Витални микронутриенти за здраво срце

Секој посакува здрав и долг живот, а здравиот кардиоваскуларен систем е важен предуслов за тоа. Честопати слушаме за различните видови на масти, протеини и јаглехидрати кои можат да го поддржат нашето кардиоваскуларно здравје, но во разговорот недостасува една клучна компонента: микронутриенти. Прашањето е колку навистина сме свесни за ефектот кој поединечните микронутриентите го имаат врз здравјето на нашето срце?

Неоптималните диететски практики се најголемиот непријател на кардиоваскуларното здравје, па оттука е и изреката „Ние сме тоа што го јадеме“.

Нашата цел е со Orthomol Cardio да го промениме тоа. Создадовме производ кој е погоден за сите кои сакаат да ја надополнат својата исхрана со богат извор на микронутриенти, подготвени да ја подржат нормалната функција на срцето и крвните садови. Од нас, честопати и ќе слушнете дека Orthomol Cardio e всушност сѐ што вашето срце посакува. А токму денес ќе ви откриеме и зошто.

Ќе се согласите дека јадеме премалку риба. Планирањето на два неделни оброци кои вклучуваат риба полека исчезна од нашите неделни пазарувања. И навистина, според „Германското друштво за исхрана“, многу луѓе јадат сè помалку риба од препорачаното. Морската риба, како лососот, скушата и харингата се богат извор на полинезаситените омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат нормалната функција на срцевиот мускул. Затоа, за нас во Orthomol беше особено важно да го вклучиме потребниот дневен внес од 250 mg еикозапентаенонска киселина (EPA) и докосахексаеноична киселина (DHA) во нашиот Orthomol Cardio. Не заборавајте, моќните антиинфламаторни и антитромботични својства на омега-3 масните киселини играат огромна улога во превенција и менаџирање на кардиоваскуларни болести.

Но, тука е и Витаминот B1 (тиамин). Можеби веќе знаевте дека тиаминот е застапен во грашокот, оревите, гравот и сојата, но дали знаевте дека овој есенцијален витамин му помага на телото да ја претвори храната во енергија? Витаминот B1 е всушност првиот витамин кој е научно откриен. Фасцинантен факт! Но, уште пофасцинантна е неговата функција во поддршка на срцевиот мускул, тој е основниот енергетски двигател на клетките во нашето тело. 

Групата на витамини и минерали кои се содржат во Orthomol Cardio е уште поголема. Витаминот B2 (рибофлавин), витаминот B6, витаминот B12, пантотенската киселина, ниацинот, витаминот C, биотинот,  јодот, железото и манганот имаат подеднакво важна улога во поддршка и придонес за нормалниот енергетски метаболизам. Дополнително, витаминот B6, витаминот B12, како и фолната киселина придонесуваат за нормалниот метаболизам на хемоцистеинот. 

Да не го заборавиме и магнезиумот. Магнезиумот е клучен микронутриент во Orthomol Cardio, но е и клучен за здравјето на срцето. Одговорен за правилна електрична сигнализација и мускулни контракции на срцето, магнезиумот може да го намали ризикот од мозочен удар, срцева слабост и дијабетес. И додека семките од тиква, индискиот орев, интегралниот леб, но и бадемите и кикиритките се одличен извор на диететски магнезиум, тој е составен дел и од нашата Orthomol Cardio формула. 

Во Orthomol, веруваме дека разбирањето на моќта на микронутриентите е првиот чекор кон поздраво срце. Затоа, останете посветени на вашето здравје, а вашето срце ќе ви се заблагодари.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.