Оваа Политика за достава и рекламација на производи, се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат преку веб страната www.orthomol.mk, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана и ангажирана од страна на ПЗУ ФИЛА АПТЕКА  на адресата која е наведена од страна на Купувачот при нарачката.

За доставата на нарачаните производи важат следните општи правила:

– Трошоците за достава се  вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката, меѓутоа пред реализација на нарачката, на Купувачот му се појавува информација за цената на чинење на доставата. Дополнително, видно е од пресметката која му се испраќа на Купувачот на е-mail по плаќањето, кој дел од платениот износ се однесува на нарачаниот/те производ/и, а колкав износ се однесува на доставата;

– Купувањето преку нашата веб страница може да се реализира од било коja локација, но   испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија;

– Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови;

– Испораката на производите се врши во време договорено по телефонски пат помеѓу Купувачот и доставувач од ангажираната служба за достава на адресата наведена за испорака од страна на Купувачот. Доствувачот од ангажираната служба за достава е должен да изврши доставување на пакетот со нарачаните производи единствено до влезната врата на куќата, односно до влезот на станбената зграда.

 Дали испораката на нарачаните производи се наплатува?

  1. За нарачка до 5.000,00 денари, доставата изнесува 150 денари.
  2. За нарачка над 5.000,00 денари, доставата е бесплатна.

Испораката на нарачките се врши до адресата на Купувачот, која е назначена од страна на Купувачот при нарачката.

Секој Купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања на пратката при транспорт, да провери дали испорачаниот производ одговара на нарачаниот производ и во присуство на  доставувачот кој ја врши доставата да утврди дека производите се во добра состојба. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот, доколку утврди дека:

– Испорачани се производи кои не се нарачани од страна на Купувачот;

– Испорачани се производи на кои им е истечен рокот на употреба;

– Испорачани се производи кои имаат оштетувања кои настанале при транспортот.

Враќање на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испораката, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Замена на производи

Согласно член 10 од Законот за заштита на потрошувачите, Kупувачот има право да го замени производот кој го купил од ПЗУ ФИЛА АПТЕКА, доколку истиот не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот, и тоа за друг производ со соодветен квалитет. Доколку заменскиот производ има повисока цена, Купувачот се обврзува да го доплати износот на ПЗУ ФИЛА АПТЕКА, а доколку заменскиот производ има пониска цена, Купувачот ќе ја добие разликата од ПЗУ ФИЛА АПТЕКА при замена на производот.

Купувачот правото на замена на производи може да го оствари во рок од 15 (петнаесет) дена од денот кога производот е купен, односно од денот кога истиот му е предаден на Купувачот. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките означувања, како и фискалната сметка или Фактура/испратница кои на Купувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од Купувачот, ПЗУ ФИЛА АПТЕКА нема соодветен производ согласно потребите на Купувачот, истиот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или да го замени производот за друг соодветен производ кога ПЗУ ФИЛА АПТЕКА ќе располага со истиот. Доколку Купувачот побара замена на производот со производ кој ПЗУ ФИЛА АПТЕКА не располага во моментот, ПЗУ ФИЛА  АПТЕКА е должна да го извести Купувачот дека располага со таквиот производ во рок кој не може да биде подолг од 30 (триесет) дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.

Доколку Купувачот бара замената на производот/ите да биде извршена преку доставна служба, истиот е должен да ги сноси трошоците за доставата.

Промена на Политиката за достава и рекламација на производи

ПЗУ ФИЛА АПТЕКА има право да ги менува условите за достава и рекламација на производи, во согласност со законските прописи.