Orthomol Natal

Важни микронутриенти за бременоста и доењето Можеби долго време се обидувате да забремените – или можеби веќе сте бремени: мајчинството целосно го менува вашиот живот. Самата бременост и доењето се особено значајни фази во животот на многу жени. Во текот на бременоста телото работи во „полна пареа“, па затоа потребата за одредени микронутриенти се зголемува. Произведен во Германија Различни форми на администрација Со селектирани микроорганизми Без лактоза и глутен Сертифициран квалитет Одлична поддршка за време на бременоста Помеѓу периодот на оплодување и моментот кога за прв пат ќе го држите во раце вашето новороденче поминуваат многу важни месеци. За време на овој важен период, вашето тело работи многу напорно и затоа се потпира на снабдувањето со сите важни микронутриенти. Урамнотежената количина на микронутриенти не е само основа за добро здравје и благосостојба, туку и помага на вашето бебе да се развива, а вашата бременост да напредува непречено. Снабдување со микронутриенти за време на доењето Потребата за микронутриенти станува сè поголема во периодот на доење. Покрај вашите лични потреби, преку мајчиното млеко вашето бебе ги добива сите хранливи материи кои му се потребни за здрав развој. Самата бременост и раѓањето, исто така, создаваат големи барања за вашето тело, што значи дека на вашата регенерација и благосостојба ѝ е потребна дополнителна активна поддршка. Orthomol Natal – со бенефити за мајката и детето Orthomol Natal ги содржи есенцијалните микронутриенти, потребни за вас и вашето дете (омега-3 масни киселини ДХА, витамин D3, култури на бактерии од млечна киселина) и обезбедува важни хранливи материи за развојот на вашето дете, вашата благосостојба и непречена бременост од времето на зачнувањето. Содржи комбинација на фолна киселина и Quatrefolic® како придонес во нормалниот раст на мајчиното ткиво за време на бременоста. Quatrefolic® е активна форма на фолна киселина која е достапна за телото без претходно да се конвертира и затоа нуди поголема биорасположивост. Нутритивни карактеристики Важни микронутриенти за бременоста и доењето Фолната киселина придонесува за нормален раст на мајчиното ткиво за време на бременоста. Внесот на дополнителна фолна киселина како додаток го зголемува нивото на фолати кај трудниците. Ниското ниво на фолати ги изложува бремените жени на ризик нивниот фетус да развие дефект на невралната туба. Позитивниот ефект е забележлив со дополнително дневно внесување од 500 µg фолна киселина во период од најмалку еден месец пред зачнувањето и до три месеци потоа (целна група: жени во репродуктивна возраст). Железото придонесува за нормално формирањена црвените крвни зрнца и хемоглобинот. Внесувањето на докосахексаеноична киселина (ДХА) придонесува за нормален развој на мозокот и очите на фетусот и доенчето. Позитивниот ефект е забележлив со дневно внесување од 300 mg ДХА, покрај препорачаната дневна доза на омега-3 масни киселини во износ од 360 mg ДХА и ЕПА. Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин. Калциумот, магнезиумот, цинкот, железото,витаминот D, витаминот B12 и фолната киселинаимаат улога во процесот на клеточната делба. Витаминот C, витаминот B6, витаминот B12,витаминот D, фолната киселина, железото, цинкот,селенот и бакарот придонесуваат за нормалнафункција на имунолошкиот систем. Калциумот е потребен за одржување нанормалните коски. Витаминот C, витаминот К, витаминот D,како и цинкот и магнезиумот придонесуваатза одржување на нормалните коски. Витаминот D придонесува за нормалнаапсорпција/искористување на калциумот. Јодот и селенот придонесуваат за нормалнафункција на тироидната жлезда. Калциумот и магнезиумот придонесуваатза нормална мускулна функција. Витаминот C, витаминот B2, витаминот B6,витаминот B12, фолната киселина, ниацинот,пантотенската киселина и магнезиумотпридонесуваат за намалување на замороти исцрпеноста. Производот содржи и култури на бактерииод млечна киселина, лутеин и зеаксантин. Orthomol Natal Форми на администрација Прашок + капсули Пакување 30 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулите, со или по оброк, еднаш дневно. Дневна доза Прашок Омега-3 масни киселини, витамин E,калциум, елементи во трагови Култури на бактерииод млечна киселина Форма на администрација: прашок + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol arthroplus

За остеоартритични промени во зглобовите Како пациент со остеоартритис, премногу добро ги знаете симптомите: болка по периоди на неактивност или дури и болки во зглобовите секогаш кога се движите. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Зглобовите се многу чувствителни и затоа се изложени на ризик да се истрошат. Покрај вежбањето, исхраната е исто така важна за нивното здравје. Произведен во Германија Нов вкус Дел од Колонската листа Докажан квалитет Витамини, минерали / елементи во трагови – за ‘рскавицата и коските Промените во зглобовите како резултат на остеоартритисот ги оптоваруваат ‘рскавицата и зглобовите. Ваквата состојба ја прави важна потребата од зголемување на внесот на хранливи материи како што се глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, колаген хидролизат, хијалуронска киселина и ацетилцистеин кои се наоѓаат во ‘рскавицата, заедно со омега-3 масните киселини (еикозапентаенонска киселина, докосахексаенонска киселина). Придобивките од витаминот C и витаминот E, а исто така и елементите во трагови: цинк, селен, бакар и манган, се важни за зглобните структури. Калциумот, витаминот D и витаминот K се многу важни за одржување на скелетната структура на луѓето со остеоартритис. Во интерес на борбата против допингот, Orthomol arthroplus е вклучен во Kölner Liste® (Cologne List®) за поголема транспарентност и безбедност. Комплекс витамин B – важен за нервите Витаминот B, особено витаминот B12, го „храни“ нервниот систем. Покрај тоа што обезбедува нормално функционирање на истиот, витаминот B игра клучна улога и во растот на нервите и регенерацијата на „истрошените“ нерви. Исто така, го поддржува енергетскиот метаболизам, а избалансираното ниво на витамин B12 ни помага да се чувствуваме помалку заморно и исцрпено. Групата на витамините B се од клучно значење за нашето здравје и имаат значајна улога во многу метаболички процеси. Тие се растворливи во вода и не можат да се складираат во телото. Осумте видови на витамин B се значајни за производство на хормони, влијаат на циркулацијата на крв и се вклучени во метаболизмот на јаглени хидрати, протеини и маснотии. Но, на телото му е потребни повеќе од само витамини B. Мора да се обезбедат и други специфични хранливи материи за да му се даде на истото потребната поддршка во стресните ситуации. Orthomol arthroplus Форми на администрација Прашок + капсули Пакување 30 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулите, со или по оброк. Дневна доза Прашок Омега-3 масни киселини Форма на администрација: прашок + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Immun

Orthomol Immun содржи 25 важни микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови. Производот има докажан успех и 30 годишна доверба во медицинските практики. Произведен во Германија Докажан квалитет повеќе од 20 години Без лактоза и глутен Cologne List Сертифициран квалитет Витамини, елементи во трагови, фитонутриенти Orthomol Immun е погоден за диететски менаџмент на имунолошките недостатоци поврзани со исхраната (на пр. рекурентни респираторни инфекции). Orthomol Immun содржи и важни микронутриенти за имунолошкиот систем. Нутритивните карактеристики на витаминот C играат клучна улога во имунолошката одбрана. На пример, некои имуно компетентни клетки содржат концентрација на витамин C која е околу 10 до 100 пати повисока од плазматските нивоа. Во интерес на борбата против допингот, Orthomol Immun е вклучен во Kölner Liste® (Cologne List®) за поголема транспарентност и безбедност. Нутритивни својства Orthomol Immun е граничен производ, кој содржи витамин C, витамин D и цинк кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, но содржи и други важни микронутриенти. Витаминот A, фолната киселина, витаминот B6, витаминот B12, витаминот C, витаминот D, селенот, железото, бакарот и цинкот, придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот A, рибофлавинот (витамин B2), биототин и ниацинот, придонесуваат за одржување на нормалната слузница (на пример, оралната мукоза). Тиаминот (витамин B1), рибофлавинот (витамин B2), витаминот B6, витаминот B12, пантотенската киселина, ниацинот, витаминот C, биотинот, јодот, манганот, железото и бакарот, придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Витаминот C, витаминот E, рибофлавинот (витамин B2), цинкот, селенот, бакарот и манганот, помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес. Orthomol Immun Форми на администрација Вијала + таблети Прашок Пакување 30 дози 7 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Вијала Фолна киселина Јод Форма на администрација: вијала + таблети За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Пакување 30 дози 15 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулата и таблетата, со или по оброк. Дневна доза Прашок Форма на администрација: прашок За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Fertil plus

Важни хранливи материи за квалитетот на спермата Ако сакате да имате бебе, но оваа желба сè уште не ви е исполнета, тоа може да го оптоварува не само вашето партнерство, туку и вашата самодоверба. Добрата вест е дека и мажите можат да бидат проактивни! Машката плодност може да добие природна поддршка од урамнотежена исхрана која е богата со микронутриенти. Произведен во Германија Без шеќер Без лактоза и глутен Тримесечно пакување Сертифициран квалитет Витамини, минерали, елементи во трагови: за подобар квалитет на спермата Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во големи количини во рибиното масло, вклучуваат докосахексаеноична киселина (ДХА) и еикозапентаеноична киселина (ЕПА). Ова се полинезаситени масни киселини кои се наоѓаат во клеточните мембрани. Важни микронутриенти за машката плодност. Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција, а исто така и за одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта. Селенот придонесува за нормална сперматогенеза. Витаминот B6, витаминот B12 и фолната киселина (фолат) придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеин. Витаминот B12, цинкот и витаминот D имаат улога во процесот на клеточната делба. Бакар, селен, витамин C, витамин E и цинк придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот содржи и Л-карнитин, коензим Q10 и омега-3 масни киселини. Форми на администрација Таблети + капсула Пакување 30 дози 90 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Мултивитамини, ацетилцистеин Л-карнитин, елементи во трагови Омега-3 масни киселини, витамин E, каротеноиди Форма на администрација: таблети + капсула За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Osteo

Важни хранливи материи за коските Коски – издржливи, цврсти, еластични и способни да се регенерираат. Постојат две структурни компоненти кои им ги даваат на коските овие специфични квалитети: влакнестата основна супстанција направена од одредени протеини (колаген) и калциумовите соли складирани во нив, т.е. минералните материи. Произведен во Германија Без лактоза и глутен Cologne List Со вкус на лимон Сертифициран квалитет Витамини, минерали и елементи во трагови Orthomol Osteo содржи витамин D и калциум за одржување на нормални коски. Витаминот D придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот. Калциумот е потребен за одржување на нормалните коски. Витаминот C, витаминот K, витаминот D, како и цинкот и манганот придонесуваат за одржување на нормалните коски. Витаминот C придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на коските. Форми на администрација Прашок Пакување 30 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте, со или по оброк. Дневна доза Прашок Форма на администрација: прашок За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Tendo

Важни хранливи материи за сврзното ткиво Сврзното ткиво се состои од различни видови на ткивa и влакна во телото. Нè поддржува и стабилизира и е вклучено во пренесувањето на силата од мускулите на коските. Еластинот и колагенот се важни компоненти на клетките на сврзното ткиво. Произведен во Германија Без лактоза и глутен Cologne List Со вкус на лимон и грејпфрут Сертифициран квалитет Orthomol Tendo содржи колаген хидролизат, ензими и омега-3 масни киселини. Во интерес на борбата против допингот, Orthomol Tendo е вклучен во Kölner Liste® (Cologne List®) за поголема транспарентност и безбедност. Други нутритивни својства: Манганот придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво. Бакарот придонесува за одржување на нормалното сврзно ткиво. Витаминот C придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на ‘рскавицата и коските. Производот содржи колаген хидролизат, ензими (бромелаин, папаин) и омега-3 масни киселини. Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во изобилство во рибиното масло вклучуваат ЕПА и ДХА. Тие претставуваат полинезаситени масни киселини, кои, воедно се и компоненти на клеточните мембрани. Форми на администрација Прашок + таблета + капсули Пакување 30 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Ензими Прашок Омега-3 масни киселини Форма на администрација: прашок + таблета + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Vital m

Микронутриенти за мажи Познато сценарио: одвај сте завршиле една задача, кога ќе се појави следната. Секојдневниот живот е преполн со барања. Вашето тело е под голем напор, што може да му наштети на здравјето. Заморот, стресот и исцрпеноста се потенцијалните последици. Произведен во Германија За „него“ Различни форми на администрација Без лактоза и глутен Сертифициран квалитет Важни микронутриенти за намалување на заморот и исцрпеноста Во нашето динамично секојдневие, грижата за обезбедување на балансирана исхрана е најчесто последна. Кога времето е ограничено, честопати не се храниме редовно, а под стрес се консумираат брза храна и слатки – сè што е ниско со микронутриенти. Но, и во стресните моменти, многу е важно да му се обезбеди на телото потребното количество на витамини и минерали. Orthomol Vital m е комбинација на микронутриенти за мажи. Содржи важни микронутриенти како што се B витамините и магнезиум за намалување на заморот и исцрпеноста, како и омега-3 масни киселини. Комплекс витамин B – важен за нервите Витаминот B, особено витаминот B12, го „храни“ нервниот систем. Покрај тоа што обезбедува нормално функционирање на истиот, витаминот B игра клучна улога и во растот на нервите и регенерацијата на „истрошените“ нерви. Исто така, го поддржува енергетскиот метаболизам, а избалансираното ниво на витамин B12 ни помага да се чувствуваме помалку заморно и исцрпено. Групата на витамините B се од клучно значење за нашето здравје и имаат значајна улога во многу метаболички процеси. Тие се растворливи во вода и не можат да се складираат во телото. Осумте видови на витамин B се значајни за производство на хормони, влијаат на циркулацијата на крв и се вклучени во метаболизмот на јаглени хидрати, протеини и маснотии. Но, на телото му е потребни повеќе од само витамини B. Мора да се обезбедат и други специфични хранливи материи за да му се даде на истото потребната поддршка во стресните ситуации. Форми на администрација вијала + капсулa Прашок + таблета + капсули Пакување 30 дози 7 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Вијала Фолна киселина, омега-3 масни киселини Омега-3 масни киселини Форма на администрација: вијала + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Пакување 30 дози 15 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулите и таблетата, со или по оброк. Дневна доза Прашок Јод Омега-3 масни киселини Форма на администрација: прашок + таблета + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Mental

Целна поддршка за мозокот, концентрацијата и меморијата Мозокот е без сомнение најфасцинантниот и најкомплексниот орган во човековото тело. Иако едвај сме свесни за тоа, нашиот мозок постојано работи напорно, 24 часа на ден. Ги регулира функциите на сите наши витални органи, ги насочува нашите постапки и е контролен центар за нашата перцепција, концентрација и меморија. Произведен во Германија Без лактоза и глутен Со вкус на маракуја/портокал Микронутриенти за подобри ментални перформанси Сертифициран квалитет Важни микронутриенти за мозокот, концентрацијата и меморијата Пантотенската киселина придонесува за нормални ментални перформанси. Омега-3 масните киселини (докосахексаенска киселина (DHA)) придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот. Витаминот B1 (тиамин), витаминот B2 (рибофлавин), витаминот B6, витаминот B12, биотинот, ниацинот, витаминот Ц и магнезиумот, придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем. Цинкот придонесува за нормална когнитивна функција. Витаминот B2 (рибофлавин), витаминот C и витаминот Е, како и цинкот и селенот, придонесуваат за заштита на клетките од оксидативниот стрес. Форми на администрација Прашок + капсули Пакување 30 дози 15 дози Препорачана доза Растворете го прашокот во 150 – 200 ml вода и консумирајте го заедно со капсулите, со или по оброк, еднаш дневно. Дневна доза Прашок Омега-3 масни киселини Омега-3 масни киселини Фосфолипиди, убихинон Форма на администрација: прашок + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Beauty

Природна убавина одвнатре Како што минува времето, кожата ја губи својата еластичност, затегнатост и влажност. Производството на колаген и количината на хијалуронска киселина во кожата и сврзното ткиво се намалува, што доведува до видливи промени. Благодарение на одбраните состојки, Orthomol Beauty ѝ дава поддршка на кожата одвнатре и дозволува нејзината убавина да зрачи. Длабока убавина. Блескав изглед. Како уникатен производ, Orthomol Beauty ги комбинира колагенот и хијалуронската киселина со иновативниот комплекс фитамин-Q10, кој се состои од фитоекстракт од маслинка, кој во себе содржи коензим Q10 и значајни витамини. Производот содржи и биотин, цинк и селен за одржување на убавината на кожата, косата и ноктите. За добра нега – со колаген и хијалуронска киселина Младата и здрава кожа првенствено се состои од колаген, протеин кој и дава структура и јачина на кожата. Хијалуронската киселина пак, ја регулира нејзината влажност и претставува нејзин главен резервоар за хидратација. Човековиот метаболизам кој природно успорува од 25-тата година, предизвикува значително намалување на снабдувањето со хранливи материи во кожата. Колагенот и хијалуронската киселина природно произведени од телото во кожата и сврзното ткиво, исто така се намалуваат. Уникатна формула за убавина со комплекс фитамин-Q10. Овој комплекс е богат со хидрокситирозол, полифенол. Полифенолите пак, се вредни фитонутриенти кои маслиновото дрво ги користи за да се заштити од надворешните фактори, како животната средина. Затоа, неговиот фитоекстракт станува важен елемент и во нашата формула за убавина. Форми на администрација Вијала Пакување 30 дози 7 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Вијала Форма на администрација: вијала За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk
Orthomol Cardio

Поддршка на кардиоваскуларниот систем Orthomol Cardio е додаток во исхраната, кој содржи важни микронутриенти за нормална срцева функција. Со омега-3 масните киселини ЕПА и ДХА, како и витамин B1 (тиамин), кои придонесуваат за нормална функција на срцето. Производот содржи и полифеноли од какао. Произведен во Германија Засебна јод таблета Без лактоза и глутен Докажан квалитет Важни микронутриенти за нормална срцева функција Витамин B6, витамин B12 и фолна киселина (фолат) придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеинот. Витамин B1 (тиамин), витамин B2 (рибофлавин), витамин B6, витамин B12, пантотенска киселина, ниацин, витамин C, биотин, магнезиум, јод, бакар и манган придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Омега-3 масните киселини докосахексаеноична киселина (ДХА) и еикозапентаеноична киселина (ЕПА), како и витамин B1 (тиамин), придонесуваат за нормална функција на срцето. Поволниот ефект е забележлив со дневно внесување од 250 mg ЕПА и ДХА. Магнезиумот придонесува за нормална мускулна функција, вклучувајќи го и срцевиот мускул. Форми на администрација Прашок + таблета + капсули Пакување 30 дози Препорачана доза За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Дневна доза Прашок Јод Л-карнитин, убихинон Екстракти од црвено вино и какао, омега-3 масни киселини Форма на администрација: прашок + таблета + капсули За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Состав За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk Имате други прашања? За сите дополнителни прашања, контактирајте нè на: orthomol@filafarm.com.mk