Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста во најтоплите месеци од годината не е лесна и може да биде физички и емоционално предизвикувачка. Потењето, отечените нозе, исцрпеноста, промените во апетитот и честата жед се реалност за многу идни мајки. И тоа е во ред, бидејќи бременоста, особено во лето, бара малку поинаква дисциплина, тоа значи да го слушаш телото и да прифатиш дека ова е време кога твојот најголем приоритет си токму ти. И сигурно ќе прашаш: „Но зошто ја чувствувам оваа постојана топлина? Ме следи постојано каде и да сум?“ Бремените жени природно имаат зголемена циркулација и побрз метаболизам. Тоа значи дека во лето, кога температурите достигнуваат и до триесет и пет целзиусови степени, твоето тело чувствува како да има сопствена температура дури и до четириесет целзиусови степени. Од оваа причина се јавуваат и најчестите летни тегоби, како проблемот со отечени стапала, чувството на тешки нозе, па дури и лесната вртоглавица при подолг престој на сонце. Но сè почнува со малку поголема грижа за себе. Така, во текот на долгото лето, водата е твојот најдобар пријател. Не ја чекај жедта. Пиј редовно, на секои триесет до шеесет минути, дури и кога не чувствуваш жед. Ладен, незасладен чај или освежителни напитоци со лимон и краставица можат да ти помогнат да ја одржиш хидратацијата, овозможувајќи ти да се чувствуваш лесно, хидрирано и свежо. Летото и високите температури понекогаш ќе го предизвикаат и твоето расположение. И додека има денови кога се чувствуваш особено емотивно и тешко, ќе има и денови исполнети со смеа, позитивна енергија и ведри мисли за новиот живот што следи. Твоето тело се менува и тоа е навистина прекрасно. Хормоните, но и потребата од повеќе одмор се тука со посебна причина. Твојот организам работи 24/7 на создавање нов живот. Земи пауза и овозможи си простор за почест одмор. Приспособи ја дневната рутина според температурите во текот на денот и организирај прошетки наутро или навечер кога надворешната температура се намалува. Избери памучна и широка облека и едноставно диши. Во сите тие моменти кога си уморна, потиштена, раздразнета, гладна, ама не знаеш за што, кога копнееш по сон, тишина или само една голема воздишка, запомни: сè што правиш сега, го правиш за двајца. Ти веќе го правиш најважното носиш живот и живееш со цел. И токму затоа, кога вложуваш толку љубов, внимание и енергија во секој ден од ова патување, заслужуваш поддршка што ќе те следи во иста мера. Orthomol Natal е природно продолжение на сето она што го правиш за себе. Во комбинација од омега-3 масни киселини (ДХА), витамин D3, култури на бактерии од млечна киселина и сите останати есенцијални микронутриенти, со Orthomol Natal се погриживме да бидеме секојдневна поддршка на твојата бременост и здравиот развој на твоето бебе. Нашата цел беше да ја поддржиме твојата благосостојба, помагајќи ти да се чувствуваш силно, стабилно и спокојно, дури и во најтоплиот период од годината. Ова е твоја сезона. Носи ја со гордост, љубов и доверба во себе.И запомни: не си сама на овој пат. До следната објава,Твојот Orthomol.