Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа?
 
Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома, така и на работа. Постојаниот притисок за исполнување на роковите станува особен напор. Меѓутоа, ако оваа состојба трае подолго време и ако телото нема време за регенерација, тогаш резултатот ни е веќе познат – хроничен замор, исцрпеност и стрес.
 
Дали сте помислиле како оваа состојба влијае на вашето тело? Секојдневното оптоварување предизвикува голем број физички реакции во телото, во кои се ослободуваат зголемени количества на специфични хормони, како што се адреналин и кортизол.
 
Бронхијалните цевки се прошируваат и брзината на дишење се зголемува со цел да се внесе поголемо количество кислород. Мускулниот систем е под постојан напор, пулсот и крвниот притисок се зголемуваат, а срцето е принудено да ја зголеми брзината на пумпање. Од друга страна пак, варењето на храна и движењето на цревата се ограничени, бидејќи телото нема доволно енергетски резерви за ваква „неважна“ работа.
 
Ако на ова се надоврзе и неправилната, нередовна исхрана, внесот на алкохолни пијалаци, пушењето, отсуството или нередовната физичка активност, доаѓа до значително загрозување на целокупната виталноста.
 
Специфичната ортомолекуларнa комбинација на микронутриенти во Orthomol Vital може да биде вашиот клучен сојузник. Па, сигурно ќе прашате и зошто?
 
Луѓето кои се под голем стрес, особено треба да обрнат внимание на снабдувањето со витамини од групата B. Оваа група витамини игра важна улога во голем број метаболички процеси и има клучно влијание врз нашето здравје. Осумте видови на витамини B се значајни за производство на хормони, потпомагаат за формирање крвни елементи и одржување на нормално функционирање на нервниот систем.
 
Така, витаминот B, особено витаминот B12, го „храни“ нервниот систем. Покрај тоа што обезбедува негово нормално функционирање, исто така игра улога во растот и регенерацијата на истрошените нерви.
Поддржувајќи го енергетскиот метаболизам, витаминот B12 може значително да ни помага да се чувствуваме помалку уморни и исцрпени.
 
Но, на телото му се потребни повеќе од само витамини B. Ние го препознавме тоа.
Затоа создадовме специфична комбинација за мажи и жени. Тоа се нашите Orthomol Vital f и Orthomol Vital m. Прилагодени да ги задоволат специфичните нутритивни потреби на мажите и жените, двете формулации содржат витални хранливи материи и повеќе од 25 микронутриенти кои ја поддржуваат способноста на телото да управува со стресот, да го врати нивото на енергија и да го зајакне имунолошкиот систем.
 
Orthomol Vital m содржи повеќе омега-3 масни киселини за мажи, а Orthomol Vital f содржи дополнителен калциум за жени. Ова му дава на вашето тело целна поддршка за подобро да се справи со стресот од секојдневниот живот.
 
Иако можеби изгледа дека секојдневното темпо не секогаш дозволува време за грижа за себе, преземањето проактивен пристап може да ја направи сета разлика. Со надополнување на основните хранливи материи кои се исцрпуваат за време на периоди на стрес, му давате на вашето тело шанса да се бори против заморот, да ја подобри благосостојбата и да го врати целокупното здравје.
 
Подготвени да се спротивставите на предизвиците на секојдневниот живот?
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Како нутритивната поддршка стигнува до тетивите?

Кога размислуваме за потребата од снабдување на нашето тело со потребните хранливи материи, честопати се фокусираме на мускулите, коските, па дури и на мозокот, но што со тетивите? Тие ги поврзуваат мускулите со коскената структура, ја пренесуваат силата на мускулно-скелетниот систем и се грижат за мобилноста и флексибилноста на зглобовите. Иако

Orthomol

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Како нутритивната поддршка стигнува до тетивите?

Кога размислуваме за потребата од снабдување на нашето тело со потребните хранливи материи, честопати се фокусираме на мускулите, коските, па дури и на мозокот, но што со тетивите? Тие ги поврзуваат мускулите со коскената структура, ја пренесуваат силата на мускулно-скелетниот систем и се грижат за мобилноста и флексибилноста на зглобовите. Иако

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.