många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Здрава исхрана? Се разбира дека да!

ORM-WebHero-090202

Како да го промениме мислењето за здравата исхрана кај децата? Драги родители, ќе се согласите дека честопати подготовката на хранлив и избалансиран оброк за нашите мали супер херои е тешка битка. Мамо, не јадам брокула! Не сакам ни морков! Во едно сме согласни, нашите деца велат дека обожуваат вкусна храна, но во најголем број на случаевите тоа не се однесува на здравата исхрана. Германското друштво за исхрана посочува дека количината на овошје и зеленчук која што ја консумираат нашите деца не е доволна. Истражувањата покажуваат дека децата во просек јадат многу помали количини овошје и зеленчук од препорачаните, а со тоа не ја внесуваат и потребната количина на неопходни микронутриенти, како што се фолната киселина, витамините D и E, јодот, калциумот и железото. Ние постојано размислуваме на оваа тема, па се надеваме дека сте возбудени да ги слушнете нашите креативни стратегии. Здравата исхрана може да ја претворите во забавен училиштен ден. Едноставна импровизирана училница во кујната е одличен начин да ја искористите природната љубопитност на вашите најмили. Верувајте ни, споделувањето забавни факти за здравствените придобивки од различните намирници во фрижидерот може да биде многу забавно. На пр., како портокалите ни помагаат да трчаме побрзо? Или, како спанаќот може да не направи посилни? Предизвикувајќи ја детската љубопитност, возбудливите четива во кујната ќе го направат здравиот оброк победа за целото семејство. Но забавата не завршува тука. Овој пат нашите деца ги покануваме да ни помогнат во подготовка на оброците. Не ја занемарувајте моќта на „Јас, го направив ова!“, „Мамо, јас го измив зеленчукот!“. Времето поминато за подготовка на храната ја зголемува веројатноста кај децата, да го зголемат интересот за она што го јадат. И не само тоа, времето кое заедно го поминувате во осознавање на новите вкусови остава силна импресија кај вашите деца. Познато е дека децата го имитираат вашето однесување. Повторуваат по вас и ги следат вашите постапки, а навиките во исхраната не се исклучок. Затоа, покажете ентузијазам за здравата храна, дозволувајќи им да ја видат вашата возбуда. Така, набљудувајќи ве вас како често уживате во здравиот оброк, децата е поверојатно да го следат вашиот пример. Да не заборавиме, децата не можат рационално да пресудат што е најдобро за нив. Усвојувањето на здрави навики од најмала возраст е особено значајно и има извонредно позитивни ефекти врз нивното целокупно здравје. Оттука, колку порано ги воведете здравите навики, толку полесно децата ќе ги прифатат и ќе создадат здрава врска со храната, која ќе остане за целиот нивен живот. Најважно од сѐ е да бидете трпеливи. Ние во Orthomol, одамна препознавме дека приближувањето на здравата храна до децата е исклучително напорен предизвик. Дали и во кои случаи здравите оброци се доволни за да ги снабдат децата со сите потребни микронутриенти се прашања кои ги имаат многу родители. Orthomol junior C plus останува вашиот таен сојузник. Сојузник кое вашето дете ќе го обожава. Не заборавајте, снабдувањето со витамините и хранливи материи преку насочени додатоци во исхраната е наша мисија која трае цели триесет години. Останете со нас и приклучете се на нашата Orthomol заедница, која останува посветена на вас, вашето здравје и здравјето на вашите најмили. До следната објава. Вашиот Orthomol.

Подготвени за училиште?

ORM-WebHero-090102

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили.  Со едно ќе се согласите: силниот имунитет е клучен во првите недели. Да се биде родител значи да се има и супер моќ. Секогаш размислуваме однапред, нели? Затоа, се решивме и да ви се обратиме.  Сите знаеме дека новата учебна година носи виор од емоции. Повеќе пријатели, повеќе забава и да, повеќе бактерии, а со нив и здодевни настинки! Ќе признаете: никој не сака да се справува со пропуштените училишни денови поради шмркање и кивање. Не сакаме и ние. Затоа го создадовме Orthomol junior C plus! Замислете 25 микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови во форма на таблети за џвакање со вкус на диви бобинки и мандарина. Звучи поприлично неверојатно, нели? И навистина е! Преполн со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси, Orthomol јunior C plus е совршен придружник за враќање во училиште. Богат со витамин D, цинк, калциум и јод, Orthomol junior C plus не само што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем кај децата, туку истовремено придонесува и за нормален раст и развој на нивните коски. И не само тоа, Orthomol junior C plus вклучува хранливи материи, како железото, кои ја поддржуваат когнитивната функција, помагајќи му на вашето дете да остане фокусирано на новите четива и знаења. Да не заборавиме,  училишните денови понекогаш се навистина долги. Новите предмети, домашни задачи и креативни проекти бараат и дополнителна енергија. Ние го препознавме тоа. Затоа, Orthomol јunior C plus e внимателно креиран да ги поддржи потребните нивоа на енергија кај децата, овозможувајќи им да останат активни и фокусирани до последното училишно ѕвонче. Дали можеби заборавивме нешто? Orthomol junior C plus e тестиран и погоден за забите на децата и не содржи лактоза и глутен. Замислете, за најпребирливите имаме уште едно изненадување. Orthomol junior C plus таблетите за џвакање се во форма на автомобил. Ова е нешто на кое вашето дете навистина ќе се радува.  А сега назад кон подготовките. Не ги заборавајте моливите, новите боички и блоковите бидејќи првите ликовни дела се едни од најважните. До следната објава. Вашиот Orthomol.

Микронутриенти: микротитани за оптимално здравје

ORM-WebHero-080102

Доколку мислевте дека витамините и минералите се оние мали ситници за кои честопати нашите мајки знаеја да бидат здодевни, размислете повторно. Микронутриентите се од суштинско значење за нашето здравје и навистина прават значајна разликата помеѓу тоа дали се чувствуваме одлично или како повеќето денес би рекле „онака“.  Прашањето е, што се всушност микронутриентите? Замислете дека сте во улога да составите некој паметен електричен уред. Додека големите делови како екранот и батеријата изгледаат клучни, малите завртки, чипови и оние ситни струјни кола се всушност деловите кои прават сè да работи совршено. Така и микронутриентите. Тие се оние витални делови за нашето тело, кои и покрај тоа што ни се потребни во мали количини, играат огромна улога во одржувањето на нашето здравје.  За да биде уште поедноставно, терминот микронутриенти кој за многумина звучи исклучително комплексно, е всушност генерален термин за витамините и минералите. Витамините, како комплексни органски соединенија создадени од растенијата и животните и минералите како неоргански соединенија, кои постојат во почвата, камењата, водата и во речиси сето она што не опкружува. Секој витамин и минерал има специфична улога во нашето тело, а адекватниот внес на сите потребни микронутриенти е неопходен за оптимално здравје. Но, како да знаеме дека ја внесуваме потребната количината на микронутриенти преку исхраната?  Тука се наоѓа причината зошто нашите мајки сепак, беа во право. Човековото тело, само по себе, не може да ги произведе повеќето микронутриенти, па во најголем дел истите ги внесува преку исхраната. Затоа, здравата исхрана богата со разновидно овошје, зеленчук, мешунки, семиња, а во помала количина месо и млечни производи има големо влијание врз целокупното здравје.  Но, имајте во предвид дека, содржината на микронутриенти во секоја храна е различна. Дополнително, нивниот состав и дејство може да биде променет како резултат на топлина, кислород, светлина или хемиски процеси, што значи дека во колкаво количество би ги имало во храната ќе зависи и од начинот на нејзиното одгледување, нејзината преработката, складирање, но и подготовка, односно готвење.  И, што сега? Сигурно се прашувате, како ќе знаеме на кому му треба повеќе или што конкретно недостасува? За жал модерниот начин на исхрана и живеење, не може да ни ги обезбеди сите потребни микронутриенти во оптимални количини. Дополнително, самиот животен стил ја менува и потребата од истите. Така, професионалниот спортист согорува повеќе калории од канцеларискиот работник. На 15 годишен млад човек му треба повеќе енергија од неговата 80 годишна баба. Снабдувањето со микронутриенти во голема мера ќе зависи и од начинот на живот и индивидуалните потреби на секој од нас. Затоа го создадовме Orthomol. Нашето децениско знаење и истражување во полето на нутриционистичката медицина ни овозможи развој на соодветни комбинации на микронутриенти, прилагодени на специфичните потреби на секој од вас. До следната објава. Вашиот Orthomol.

Ортомолекуларна медицина: поедноставно е од што звучи

ORM-WebHero-070304

Ќе се согласите дека модерната потрага по здравје и виталност знае да биде исцрпувачки процес. Процес со неограничен избор на опции и прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба. И навистина, зар не чувствувате дека потрагата станува секојдневен предизвик, кој честопати прави да се чувствувате како да сте на самиот почеток, одново и одново. Во Orthomol, веруваме дека вистинскиот одговор може да лежи во еден едноставен, но пионерски принцип наречен ортомолекуларна медицина. Но, што поточно е тоа и како може да ви користи? Дозволете ни заедно со вас, да ја откриеме суштината на овој револуционерен пристап кон здравјето. Ортомолекуларната медицина e спој на класичната медицинска наука и комплементарната медицина, кој се фокусира на природната синергија помеѓу хранливите материи и човековото тело. Така, преку искористување на моќта на хранливите материи за да се оптимизира биохемиската рамнотежа на нашето тело, ортомолекуларната медицина се фокусира на индивидуализирана исхрана и суплементација со цел постигнување на оптимално здравје.Ако се вратиме на самите почетоци, терминот за овој тип на медицина е дефиниран од двократниот добитник на Нобеловата награда д-р Лајнус Полинг кој уште во далечната 1968-ма година, ја дефинира ортомолекуларната медицина како „процес на зачувување на здравјето и лекување на болести, преку менување на концентрацијата на супстанции кои вообичаено се присутни во телото и се потребни за здравјето“. Во таа насока, ортомолекуларната медицина ја истакнува вродената способност на телото за ревитализација и постигнување на оптимално здравје, преку обезбедување на потребната нутритивна поддршка.Суштината на ортомолекуларна медицина е холистичкиот пристап кон здравјето, кој препознава дека секој човек е уникатен, со специфични биохемиски потреби кои мора да се задоволат за да се постигне рамнотежа и виталност. Но, сигурно се прашувате која е научната поткрепа зад целиот овој пристап? Она што ја издвојува ортомолекуларната медицина е нејзината посветеност на пракса базирана на докази и персонализирана нега. Втемелена на длабоки научни истражувања, овој тип на медицина се фокусира на идентификување и корекција на нерамнотежата или недостатоците на одредени хранливи материи како што се витамини, минерали, амино и есенцијални масни киселини. Со обновување и оптимизирање на овие витални материи, практичарите имаат за цел да поттикнат средина каде што вашето тело може природно да заздравува и напредува. Без разлика дали се борите со хроничен замор, управувате со стресот или се стремите кон врвни спортски перформанси, ортомолекуларната медицина нуди пристап кој се справува со основните причини за нерамнотежа. Тоа е всушност и верувањето на нашиот тим во Orthomol. Здравјето не е само управување со симптомите. Здравјето значи постигнување целосна виталност, максимизирајќи ја вродената способност на телото да ја поддржува неговата природна способност за заздравување и ревитализација. Затоа, честопати од нас ќе слушнете дека ортомолекуларната медицина не е само термин. За нас таа е филозофија. Филозофија која веќе 30 години е главниот поттик за развој на широка палета на производи богати со најважните микронутриенти создадени да одговорат на специфичните барања на секој од вас. Но, што се микронутриенти? До следната објава.Вашиот Orthomol.