många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

По повод Светскиот ден на менталното здравје: Дигитален замор – како екраните влијаат на нашиот ум?

Денот започнува со проверка на телефонот, продолжува пред компјутер, а често завршува со уште неколку минути поминати на социјалните мрежи. Екраните станаа неизбежен дел од нашето секојдневие, но колку често размислуваме за тоа како постојаната изложеност на дигитални содржини влијае на нашиот ум?

Технологијата ни овозможува полесно да работиме, комуницираме и пристапуваме до информации, но истовремено бара и постојано внимание. Пораките, известувањата, електронската пошта, видеата и бројните информации со кои се соочуваме во текот на денот создаваат континуиран прилив на стимулации.

Што е дигитален замор?

Дигиталниот замор се однесува на чувството на ментална и визуелна исцрпеност кое може да се појави по подолг период поминат пред дигитални уреди. Тој може да се манифестира преку потешкотии со концентрацијата, чувство на ментална исцрпеност, намалена продуктивност, замор на очите, главоболка или раздразливост.

Особено предизвикувачки може да биде постојаното префрлање од една задача на друга. Кога работиме, истовремено одговараме на порака, проверуваме меил или отвораме социјални мрежи, па нашето внимание постојано се пренасочува. Наместо одмор, често сме изложени на уште еден извор на информации.

На умот му е потребна пауза

Иако не можеме целосно да ги избегнеме екраните, можеме да создадеме поздрави дигитални навики. Кратките паузи во текот на денот, ограничување на непотребните известувања и посветување внимание на една задача наместо на повеќе одеднаш, можат да помогнат да го намалиме чувството на ментална преоптовареност.

Времето без екрани е исто така важно. Неколку минути поминати во прошетка, разговор без телефон во рака, физичка активност или едноставно тивок одмор можат да бидат мал чекор кон подобар баланс во дигиталното секојдневие.

Особено важно е да не заборавиме на квалитетниот сон. Доколку последните моменти пред спиење ги поминуваме со телефон или компјутер, умот продолжува да прима нови информации наместо постепено да се подготвува за одмор.

И нутритивната поддршка е дел од грижата за организмот

Покрај здравите животни навики, балансираната исхрана и квалитетниот сон, одредени микронутриенти имаат важна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем.

Кога секојдневните обврски бараат максимум од вашата концентрација, Orthomol Mental е премиум комплекс од микронутриенти наменет за нутритивна поддршка на менталните способности и нервниот систем.

Формулата содржи внимателно избрана комбинација од омега-3 масната киселина DHA, витамини од Б-комплексот, витамин C и E, магнезиум, цинк и селен. Пантотенската киселина помага за нормални ментални перформанси, DHA помага за одржување на нормалната функција на мозокот, а цинкот помага за нормална когнитивна функција.

Витамините B1, B2, B6, B12, биотинот, ниацинот, витамин C и магнезиумот помагаат за нормално функционирање на нервниот систем, додека витамините B2, C и E, заедно со цинкот и селенот, помагаат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Грижата започнува со баланс

Во време кога сме постојано поврзани, можеби најважно е да научиме кога да се исклучиме. Намалувањето на непотребното време пред екран, редовните паузи, квалитетниот сон, движењето и балансираната исхрана се едноставни, но значајни чекори за подобра грижа за себе.

А кога секојдневието бара фокус, концентрација и ментална активност, соодветната нутритивна поддршка може да биде дополнителен дел од таа грижа.

Orthomol Mental – внимателно избрани микронутриенти за умот и нервниот систем.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец август

Со Orthomol Vital.Подготвени. За живот. Нашите заложби за поголема виталност и енергија продолжуваат и овој месец. Искористете го промотивниот попуст на ортомолекуларната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital f кои ги содржат најважните микронутриенти за мажи и жени. Без лактоза и глутен, специфичната комбинација на микронутриенти го поддржува нормалниот енергетски метаболизам,

Orthomol

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

По повод Светскиот ден на срцето: 7 секојдневни навики што можат да влијаат на здравјето на срцето

Срцето работи непрекинато, секој ден, без пауза. Иако често не размислуваме за неговата работа додека се чувствуваме добро, здравјето на кардиоваскуларниот систем е поврзано со начинот на кој живееме, се храниме, одмораме и се грижиме за себе. Во пресрет на Светскиот ден на срцето, да се потсетиме дека малите, секојдневни

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.

 
[newsletter]