесе за намалување на притисокот врз нив и полесно извршување на секојдневните активности.
2. Недоволна физичка активност
Движењето е важно за правилното функционирање на зглобовите. ‘Рскавицата ги добива хранливите материи преку синовијалната течност, а наизменичното оптоварување и растоварување при движење помага во нејзиното снабдување. Долготрајната неактивност може негативно да влијае на мускулите и подвижноста на зглобовите.
3. Претходни повреди и неправилна поставеност на зглобовите
Повредите на зглобовите, како и состојбите што предизвикуваат неправилна распределба на оптоварувањето, можат да придонесат за предвремени промени. Тука спаѓаат деформитети на стапалата, вродена дисплазија на колкот, искривување на нозете или разлика во нивната должина.
4. Професионални и спортски оптоварувања
Работните активности кои вклучуваат повторливи движења, долго стоење или еднострано оптоварување на одреден зглоб можат да го зголемат ризикот од негово преоптоварување. Исто така интензивните спортски активности, особено кога се проследени со повреди можат да влијаат на функционалноста на зглобовите, предизвикувајќи болка, вкочанетост и ограничена подвижност.
5. Метаболички нарушувања
Одредени метаболички состојби, како гихт, исто така можат да придонесат за појава на промени во зглобовите. Затоа, нивното навремено препознавање и соодветното медицинско следење се важни.
Како секојдневните навики влијаат на здравјето на зглобовите?
Редовната физичка активност, балансираната исхрана и одржувањето здрава телесна тежина се важни делови од грижата за зглобовите.
Активности како пешачење, возење велосипед и пливање овозможуваат движење со помало оптоварување на зглобовите. Дополнително, вежбите за зајакнување на мускулите и тетивите придонесуваат за подобра стабилност и поддршка на зглобовите.
Исхраната, исто така, има важна улога. На организмот му се потребни различни витамини, минерали, есенцијални масни киселини и други хранливи материи за одржување на нормалните функции на коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво.
Нутритивна поддршка за зглобовите со Orthomol arthroplus
Кај лицата со промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис, соодветната нутритивна поддршка може да биде дел од целокупниот пристап кон управување со состојбата.
Orthomol arthroplus е додаток на исхраната за специјални медицински цели, наменета за диететско управување со исхраната при промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис. Содржи комбинација од глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, хијалуронска киселина и колаген хидролизат, како и N-ацетилцистеин, калциум, магнезиум, витамини D3, K1, B6 и C, омега-3 масни киселини и други важни микронутриенти.
Достапен е во практични дневни дози во кесички, со комбинација од прашок и капсула и вкус на свеж грејпфрут. Пакувањето е наменето за едномесечна употреба.
Здравјето на зглобовите бара континуирана грижа. Редовното движење, балансираната исхрана, контролата на телесната тежина и навремената консултација со лекар се важни чекори во зачувувањето на нивната функција и подвижност.




