Стрес: што значи и што го предизвикува?

Што точно претставува стресот и како нашето тело реагира на истиот? Кои се причините и предизвикувачите и кои се здравствените последици кои мора да ги препознаеме. Денес зборуваме токму на оваа тема.
 
Стресот  претставува психосоцијален товар кој предизвикува вознемиреност и може да ја наруши менталната и физичката благосостојба. Во литературата честопати ќе прочитате дека стресот е сигнал, адаптациска реакција за опасност и одговор на телото на некое барања или надворешна дразба. Тоа значи дека стресот има своја функција, дел е од нас, нашето секојдневие и составен живот во целина. Но дали тоа значи дека треба да го прифатиме?
 
Секако дека не. За да може успешно да се справиме со него, најпрво мораме да го разбереме.
 
Причинителите што доведуваат до стрес се т.н стресори, поточно стимуланси, кои можат да бидат надворешни, но и внатрешни, психолошки и социјални. Замислете ги како фактори, ситуации или животни настани кои сериозно го загрозуваат или нарушуваат балансот на нашиот организам, односно нѐ ставаат во ситуација да извршиме одредено дејство под притисок и во момент кога нашето тело не располага со доволен капацитет за одговор.
 
Така, надворешните стресори се секојдневните ситуации кои ги перципирање како заканувачки. Бучавата, времето, сообраќајниот метеж, времето на чекање, болеста, критиката и слично.
 
Внатрешните од друга страна пак, се поврзани со нашето воспитување. Станува збор за тоа како ги перципирање ситуациите и луѓето, како и за начинот на кој ги градиме нашите очекувања во однос на нив.
 
Психолошките стресори се предизвикувачи на стрес што ги перципирање како психолошки стресни. Тие вклучуваат субјективни фактори како што се: прекумерните или недоволни барања, нејасните цели и желби, временскиот притисок, прекумерните барања за постигнување на одредени перформанси и конкурентскиот притисок. Би се сложиле дека ова наликува на еден просечен работен ден на секој човек денес.
 
На крајот, социјалните стресори придонесуваат за појава на т.н. психосоцијален стрес. Во оваа категорија спаѓаат малтретирањето, односно вознемирувањето, социјалната изолација, чувството на осаменост, токсичната работна атмосфера, хроничниот недостиг од време и нарушената внатрешна комуникација.
 
Сигурно забележувате дека стресот може да биде резултат на многу различни фактори и предизвикувачи, но индивидуалноста е една од најспецифичните карактеристики за тоа како секој од нас го доживува влијанието на стресорите. Начинот на размислување, средината во која делуваме, нашите гени и воспитување, сопствената животна историја, но и низа психолошки фактори од кои зависи нашата индивидуална реакција играат клучна улога во способноста и можностите да се справиме со неа.
Едно е сигурно. Стресот не е едноставен, ниту униформен феномен. Но она што е заедничко за сите нас е неговото влијание. Стресот остава белег. Белег во нашето расположение, секојдневното функционирање и најважно здравјето.
 
Споменавме здравје. Но дали навистина знаеме како и во колкав обем стресот влијае на нашето здравје? Со други зборови, дали „ќе помине и овој ден“ е правилниот одговор за ефикасно справување со истиот?
 
Следете нѐ, бидејќи следната недела зборуваме токму за тоа.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали недостатокот на микронутриенти е вистинската причина за вашиот хроничен замор?

Дали некогаш сте се почувствувале како да сте „испразнети“, иако сте спиеле доволно? Се будите со тежина, кафето ве држи само еден час, а попладне едвај ги завршувате работните обврски. Многумина ова го препишуваат на модерниот начин на живот, но науката вели нешто друго: вашиот замор може да биде крик

Orthomol

Зошто врвните спортисти го избираат Orthomol Sport како дел од својата рутина?

Во светот на професионалниот спорт, разликата помеѓу победата и поразот често се мери во милисекунди или во нијанси на издржливост. Без разлика дали сте елитен атлет кој се подготвува за меѓународни натпревари или посветен рекреативец кој сака да го извлече максимумот од секој тренинг, едно нешто е сигурно: вашето тело

Orthomol

Што навистина му е потребно на организмот за време на бременоста?

Бременоста е еден од најневеројатните периоди во животот на жената – време на големи промени, исчекување и создавање на нов живот. Но, додека се фокусираме на подготовките за новиот член на семејството, често забораваме дека во позадина, женското тело извршува неверојатна „биолошка работа“. Во овие девет месеци, потребите за одредени

Orthomol

Дали твоето тело го следи твоето темпо?

Зошто Orthomol Vital F и Natal се повеќе од обични витамини за жената. Во динамиката на секојдневието, жената често е столбот на сè – грижа за семејството, кариерата, домот и сопствените соништа. Но додека се грижиме за сите околу нас, многу често забораваме на една важна работа: грижата за себе.

Orthomol

Дали твоето тело го следи твоето темпо?

Зошто Orthomol Vital F и Natal се повеќе од обични витамини за жената. Во динамиката на секојдневието, жената често е столбот на сè – грижа за семејството, кариерата, домот и сопствените соништа. Но додека се грижиме за сите околу нас, многу често забораваме на една важна работа: грижата за себе.

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.