Стрес: како влијае и како да се заштитиме?

Сите знаеме што претставува стресот, зар не?
Го среќаваме секој ден. На работа, во сообраќајот, во домот, за време на долгите ноќи кога не можеме да заспиеме, па дури и во оние моменти кога свесно се обидуваме да земеме здив и да се опуштиме. Стресот стана наш постојан придружник. Тивок, упорен и често незабележлив, но сепак присутен.

Во претходната објава зборувавме за тоа што е стресот, од каде произлегува и како се рефлектира во нашиот живот.

Денес, одиме чекор подлабоко, зборувајќи за неговата улога врз нашето здравје.
Едно е сигурно, стресот предизвикува бројни физички и психолошки реакции во телото. И додека многумина го чувствуваат како „ментален притисок“ или емоционален товар, стресот не е само мисла,чувство или расположение. Тој е биолошка реакција. Реален е, се случува во секунда, но последиците може да траат со месеци, па дури и години.

Тоа што започнува како „ќе помине и овој напорен ден “ брзо се претвора во физичка реакција што се вгнездува длабоко во телото. Најчесто, незабележливо. Но, телото памети и реагира, а првиот аларм може да дојде токму од мускулите.

Еден од првите сигнали на прекумерен стрес во телото е токму зголемената мускулна напнатост , која често се јавува како болка во вратот, рамената и грбот. За многумина, оваа напнатост е секојдневна појава што неретко резултира со главоболки.

Но ефектите од стресот не се ограничуваат само на мускулниот систем. Тој влијае и врз респираторниот и кардиоваскуларниот систем, како и врз гастроинтестиналниот тракт, предизвикувајќи низа дополнителни симптоми и нарушувања кои можат сериозно да го нарушат квалитетот на живот.

Така, покачената концентрација на хормонот на стрес во крвта го забрзува срцевиот ритам и предизвикува зголемување на крвниот притисок. Ова може да доведе до кардиоваскуларни заболувања како што е високиот крвен притисок (хипертензија), зголемувајќи го ризикот од срцев или мозочен удар.

Доколку пак зборуваме за дигестивниот систем, речиси нема човек што не ги почувствувал последиците од стресот „во стомакот“. Чувството на тежина, надуеност, губење на апетит , мачнина, па дури и константна болка, се симптоми кои често ги препишуваме на храната, но зад кои многу често стои стресот. Хроничниот стрес, особено може да ја наруши рамнотежата на гастроинтестиналниот тракт.
Зошто ова е важно?

Дигестивниот систем е столб на нашето целокупно здравје, а од него може да зависи и нашата најсилна одбрана, имунолошкиот систем. Малкумина знаат дека над 70% од имуниот систем се наоѓа токму во цревата, каде што се произведуваат и најголемиот дел од антителата тип IgA, клучни за заштита на мукозните површини од надворешните патогени. Тоа значи дека секое нарушување во гастроинтестиналниот тракт, било од последици на хроничен стрес, нарушен микробиом или воспаление, директно го загрозуваат имунолошкиот одговор на телото.

Затоа, кога телото е под постојан стрес, не е доволно само „да се смириме“. Потребна е внатрешна поддршка, онаа за која често пати и зборуваме.

Orthomol Vital содржи внимателно избрана комбинација на микронутриенти кои играат клучна улога во нормалното функционирање на нервниот систем и енергетскиот метаболизам, поддржувајќи го нашето тело во периоди на замор, исцрпеност и зголемен психофизички стрес.

И кога честопати повторуваме колку е важна грижата за себе, не мислиме само на кратките моменти на одмор, туку и на долгорочната поддршка што му ја давате на вашето тело одвнатре.

Запомнете, рамнотежата не се постигнува случајно.
Таа се гради со свесни избори, секој ден.

До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали твоето тело го следи твоето темпо?

Зошто Orthomol Vital F и Natal се повеќе од обични витамини за жената. Во динамиката на секојдневието, жената често е столбот на сè – грижа за семејството, кариерата, домот и сопствените соништа. Но додека се грижиме за сите околу нас, многу често забораваме на една важна работа: грижата за себе.

Orthomol

Болка и крутост во зглобовите и ограничено движење: Сигнали кои не треба да ги игноририрате

Секое движење на нашето тело е резултат на совршена соработка помеѓу мускулите, коските и зглобовите. Но, честопати ја земаме оваа мобилност здраво за готово сè додека не се појават првите знаци на непријатност. Болката во колената при качување по скали, крутоста во рацете наутро или ограниченото движење при секојдневните активности

Orthomol

Ментален vs. физички замор: Како да препознаете кој навистина ве исцрпува?

Во современото секојдневие, зборот „замор“ стана толку вообичаен што честопати го занемаруваме неговото вистинско значење и потекло. Се будиме со чувство на тежина, го поминуваме денот во брзање и легнуваме со надеж дека сонот ќе реши сè. Сепак, многу често се случува и по долг викенд поминат во одмор, да

Orthomol

Ортомолекуларна медицина vs. Обични витамини: Што му треба на вашиот организам за нов почеток

Јануари е месец на нови почетоци, нови ветувања и свежа енергија. Но, честопати, наместо да се чувствуваме препородено, по празниците се соочуваме со пад на енергијата, исцрпеност и „зимски блуз“. Додека правиме планови за подобра верзија од себе, вистинското прашање е: Дали му ги даваме на телото вистинските алатки за

Orthomol

Ментален vs. физички замор: Како да препознаете кој навистина ве исцрпува?

Во современото секојдневие, зборот „замор“ стана толку вообичаен што честопати го занемаруваме неговото вистинско значење и потекло. Се будиме со чувство на тежина, го поминуваме денот во брзање и легнуваме со надеж дека сонот ќе реши сè. Сепак, многу често се случува и по долг викенд поминат во одмор, да

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.