Здрава исхрана? Се разбира дека да!

Како да го промениме мислењето за здравата исхрана кај децата?

Драги родители, ќе се согласите дека честопати подготовката на хранлив и избалансиран оброк за нашите мали супер херои е тешка битка. Мамо, не јадам брокула! Не сакам ни морков!

Во едно сме согласни, нашите деца велат дека обожуваат вкусна храна, но во најголем број на случаевите тоа не се однесува на здравата исхрана.

Германското друштво за исхрана посочува дека количината на овошје и зеленчук која што ја консумираат нашите деца не е доволна. Истражувањата покажуваат дека децата во просек јадат многу помали количини овошје и зеленчук од препорачаните, а со тоа не ја внесуваат и потребната количина на неопходни микронутриенти, како што се фолната киселина, витамините D и E, јодот, калциумот и железото.

Ние постојано размислуваме на оваа тема, па се надеваме дека сте возбудени да ги слушнете нашите креативни стратегии.

Здравата исхрана може да ја претворите во забавен училиштен ден. Едноставна импровизирана училница во кујната е одличен начин да ја искористите природната љубопитност на вашите најмили. Верувајте ни, споделувањето забавни факти за здравствените придобивки од различните намирници во фрижидерот може да биде многу забавно. На пр., како портокалите ни помагаат да трчаме побрзо? Или, како спанаќот може да не направи посилни? Предизвикувајќи ја детската љубопитност, возбудливите четива во кујната ќе го направат здравиот оброк победа за целото семејство.

Но забавата не завршува тука. Овој пат нашите деца ги покануваме да ни помогнат во подготовка на оброците. Не ја занемарувајте моќта на „Јас, го направив ова!“, „Мамо, јас го измив зеленчукот!“. Времето поминато за подготовка на храната ја зголемува веројатноста кај децата, да го зголемат интересот за она што го јадат. И не само тоа, времето кое заедно го поминувате во осознавање на новите вкусови остава силна импресија кај вашите деца.

Познато е дека децата го имитираат вашето однесување. Повторуваат по вас и ги следат вашите постапки, а навиките во исхраната не се исклучок. Затоа, покажете ентузијазам за здравата храна, дозволувајќи им да ја видат вашата возбуда. Така, набљудувајќи ве вас како често уживате во здравиот оброк, децата е поверојатно да го следат вашиот пример.

Да не заборавиме, децата не можат рационално да пресудат што е најдобро за нив. Усвојувањето на здрави навики од најмала возраст е особено значајно и има извонредно позитивни ефекти врз нивното целокупно здравје. Оттука, колку порано ги воведете здравите навики, толку полесно децата ќе ги прифатат и ќе создадат здрава врска со храната, која ќе остане за целиот нивен живот.

Најважно од сѐ е да бидете трпеливи. Ние во Orthomol, одамна препознавме дека приближувањето на здравата храна до децата е исклучително напорен предизвик. Дали и во кои случаи здравите оброци се доволни за да ги снабдат децата со сите потребни микронутриенти се прашања кои ги имаат многу родители.

Orthomol junior C plus останува вашиот таен сојузник. Сојузник кое вашето дете ќе го обожава. Не заборавајте, снабдувањето со витамините и хранливи материи преку насочени додатоци во исхраната е наша мисија која трае цели триесет години.

Останете со нас и приклучете се на нашата Orthomol заедница, која останува посветена на вас, вашето здравје и здравјето на вашите најмили.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона

Orthomol

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини,

Orthomol

Како влијаат утрата на здравјето?

Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година? Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само

Orthomol

Зошто во подоцнежните години, мажите се посреќни од жените ?

Како што старееме, нашите приоритети се менуваат.Размислуваме повеќе за нашето здравје, за семејство, па и за задоволството од животот. Но, она што е интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека мажите со стареењето имаат тенденција да бидат посреќни? Фасцинантен факт, нели? Затоа, во месецот посветен на машкото здравје и благосостојба, сакавме

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.