Подготвени за училиште?

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили. 

Со едно ќе се согласите: силниот имунитет е клучен во првите недели. Да се биде родител значи да се има и супер моќ. Секогаш размислуваме однапред, нели? Затоа, се решивме и да ви се обратиме. 

Сите знаеме дека новата учебна година носи виор од емоции. Повеќе пријатели, повеќе забава и да, повеќе бактерии, а со нив и здодевни настинки! Ќе признаете: никој не сака да се справува со пропуштените училишни денови поради шмркање и кивање.

Не сакаме и ние. Затоа го создадовме Orthomol junior C plus!

Замислете 25 микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови во форма на таблети за џвакање со вкус на диви бобинки и мандарина. Звучи поприлично неверојатно, нели?

И навистина е! Преполн со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси, Orthomol јunior C plus е совршен придружник за враќање во училиште. Богат со витамин D, цинк, калциум и јод, Orthomol junior C plus не само што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем кај децата, туку истовремено придонесува и за нормален раст и развој на нивните коски. И не само тоа, Orthomol junior C plus вклучува хранливи материи, како железото, кои ја поддржуваат когнитивната функција, помагајќи му на вашето дете да остане фокусирано на новите четива и знаења. Да не заборавиме,  училишните денови понекогаш се навистина долги. Новите предмети, домашни задачи и креативни проекти бараат и дополнителна енергија. Ние го препознавме тоа. Затоа, Orthomol јunior C plus e внимателно креиран да ги поддржи потребните нивоа на енергија кај децата, овозможувајќи им да останат активни и фокусирани до последното училишно ѕвонче.

Дали можеби заборавивме нешто?

Orthomol junior C plus e тестиран и погоден за забите на децата и не содржи лактоза и глутен. Замислете, за најпребирливите имаме уште едно изненадување. Orthomol junior C plus таблетите за џвакање се во форма на автомобил. Ова е нешто на кое вашето дете навистина ќе се радува. 

А сега назад кон подготовките.

Не ги заборавајте моливите, новите боички и блоковите бидејќи првите ликовни дела се едни од најважните.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Бремена и моќна. Зошто секоја мајка зборува за Orthomol Natal?

Здраво, прекрасни идни мајки!Мора да признаеме дека веќе го имате неверојатниот сјај кој го носи бременоста. Едноставно, мајчинството прави да се чувствувате поубаво, зар не?Периодот пред, за време на бременоста, но и доењето се навистина посебни фази во животот на многу мајки. Веќе со сигурност го замислувате и првото „мамо“.

Orthomol

20% намалување на селектирани производи во Фила Аптека

Есента носи возбудливи вести, посветени на вашето здравје и благосостојба. Овој октомври, Orthomol и Фила Аптека се здружуваат за подобро здравје!Дали знаете дека промотивните попусти на водечките производи од нашето портфолио веќе започнаа? Не пропуштајте 20% промо попуст на следните производи: Orthomol Vital f од 01.10.2024 до 31.10.2024 Во форма на прашок,

Orthomol

Месец за тебе. Месец за виталност и женско здравје.

Нè радува есента која секоја година е гласен потсетник за нешто кое е навистина суштинско: женската виталност и здравје. Ќе се согласите дека секојдневието на секоја жена бара постојани прилагодувања. Да бидеме успешна на работа, да се грижиме за семејството, но и навремено да ги извршуваме домашните обврски. И додека

Orthomol

Витални микронутриенти за здраво срце

Секој посакува здрав и долг живот, а здравиот кардиоваскуларен систем е важен предуслов за тоа. Честопати слушаме за различните видови на масти, протеини и јаглехидрати кои можат да го поддржат нашето кардиоваскуларно здравје, но во разговорот недостасува една клучна компонента: микронутриенти. Прашањето е колку навистина сме свесни за ефектот кој

Orthomol
ORM-WebHero-090204

Колку го познавате вашето срце?

Сите го знаеме она добро познато чувство – чувство кога срцето ни забрзува од некоја ненадејна посета, возбудлив филм или неочекувана информација, а можеби и прегратка. Но, дали некогаш сте размислиле колку навистина го познавате овој неверојатен орган? Како централен дел од циркулаторниот систем, срцето е еден од најважните органи

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.