Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје.
 
Здравјето на срцето во најголем дел зависи од начинот на живот, па веднаш ќе прашаме: колку физичката активност е составен дел од вашиот живот? Би се согласиле дека помислата да се трча маратон или да се поминуваат часови во теретана за некои луѓе звучи исцрпувачки.
Ќе се изненадите доколку ви споделиме дека истражувањата покажуваат дека 30-минутно умерено вежбање, пет дена во неделата, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и до триесет проценти. Па и не звучи толку лошо, нели?
Малите промени, како почестите прошетки, замената на автомобилот со возење велосипед, па дури и танцувањето во вашата дневна соба, можат да прераснат во ваша секојдневна рутина побрзо отколку што мислите.
 
Од друга страна пак, важна е и исхраната. Таа е секојдневна тема за која често дискутираме, за која многу зборуваме, но колку вистински ја почитуваме?
Избалансираната исхрана може значително да придонесе за срцето и крвните садови да останат здрави, дури и во староста.
Неизбалансираната исхрана не само што може да предизвика прекумерна тежина, туку и да биде директна причина за болест.
Доколку премногу се консумираат хидролизирани масти од индустриски произведените прехранбени производи, како и храна богата со јаглехидрати, може да се зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
И не се работи само за тоа што консумираме и во која количина, туку за правењето на подобар избор. Размислете за избор на храна која на вашето срце навистина му е потребна.
Омега-3 масните киселини во лососот и скушата, антиоксидансите во зелениот чај, бобинките и темното чоколадо, но и големите порции овошје и зеленчук, богати со многу витамини и минерали, значително ја подобруваат целокупната кардиоваскуларна функција. 
 
Но, дали знаете што друго сака вашето срце? Одговорот е доста едноставен, помалку стрес. Хроничниот стрес влијае на крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Добрата вест е дека не треба да ја напуштите работата или да живеете на планина (иако тоа звучи примамливо). Неколку минути секојдневна медитација може драстично да го намали нивото на стрес.
 
Да не заборавиме и на времето посветено за добар и квалитетен сон. Недоволниот сон е една од најлошите работи што можете да ги направите за вашето срце. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат помалку од седум часа се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања. Затоа, обидете се да креирате рутина пред спиење. Топла шолја билен чај, лесно истегнување или кратка медитација пред спиење може да ги олеснат вашите мисли и да поттикнат мирен сон.
 
Всушност, колку повеќе размислуваме и зборуваме на оваа тема, ќе забележите дека малите промени всушност имаат најголем ефект врз нашето здравје. Оние навидум безначајни работи што ги правите секој ден.
Да се откажете од пушењето? Огромна победа за вашето срце.
Да го намалите консумирањето на алкохолот? Се разбира дека да.
Секоја нова промени е основа за долг и здрав живот.
 
Запомнете, сите имаме само едно срце.
Однесувајте се кон него со љубов и грижа што ја заслужува.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини,

Orthomol

Како влијаат утрата на здравјето?

Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година? Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само

Orthomol

Зошто во подоцнежните години, мажите се посреќни од жените ?

Како што старееме, нашите приоритети се менуваат.Размислуваме повеќе за нашето здравје, за семејство, па и за задоволството од животот. Но, она што е интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека мажите со стареењето имаат тенденција да бидат посреќни? Фасцинантен факт, нели? Затоа, во месецот посветен на машкото здравје и благосостојба, сакавме

Orthomol

Време е да станам татко?

Замислете го ова: се подготвувате за една од најголемите одлуки во животот и сакате да го дадете најдоброто од себе, сакате да станете татко.  Идејата да се биде родител носи посебна возбуда. Помислата да го држите вашето дете за прв пат, да го водите низ животните авантури и да го

Orthomol

Добредојде на сезоната на обнова и промени

Пролетта доаѓа, a со неа и чувството на обнова и свежи почетоци. Деновите стануваат подолги, растенијата почнуваат да се будат, а свежата енергија полека се чувствува во воздухот. Но, колку и да е возбудлива промената на сезоната, таа е потсетник дека време е да посветиме внимание и на нашето тело,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.