många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Остеоартритисот не е само болест на повозрасните: кои се факторите на ризик?

Болката и вкочанетоста во зглобовите често се поврзуваат со повозрасната возраст. Сепак, остеоартритисот не е состојба која се појавува исклучиво во подоцнежните години од животот. Сè поголем број млади лица се соочуваат со промени во зглобовите, особено во колената, а причините може да бидат поврзани со начинот на живот, физичкото оптоварување, претходните повреди и други здравствени фактори.

Затоа, грижата за зглобовите не треба да започне дури кога ќе се појават првите тегоби. Разбирањето на факторите на ризик е важен чекор кон подобро зачувување на нивната функција и подвижност.

Што се случува со зглобовите при остеоартритис?

Зглобовите овозможуваат движење и поврзување на коските. Нивните зглобни површини се покриени со ‘рскавица – мазно и еластично ткиво што го намалува триењето и го распределува притисокот при движење.

Кога рамнотежата помеѓу оптоварувањето на зглобот и неговата способност да го амортизира притисокот ќе се наруши, може да дојде до постепено влошување на структурата на ‘рскавицата. Со напредувањето на промените, зглобниот простор може да се стесни, да се појават промени на коскеното ткиво и воспаление на синовијалната мембрана.

Еден од раните знаци може да биде болка при започнување со движење по подолг период на одмор. Со текот на времето, тегобите можат да станат почести и да влијаат на секојдневните активности.

Фактори што го зголемуваат ризикот од остеоартритис

1. Прекумерна телесна тежина

Вишокот килограми создава дополнително механичко оптоварување на зглобовите, особено на колената и колковите. Намалувањето на телесната тежина може да придонесе за намалување на притисокот врз нив и полесно извршување на секојдневните активности.

2. Недоволна физичка активност

Движењето е важно за правилното функционирање на зглобовите. ‘Рскавицата ги добива хранливите материи преку синовијалната течност, а наизменичното оптоварување и растоварување при движење помага во нејзиното снабдување. Долготрајната неактивност може негативно да влијае на мускулите и подвижноста на зглобовите.

3. Претходни повреди и неправилна поставеност на зглобовите

Повредите на зглобовите, како и состојбите што предизвикуваат неправилна распределба на оптоварувањето, можат да придонесат за предвремени промени. Тука спаѓаат деформитети на стапалата, вродена дисплазија на колкот, искривување на нозете или разлика во нивната должина.

4. Професионални и спортски оптоварувања

Работните активности кои вклучуваат повторливи движења, долго стоење или еднострано оптоварување на одреден зглоб можат да го зголемат ризикот од негово преоптоварување. Исто така интензивните спортски активности, особено кога се проследени со повреди можат да влијаат на функционалноста на зглобовите, предизвикувајќи болка, вкочанетост и ограничена подвижност.

5. Метаболички нарушувања

Одредени метаболички состојби, како гихт, исто така можат да придонесат за појава на промени во зглобовите. Затоа, нивното навремено препознавање и соодветното медицинско следење се важни.

Како секојдневните навики влијаат на здравјето на зглобовите?

Редовната физичка активност, балансираната исхрана и одржувањето здрава телесна тежина се важни делови од грижата за зглобовите.

Активности како пешачење, возење велосипед и пливање овозможуваат движење со помало оптоварување на зглобовите. Дополнително, вежбите за зајакнување на мускулите и тетивите придонесуваат за подобра стабилност и поддршка на зглобовите.

Исхраната, исто така, има важна улога. На организмот му се потребни различни витамини, минерали, есенцијални масни киселини и други хранливи материи за одржување на нормалните функции на коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво.

Нутритивна поддршка за зглобовите со Orthomol arthroplus

Кај лицата со промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис, соодветната нутритивна поддршка може да биде дел од целокупниот пристап кон управување со состојбата.

Orthomol arthroplus е додаток на исхраната за специјални медицински цели, наменета за диететско управување со исхраната при промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис. Содржи комбинација од глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, хијалуронска киселина и колаген хидролизат, како и N-ацетилцистеин, калциум, магнезиум, витамини D3, K1, B6 и C, омега-3 масни киселини и други важни микронутриенти.

Достапен е во практични дневни дози во кесички, со комбинација од прашок и капсула и вкус на свеж грејпфрут. Пакувањето е наменето за едномесечна употреба.

Здравјето на зглобовите бара континуирана грижа. Редовното движење, балансираната исхрана, контролата на телесната тежина и навремената консултација со лекар се важни чекори во зачувувањето на нивната функција и подвижност.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Ортомолекуларна медицина vs. Обични витамини: Што му треба на вашиот организам за нов почеток

Јануари е месец на нови почетоци, нови ветувања и свежа енергија. Но, честопати, наместо да се чувствуваме препородено, по празниците се соочуваме со пад на енергијата, исцрпеност и „зимски блуз“. Додека правиме планови за подобра верзија од себе, вистинското прашање е: Дали му ги даваме на телото вистинските алатки за

Orthomol

Како да го прекинете кругот на зимски настинки кај децата, со Orthomol Junior C Plus?

Зимата носи магија на снегот, но за родителите, таа често носи и еден добро познат, исцрпувачки циклус: течење на носот, кашлица, покачена температура и денови поминати во изолација дома. Штом детето ќе се врати во градинка или училиште по една настинка, се чини дека веднаш го „закачува“ следниот вирус. Oва

Orthomol

Здрава исхрана и суплементи: клуч за силен имунитет во зима

Зимските месеци се време кога организмот е изложен на поголем ризик од настинки и инфекции. Ладното време, кратките денови и намалената изложеност на сонце ја намалуваат природната одбранбена способност на телото. Затоа, правилната исхрана и внесот на витални нутриенти стануваат клучни за одржување на здравјето и енергијата. Имунитетот е природниот

Orthomol

Важноста од суплементација за младeшки изглед на кожата. Orthomol Beauty – убавината доаѓа одвнатре

Современата естетска медицина сè повеќе ја нагласува потребата за холистички пристап кон убавината. Вистинскиот сјај и младешкиот изглед на кожата не се постигнуваат само со креми, серуми или естетски третмани. Внатрешните фактори, како правилната исхрана, доволната хидратација и суплементацијата, имаат клучна улога за долгорочна убавина и здравје на кожата. Зошто

Orthomol

Зошто децата почесто настинуваат кога ќе почне учебната година?

Почетокот на учебната година носи промена во секојдневната рутина на децата. По периодот на летниот одмор, повторно започнуваат обврските, престојот во училиште и градинка, контактите со поголем број деца и новото темпо на денот. Токму во овој период многу родители забележуваат дека нивните деца почесто настинуваат, со симптоми како течење

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.

 
[newsletter]