20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските.
 
За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа е заложба и поттик да продолжиме да ги истражуваме уникатните потреби на жените, вклучително нивната физичката виталност, менталната јасност, емоционалната рамнотежа, но и чувството и потребата за континуирано зајакнување и поддршка.
 
Затоа, Меѓународниот ден на жената нè повикува да застанеме и да размислиме за грижата за здравјето на секоја мајка, баба и сестра. Да, за секоја од нас! Станува збор за почитување на женското тело, разбирање на неговите уникатни потреби и правилната нега и внимание што го заслужува.
 
Во Orthomol, ние веруваме во зајакнувањето на жените со знаење и производи кои го поддржуваат здравјето на најприроден начин.
 
Затоа, овој март искористете го промотивниот попуст на Orthomol Vital f, високо квалитетен производ за жени, кои овозможува лесно менаџирање на хроничниот замор и стрес.
 
Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 март до 31 март 2025 година на следните производи:
 
Orthomol Vital F
во форма на вијали од 4.100 денари на 3.280 денари
во форма на прашок од 3.300 денари на 2.640 денари
 
Нека месец март биде месецот кога може заедно да ја прославиме женската виталност и сила.
Да, женската издржливост и неверојатните работи кои вашето тело ги прави за вас.
 
Нашата Orthomol заедница е тука да ви помогне да се чувствувате најдобро.
Секое утро и секој ден!
 
Повеќе информации за промоциите и производите:
+389 2 310 4926, Фила Аптека Скопје, клиничка болница „Жан Митрев“
+389 (34) 320 303, Фила Аптека Струмица, „Жан Митрев Дијагностик“
+389 71 261 966, +389 2 310 4996 , Orthomol Македонија

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Зошто врвните спортисти го избираат Orthomol Sport како дел од својата рутина?

Во светот на професионалниот спорт, разликата помеѓу победата и поразот често се мери во милисекунди или во нијанси на издржливост. Без разлика дали сте елитен атлет кој се подготвува за меѓународни натпревари или посветен рекреативец кој сака да го извлече максимумот од секој тренинг, едно нешто е сигурно: вашето тело

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.