Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја влоши болката.
 
За многумина пак, кои се соочуваат со остеоартритични промени, идејата за вежбање може да звучи дури и застрашувачка. Oттука, се поставува прашањето, дали спортот е навистина наш пријател кога станува збор за дегенеративните заболувања на зглобовите?
 
Доколку ви е дијагностициран остеоартритис, сѐ додека разумно спортувате, немате потреба од грижи, бидејќи тоа не значи дека вашите спортски денови се завршени.
 
Клучот за управување со остеоартритисот не е во целосното избегнување на вежбањето и физичката активност. Впрочем, типот на вежби кои ќе ги изберете може да направи значителна разлика во управувањето со симптомите и подобрувањето на здравјето на зглобовите.
 
Решението е да се фокусирате на активности кои ги зајакнуваат мускулите, ја подобруваат флексибилноста и ја одржуваат мобилноста, минимизирајќи го оптоварувањето на погодените зглобови.
 
Студиите покажуваат дека умерената физичка активност, која честопати може да биде во форма на брзо одење или благо истегнување, може да ја подобри функцијата на зглобовите, да ја намали болката и да го подобри севкупниот квалитет на живот, но тука се и пливањето, возењето велосипед, пешачењето, јогата и други физиотерапевтски вежби кои можат да бидат составен дел од вашата спортска рутина.
 
Од друга страна пак, вежбите со силни скокови, трчањето и прекумерните тренинзи со голема тежина, можат да го предизвикаат токму спротивното, дополнително да ги оптоварат зглобовите, зголемувајќи ја болката, отокот, но и ризикот од нови повреди.
 
Но дали знаевте дека правилната физичка активност всушност може да влијае и на тоа колку добро хранливите материи стигнуваат до вашите зглобови?
 
Здравите зглобови бараат постојано снабдување со клучни хранливи материи, како колаген, глукозамин и антиинфламаторни соединенија за одржување на здравјето на ‘рскавицата, намалување на оштетувањето и поддршка на подвижноста.
 
Кога вежбаме, се зголемува циркулацијата на крвта, од која пак зависи колку поефикасно ќе се транспортираат овие виталните хранливи материи до ‘рскавицата, мускулите и ткивата во зглобовите. Без соодветна циркулација, зглобовите можеби нема да ги добијат хранливите материи што им се потребни, што потенцијално ќе го забави закрепнувањето и ќе го зголеми ризикот од повреда.
Затоа поддршката на зглобовите со соодветни хранливи материи е исто толку важна колку и тоа да останете активни.
 
Нашиот Orthomol arthroplus, комбинира моќни хранливи материи кои помагаат да се одржи здравјето на ‘рскавицата, коските и останатото сврзно ткиво и да се намали воспалението. Со силни диететски и функционални карактеристики, создадовме активен комплекс за ‘рскавицата, кој го спречува воспалението и болката од дегенеративно заболување на зглобовите.
Не станува збор за замена на вежбањето, туку за целна поддршка на зглобовите. Замислете го како храна за истите. Можност да останете силни и еластични, уживајќи во движењето без болка.
 
Остеоартритисот не мора да ве спречи да останете активни или да уживате во животот. Со правилен пристап, внимателно вежбање, соодветна грижа за зглобовите и правилна нутритивна поддршка, вие со сигурност може да ги одржите зглобовите во најдобра можна форма.
 
Ние можеме да ви помогнеме во тоа!
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари

Orthomol

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.