många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја посебна возбуда? Многумина велат, храната е форма на љубов, па и ние би се согласиле со тоа, храната е живот, среќа и задоволство, но и важен дел од нашата радост и традиција. Во Orthomol веруваме дека одржувањето на здравиот начин на живот не значи пропуштање на животните задоволства, особено кога станува збор за храната и желбата да уживаме во празничните вкусови, карактеристични за овој период од годината. Сигурно би се запрашале, како да уживате во секој залак од празничната трпеза, а да не чувствувате вина? Прво, не се чувствувајте виновни поради удобноста на празничниот комфор, но внимателно следете ги знаците на вашето тело. Уживајте во секој залак, но практикувајте свесно јадење. Дополнителните порции на месо, заменети ги со голема порција свежа салата, растителни протеини или храна со висока содржина на растителни влакна. Ваквата храна, ги намалува нивоата на грелин, познат како „хормон на гладот“, кој го стимулира истиот во организмот и го промовира чувство на ситост и полн стомак. Од друга страна пак, салатите се богати со фитостероли, витамини и минерали, кои помагаат во намалувањето на холестеролот. На пример, темнозелениот листест зеленчук, слаткиот компир и тиквите, но и зелката, брокулата и карфиолот се богати со витамини и минерали, содржат помалку калории, а можат да бидат и одлична основа за секој празничен специјалитет. Но, што се случува кога станува збор за слатките? Колку и да се трудиме да се придржуваме до урамнотежената исхрана, секогаш има некое слатко задоволство на кое не можеме да му одолееме. Многумина со нетрпение ги очекуваат чоколадните шишарки, божиќниот куглоф, домашната алва, баклавата и сите оние рецепти со децениска традиција. Би ве советувале да уживате во вкусовите, но внимавајте на рамнотежата во внесот.Внимателно балансирајте ги шеќерите и прекумерната консумација на слатки, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што доведува до енергетски падови, промена во расположението, но и негативно влијаат на имунолошкиот систем. Не заборавајте, храната треба да биде и дел од искуството. Уживајте во секој залак, но трудете се да одвојте време за побавно јадење. Истражувањата покажуваат дека потребни се од 20 до 30 минути по консумирањето на храната, мозокот да ја препознае информацијата за ситост. Затоа, не дозволувајте брзото јадење да води кон прејадување, што на долг рок би можело да резултира и во покачена телесна тежина. На крај, не заборавајте на хидратацијата. Пиењето вода во текот на денот помага во непречено одржување на метаболизмот, го поддржува варењето и го зголемува нивото на енергија, помагајќи ви да се чувствувате добро, дури и после второто парче торта. Посегнувајте по вода, наместо засладени пијалаци и алкохол. Познато е дека за време на празниците, многумина уживаат во вкусот на вареното вино со цимет и портокал, но едноставен трик е да пиете чаша вода пред секој оброк или кога посегнувате по некое вакво „уживање“. Не само што ќе ви помогне да останете хидрирани, туку ќе ви помогне и да се чувствувате сити и задоволни. Здравото празнично искуство не е ограничување, туку правење правилен избор за вас, вашето здравје и тело. Останете насмеани, споделувајте радост и уживајте во празничната магија. До следната година.Вашиот Orthomol.

Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона која носи многу радост, но и многу предизвици. Еден од нив е токму нашиот имунитет, или како што ние честопати сакаме да го наречеме нашата природна, севкупна имунолошка одбрана. За време на зимскиот период, нашиот имунолошки систем се соочува со потежок предизвик од вообичаеното. Студеното време, пократките дневни часови и помалата влажност, создаваат совршени услови за развој на вируси, како грипот и настинките. Дополнително, многумина имаат тенденција да поминуваат поголем дел од времето во затворени простории, зголемувајќи ја изложеноста и ширењето на бактериите. И покрај ова, пократките денови носат и други предизвици. Па така, недостатокот на сончева светлина во текот на зимските месеци може да доведе до дефицит на витамин D, витална хранлива материја која игра клучна улога во функцијата на нашиот имунолошкиот систем. Како друг главен фактор е и неурамнотежената исхрана. За време на зимските денови, исполнети со многу празнични моменти, стануваме помалку внимателни за типот и количината на храна која ја консумираме, особено онаа која е богата со микронутриенти, клучни за имунолошката компетентност на нашиот организам. Но, кои се тие микронутриенти и зошто се толку значајни за нашиот имунолошки систем во зима? Дел од микронутриентите вклучени во процесите за создавање на природна имунолошка одбрана ги вклучуваат: витамините А, C, D и E и елементите во трагови, како селенот и цинкот. Овие компоненти имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и активирање на одбраната од микробите, како што се бактериите и вирусите. Витаминот C на пример, е познат по своите антиоксидантни својства и неговата способност да го стимулира производството на бели крвни зрнца, кои помагаат во борбата против инфекциите. Витаминот D пак, познат како „витамин на сонцето“, има суштинско значење во процесот на активирање на имунолошките одговори на нашиот организам и во намалување на воспалението. Од друга страна пак, цинкот го поддржува развојот и функцијата на имуните клетки и му помага на телото да се бори против инфекциите. Селенот има антиоксидантни својства кои ги штитат клетките од оштетување, а исто така игра клучна улога и во одбранбените механизми на телото. Кога станува збор за железото, тоа е од суштинско значење за транспортот на кислород во крвта и поддршка на производството на имуните клетки.Недостатокот на било кој од овие микронутриенти може да го ослаби имунолошкиот систем, а со тоа и неговата способност за одбрана. Нашата задача во Orthomol е да се осигуриме дека вие, вашето семејство и вашите најблиски можете целосно да се препуштите на убавините на снежната сезона. На планинските прошетки, на спортските авантури и на сѐ она кое ве прави среќни. Без настинки, здодевни вируси и денови поминати дома. Како комбинација од 25 микронутриенти меѓу кои, витамини, фитонутриенти и елементи во трагови, нашиот Orthomol Immun ја зајакнува имунолошката одбрана одвнатре и му овозможува на вашето тело урамнотежена секојдневна поддршка. Ние го нарекуваме чувар на вашето здравје. Затоа, оваа зима, не го оставајте вашиот имунитет на случајност. Одвојте миг да го подготвите за она што ви претстои, преку соодветна нутритивна поддршка. Останете силни. Останете здрави. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини, првиот декемвриски ветар задолжително носи едно мало „апчиха“. Без разлика дали е од студеното време, од браќата и сестрите или од училиште, микробите се присутни насекаде. Едно е сигурно, малото „апчиха“, набрзо прераснува во кашлање. И тука веќе се прашувате: дали можеби ова е првиот знак за недостаток на одредени витамини? Можеби витамин C? Витаминот C е моќен антиоксиданс кој помага во заштита на клетките од оштетување, ги поддржува природните одбранбени механизми на телото и помага во апсорпција на железото од храната. За децата, овие процеси се од суштинско значење. Но, како да бидете сигурни дали вашето дете навистина ги исполнува дневните потреби за витамин C? За многу од нас, настинките се првата асоцијација за потенцијален недостаток на витамин C кај децата. Тој е добро познат по неговата способност да го поддржува имунолошкиот систем, директно влијаејќи на целокупната одбранбена моќ на телото. Недостатокот на оваа суштинска хранлива материја може да го намали имунолошкиот одговор кај децата, што ја отежнува способноста на телото да се бори со инфекциите и вирусите. Но, внимавајте, многу родители, симптомите поврзани со недостатокот на витамин C можат да ги измешаат со настинка, занемарувајќи ја клучната улога на оваа хранлива состојка. Затоа е многу важно да ги препознаеме и останатите потенцијални симптоми кои можат да укажат дали станува збор за недостаток од овој витамин. На пример, здравјето на кожата. Здравата кожа зависи од производството на колаген, а замислете витаминот C има клучна улога во неговото производство. Ако кожата на вашето дете изгледа сува, груба или иритирана, тоа може да биде важен показател. Во многу случаи недостатокот на витамин C, може да доведе и до побавно заздравување на исечениците и модринките, кои може лесно да ги забележите со оглед на тоа што се составен дел од палавото детство на нашите мали супер херои. Посветете внимание на истите, бидејќи брзото добивање на модринки од помали повреди кои и не би требало да резултираат во модринка можат да биде клучен сигнал. Но, недостатокот на витамин C може да се забележи и преку оралното здравје. Здравите непца се од витално значење, а недостатокот на витамин C често може да резултира во отечени и крвави непца. Па затоа, не ја занемарувајте промената на непцата додека вашето дете ги мие запчињата. Тука се и заморот и исцрпеноста или, како што секој родител би кажал, онаа ненадејна „раздразливост“ кај децата. Веројатно нема термин кој би ја опишал оваа појава, но со ова однесување се соочил секој родител, а одговорност може со сигурност да најдеме и во недостатокот на витамин C. Тој e вклучен во производството на невротрансмитери кои го регулираат расположението и енергијата кај децата, а недостаток на овој клучен витамин може да предизвика вашето дете да се чувствува невообичаено уморно и нерасположено. Но, повторно, останува прашањето како да бидете целосно сигурни дали вашето дете навистина ги исполнува дневните потреби за витамин C? Подготвени за деновите кога имунолошкaта одбрана ќе потфрли, го создадовме нашиот Orthomol Junior c plus. Микронутритивен додаток во исхраната, богат со 25 микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови, во форма на таблети за џвакање со вкус на диви бобинки и мандарина. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Како влијаат утрата на здравјето?

Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година? Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само на вашето расположение, туку и на имунитетот, нивото на енергија и целокупната благосостојба. Замислете дека го започнувате секое утро со збир на секојдневни навики кои не само што ќе ви овозможат добро расположение, туку и ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем и ќе ви помогнат да се чувствувате добро во текот на целата година. Сè започнува со една едноставна работа – цел. Како ќе изберете да ги поминете првите неколку часа наутро може да има влијание врз остатокот од денот. Затоа, денес сакаме да зборуваме за неколку едноставни, но ефективни начини со кои можете да ги надополните вашите утра. Би започнале со хидратацијата. По осум часа сон, на вашето тело му се потребни течности. Замислете ја водата како будилник за вашиот метаболизам, овозможувајќи му да ги исфрли непотребните токсини и да го подготви телото да ги апсорбира хранливите материи во текот на денот. Потоа следува појадокот. Одберете храна која го поттикнува вашето тело и го зајакнува вашиот имунолошки систем. Свежото овошје, лесните сендвичи од интегрален леб, хумус и растителни намази или интегралните житарки во комбинација со семки или јаткасти плодови можат да обезбедат одлична рамнотежа на влакна, здрави масти и антиоксиданти кои на вашето тело му се секогаш добредојдени. За жал, многумина од нас не консумираат или ја консумираат многу поретко од препораките на светските експерти, храната богата со хранливи материи. Истражувањата покажуваат дека 75% од населението не успева да ja задоволи минималната дневна препорака за внес на потребното количество на овошје и зеленчук во текот на денот. Ова резултира во значителни недостатоци во снабдувањето со повеќето микронутриенти, клучни за имунолошката одбрана. Па сигурно ќе се запрашате, како може да го промениме тоа? Како може да го задоволиме внесот на сите потребни микронутриенти важни за имунолошкиот систем? Всушност овие прашања ги имавме и ние. Токму тие нè инспирираа да го најдеме одговорот. Одговорот е поддршка. Нашиот Orthomol Immun e креиран за таа цел. Полн со есенцијални витамини и минерали, како витамин C, витамин D, цинк и селен, Orthomol Immun е совршена поддршка за вашата утринска рутина. Ја поддржува нормалната функцијата на имунолошкиот систем, го зајакнува енергетскиот метаболизам, но и ги заштитува клетките од оксидативен стрес. Едноставно, ја обезбедуваа онаа мала дополнителна помош која ви е најпотребна.  Запознаени сме со брзото темпо на живот, но исто така знаеме дека грижата за вашето здравје не мора да биде комплицирана. Лесната форма на администрација нема да ви одземе ниту една минута. Во форма на таблети, вијали за директна употреба или прашок за брзо растворање, вашата дневна поддршка, богата со повеќе од 25 микронутриенти е создадена за брзите утра. Создадена за сите нас кои мислат дека утрата се премногу кратки за да завршиме сите обврски навреме. Па, зошто да не започнете веднаш? Без разлика дали сакате да го зајакнете вашиот имунитет, да се борите против стресот или едноставно да ги подобрите дневните нивоа на енергија, време е вашето здравје да биде на прво место. Секое утро и секој ден. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Зошто во подоцнежните години, мажите се посреќни од жените ?

Како што старееме, нашите приоритети се менуваат.Размислуваме повеќе за нашето здравје, за семејство, па и за задоволството од животот. Но, она што е интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека мажите со стареењето имаат тенденција да бидат посреќни? Фасцинантен факт, нели? Затоа, во месецот посветен на машкото здравје и благосостојба, сакавме заедно со вас да откриеме што се крие зад овој тренд. Зошто мажите, статистички гледано, имаат тенденција да бидат посреќни од жените во своите подоцнежни години? Факторот здравје, е првиот сегмент кој дава објаснување на родовиот јаз во среќата. И покрај подолгиот животен век, по менопаузата жените се изложени на поголем ризик од здравствени состојби како, остеопороза, артритис и депресија. Овие здравствени предизвици можат значително да ја отежнат нивната емоционалната благосостојба. Мажите пак, во нивните 60-ти и 70-ти години истакнуваат дека се во „добро“ или „одлично“ здравје. И покрај тоа што и мажите на оваа возраст се соочуваат со низа здравствени предизвици, истражувањата покажуваат дека истите се соочени со помалку хронични, исцрпувачки болести кои ја ограничуваат нивната мобилноста и независност. За многу од нив, ова се претвора во подобар квалитет на живот, а тоа може да биде главен фактор за повисокото ниво на среќа. Хормоналните промени кои доаѓаат со стареењето, играат значајна улога. Мажите доживуваат постепено опаѓање на нивото на тестостерон, кое влијае на нивното расположение, енергијата и либидо. Сепак, овие промени се често посуптилни од хормоналните флуктуации со кои се соочуваат жените. За многу жени, падот на естрогенот по менопаузата може да доведе до промени во расположението, анксиозност и депресија. Според Медицинскиот факултет на Харвард, околу 60% до 70% од жените доживуваат симптоми поврзани со расположението по менопаузата, во споредба со само 30% до 40% од мажите кои се соочуваат со слични емоционални промени поврзани со падот на тестостеронот. Социјалниот фактор пак, отвара уште една интересна перспектива поврзана со среќата. Мажите имаат тенденција да имаат помали, постабилни социјални кругови, често потпирајќи се на својот сопружник или на неколку блиски пријатели за поддршка. За нив, ова обезбедува доволна емоционална стабилност, време за себе и грижа за сопственото ментално здравје. Жените пак, се во сосема поинаква позиција. Се грижат за семејството, домашните обврски, но и нивните социјални кругови, сето тоа додека се обидуваат да најдат време за сопствената благосостојба. Студиите покажуваат дека жените имаат тенденција да преземаат поголема одговорност и грижа за нивните сопружници, пријатели и семејство, што може да доведе до повисоки нивоа на стрес, помалку време за себе, а со тоа и помалку ментална енергија да се фокусираат на сопствената среќа. Да не заборавиме и на финансискиот фактор. Финансиската сигурност одигрува огромна улога во среќата, особено во нашите подоцнежни години. Така, во просек, мажите имаат тенденција да имаат поголеми заштеди, пензија, а со тоа и поголема финансиска стабилност.Оваа финансиска состојба обезбедува чувство на сигурност, го намалува стресот и овозможува поудобно и посреќно пензионирање. За жал, родовиот јаз во платите сè уште ги остава жените во помалку поволна финансиска положба од мажите. Истражувањата покажуваат дека 14% од жените над 65 годишна возраст живеат под прагот на сиромаштија. Едно е сигурно. Без разлика на полот, среќата во подоцнежните години е достижна за секого. Во Orthomol веруваме дека клучот за напредување во подоцнежните години од животот зависи од тоа какви промени можеме да направиме денес. Инвестирајте во вашето здравје, посветете повеќе време за себе и правете го она што ве прави навистина среќни.Најсреќните години од вашиот живот би можеле да претстојат доколку сте подготвени целосно да ги прифатите. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Време е да станам татко?

Замислете го ова: се подготвувате за една од најголемите одлуки во животот и сакате да го дадете најдоброто од себе, сакате да станете татко.  Идејата да се биде родител носи посебна возбуда. Помислата да го држите вашето дете за прв пат, да го водите низ животните авантури и да го гледате како расте е една сосема поинаква животна цел. Би се согласиле дека оваа мисла поттикнува нешто длабоко во вас. Сепак, за многумина патот до родителство е потежок отколку што претпоставувате. Приближно еден од осум парови доживуваат неплодност, а во околу 40% од овие случаи, вие сте оној на кој му е потребна помош. Ова значи дека околу 15% до 20% од мажите во општата популација се соочуваат со проблеми поврзани со плодноста. Нарушувањата на машката плодност најчесто се должат на намалениот квалитет на спермата, што е еден од клучните фактори кога планирате да имате дете. Оваа тема честопати е табу и не се споделува. Ние сакаме да го промениме тоа. Сакаме да зборуваме за вашето репродуктивно здравје. За предизвиците со кои се соочувате на патот да станете родители и за квалитетот на спермата како важен предуслов за истото. Сакаме да ве поддржиме во ова патување и да се осигуриме дека сте во најдобра форма, како? Преку природна поддршка поттикната од урамнотежена исхрана богата со микронутриенти. Веруваме дека звучи неверојатно, но научните студии веќе одамна го потврдија тоа. Плодноста може да биде поддржана од микронутриентите кои природно се присутни во нашата храна, а имаат позитивен ефект врз клеточната делба и сперматогенезата, пред сè поради нивните нутриционистички карактеристики. Но, тука сигурно ќе прашате: кога и како ќе знаете во колкаво количество ги внесувате истите? Која храна треба почесто да ја консумирате?  Ние го направивме тоа за вас. Препознавме дека ефектите на поединечните микронутриенти се надополнуваат едни со други и дека вистинската комбинација е од суштинско значење за вас. Така, го создадовме Orthomol Fertil plus.  Цинкот во Orthomol Fertil plus придонесува за нормална плодност и репродукција, но и одржување на нормалното ниво на тестостерон во телото. Селенот пак, е одговорен за поддршка на нормалната сперматогенеза, а заедно со бакарот, витаминот C, витаминот Е и цинкот придонесува и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Од друга страна пак, моќта на ортомолекуларната формула се состои и во богатото количество на витамините B6, B12 и D, кои придонесуваат за нормален метаболизам на хомоцистеинот и клеточната делба. Заедно со сите останатите важни состојки, во кои влегуваат и Л-карнитинот, коензимот Q10 и омега-3 масните киселини, Orthomol Fertil plus ги подобрува шансите да основите семејство, преку директно подобрување на квалитетот на спермата од аспект на трите клучни параметри: подвижност, форма и густина. Како најдобро да го сфатите тоа? Како засилување за вашите пливачи, опремувајќи ги со енергија, еластичност и сила потребна за да стигнат до нивната крајна цел – јајце клетката. Сите знаеме дека полесно е да се каже отколку да се направи, но ве предизвикуваме да се обидете. Со мали, но значајни промени во животниот стил и поддршка од Orthomol Fertil plus, вашето патување ќе добие нова смисла.  До следната објава. Вашиот Orthomol

Бремена и моќна. Зошто секоја мајка зборува за Orthomol Natal?

Здраво, прекрасни идни мајки!Мора да признаеме дека веќе го имате неверојатниот сјај кој го носи бременоста. Едноставно, мајчинството прави да се чувствувате поубаво, зар не?Периодот пред, за време на бременоста, но и доењето се навистина посебни фази во животот на многу мајки. Веќе со сигурност го замислувате и првото „мамо“. Возбудата е секогаш голема.Но дали слушнавте? Се чини дека Orthomol Natal е главна тема во преднаталните разговори на многу мајки. Ние би се согласиле. Затоа од нас може честопати да слушнете дека микронутриентите се голема радост за секоја трудница. Радост, која може да се постигне со многу мала поддршка од наша страна. Да тргнеме од почеток. Доколку сте целосно искрени би се согласиле дека желбата за одредена храна за време на бременоста знае да биде голема. Можеби чизкејк? Сладолед? Многу мајки би ја зголемиле оваа листа со вкусови и желби кои вообичаено и не ги посакувале пред бременоста.Едно е сигурно, потребите за енергија кај трудниците се зголемуваат за околу 200 до 300 калории на ден, приближно за плус 13%, почнувајќи од четвртиот месец на бременоста. Но тоа истовремено значи дека и желбата за одредена храна за време на бременоста, може да доведе до не избалансирана исхрана, сиромашна со микронутриенти. Земајќи го тоа во предвид, ние го создадовме Orthomol Natal. Граничен производ кој не само што го поддржува вашето здравје, туку и го надополнува со избалансирана комбинација од витамини, минерали и есенцијални хранливи материи кои ја покриваат секоја нутритивна потреба што ја имате вие и вашето бебе. Ние ја нарековме тајната зад поздрава и посреќна бременост. Зошто? Orthomol Natal нуди сеопфатно снабдување со сите микронутриенти кои се препорачуваат за време од пред зачнувањето, па сѐ до завршувањето со доење. Помага вашата бременост да се одвива непречено, го поддржува здравиот развој на вашето дете, истовремено овозможувајќи ви да останете во добра благосостојба во текот на сите три фази. Не заборавајќи дека вашето тело работи со „полна пареа“, ние се осигуравме да создадеме производ кој ќе му обезбеди на вашето тело доволна количина на сето она што му е потребно. Пред бременостБалансирана исхрана со сите потребни микронутриенти кои не секогаш може да ги обезбедите преку исхраната можат значително да ја подобрат вашата плодност. БременостЗа време на бременоста, но и откако ќе се породите на вашето тело му е потребна балансирана комбинација на микронутриенти кои ќе ја зајакнат ваша психолошка и физичка благосостојба. ДоењеДодека доите пак, потребни ви се дополнителни микронутриенти бидејќи покрај вашите, вие мора да ги задоволите и барањата на вашето бебе преку мајчиното млеко, кое во тој момент е најважниот извор на хранливи материи за правилен раст и развој. Веќе со сигурност сте љубопитни да ги дознаете сите нутритивни карактеристики на Orthomol Natal? Прочитајте повеќе на нашата веб страна, а во меѓувреме не заборавајте да се придружите на нашата заедница на моќни мајки. Останете моќни.Останете супер-мајки! Вашиот Orthomol.

Месец за тебе. Месец за виталност и женско здравје.

Нè радува есента која секоја година е гласен потсетник за нешто кое е навистина суштинско: женската виталност и здравје. Ќе се согласите дека секојдневието на секоја жена бара постојани прилагодувања. Да бидеме успешна на работа, да се грижиме за семејството, но и навремено да ги извршуваме домашните обврски. И додека можеме се, колку вистински имате енергија да се посветите на работите во кои целосно уживате? На вашето здравје и благосостојба, но и работите кои претходно ве правеле многу среќни, желбата за хоби и спонтаната прошетка со пријателите. Размислете за вашата дневна рутина. Се будите рано наутро за да подготвите појадок за целото семејство, да се справите со преполниот работен распоред, но и да завршите барем мал дел од домашните обврски. И додека трепнете, денот започнал. По него и попладнето посветено на децата, а веќе е време да се подготвите за денот кој следи.  Секојдневието на една жена е импресивно, но може да биде и исцрпувачко! Со толку многу обврски, не е ни чудно што многумина од нас веќе до крајот на денот се чувствуваме целосно исцрпени. Прашањето е како да го надополниме тоа? Како да се справиме со последиците на малаксаност, исцрпеност, хроничен замор и стрес? Би кажале со сигурност дека континуираниот стрес не треба да се занемарува. Заедно со него и сигналите кои ги испраќа вашето тело. Исхраната игра витална улога во одржувањето на нивото на енергија и целокупното здравје. Полесно е да се потпреме на брза закуска или кафе со висока доза кофеин, но вистинските хранливи материи се оние кои можат да направат значителна разлика. Урамнотежената исхрана богата со витамини и минерали е онаа која го поттикнува нашето тело и ум. Го поддржува множество на биохемиски процеси во телото и ни дава енергија. Дали знаевте дека нашата специфична ортомолекуларна комбинација Orthomol Vital f може да го направи тоа? Orthomol Vital F го создадовме за таа цел. Специфично дизајниран да ги земе во предвид потребите на жените ширум светот, Orthomol Vital f ги обезбедува сите основни хранливи материи кои го поддржуваат енергетскиот метаболизам, имунолошката функција и виталност. Сфатете го како ваша дополнителна доза љубов и поддршка.  Богат со омега-3 масни киселини, витамини B, магнезиум и калциум, Orthomol Vital f овозможува лесно менаџирање на хроничниот замор, осигурувајќи дека вашето тело е подготвено да се справи со негативното влијание на стресот и нарушениот енергетски метаболизам. Ортомолекуларната формула е дополнително збогатена со витамин C, E, селен и цинк, кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес, односно неконтролирано создавање на слободни кислородни радикали кои доведуваат до низа хронични болести. Ние ја нарековме формула за супер жени. Не заборавајте, сѐ во животот е рамнотежа! А онаа во нашето тело е најважната. Затоа, додека храбро го славиме месецот на женското здравје, одвоите момент за себе. Момент за вашата виталност и здравје. До следната објава. Вашиот Orthomol.

Витални микронутриенти за здраво срце

Секој посакува здрав и долг живот, а здравиот кардиоваскуларен систем е важен предуслов за тоа. Честопати слушаме за различните видови на масти, протеини и јаглехидрати кои можат да го поддржат нашето кардиоваскуларно здравје, но во разговорот недостасува една клучна компонента: микронутриенти. Прашањето е колку навистина сме свесни за ефектот кој поединечните микронутриентите го имаат врз здравјето на нашето срце? Неоптималните диететски практики се најголемиот непријател на кардиоваскуларното здравје, па оттука е и изреката „Ние сме тоа што го јадеме“. Нашата цел е со Orthomol Cardio да го промениме тоа. Создадовме производ кој е погоден за сите кои сакаат да ја надополнат својата исхрана со богат извор на микронутриенти, подготвени да ја подржат нормалната функција на срцето и крвните садови. Од нас, честопати и ќе слушнете дека Orthomol Cardio e всушност сѐ што вашето срце посакува. А токму денес ќе ви откриеме и зошто. Ќе се согласите дека јадеме премалку риба. Планирањето на два неделни оброци кои вклучуваат риба полека исчезна од нашите неделни пазарувања. И навистина, според „Германското друштво за исхрана“, многу луѓе јадат сè помалку риба од препорачаното. Морската риба, како лососот, скушата и харингата се богат извор на полинезаситените омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат нормалната функција на срцевиот мускул. Затоа, за нас во Orthomol беше особено важно да го вклучиме потребниот дневен внес од 250 mg еикозапентаенонска киселина (EPA) и докосахексаеноична киселина (DHA) во нашиот Orthomol Cardio. Не заборавајте, моќните антиинфламаторни и антитромботични својства на омега-3 масните киселини играат огромна улога во превенција и менаџирање на кардиоваскуларни болести. Но, тука е и Витаминот B1 (тиамин). Можеби веќе знаевте дека тиаминот е застапен во грашокот, оревите, гравот и сојата, но дали знаевте дека овој есенцијален витамин му помага на телото да ја претвори храната во енергија? Витаминот B1 е всушност првиот витамин кој е научно откриен. Фасцинантен факт! Но, уште пофасцинантна е неговата функција во поддршка на срцевиот мускул, тој е основниот енергетски двигател на клетките во нашето тело.  Групата на витамини и минерали кои се содржат во Orthomol Cardio е уште поголема. Витаминот B2 (рибофлавин), витаминот B6, витаминот B12, пантотенската киселина, ниацинот, витаминот C, биотинот,  јодот, железото и манганот имаат подеднакво важна улога во поддршка и придонес за нормалниот енергетски метаболизам. Дополнително, витаминот B6, витаминот B12, како и фолната киселина придонесуваат за нормалниот метаболизам на хемоцистеинот.  Да не го заборавиме и магнезиумот. Магнезиумот е клучен микронутриент во Orthomol Cardio, но е и клучен за здравјето на срцето. Одговорен за правилна електрична сигнализација и мускулни контракции на срцето, магнезиумот може да го намали ризикот од мозочен удар, срцева слабост и дијабетес. И додека семките од тиква, индискиот орев, интегралниот леб, но и бадемите и кикиритките се одличен извор на диететски магнезиум, тој е составен дел и од нашата Orthomol Cardio формула.  Во Orthomol, веруваме дека разбирањето на моќта на микронутриентите е првиот чекор кон поздраво срце. Затоа, останете посветени на вашето здравје, а вашето срце ќе ви се заблагодари. До следната објава. Вашиот Orthomol.

Колку го познавате вашето срце?

ORM-WebHero-090204

Сите го знаеме она добро познато чувство – чувство кога срцето ни забрзува од некоја ненадејна посета, возбудлив филм или неочекувана информација, а можеби и прегратка. Но, дали некогаш сте размислиле колку навистина го познавате овој неверојатен орган? Како централен дел од циркулаторниот систем, срцето е еден од најважните органи во нашето тело, но и еден од најфасцинантните. Срцето е орган кој работи 24/7, а неговата големина е приближна на само една човечка тупаница. Сепак, и покрај неговата симболична големина во споредба со остатокот на нашето тело, срцето успева секојдневно да чука седумдесет и два пати во минута, или речиси сто илјади пати дневно. Тоа се приближно триесет и пет милиони отчукувања годишно. Замислете, дневно срцето создава енергија која би можела да биде доволна за еден камион да вози цели триесет и два километри. Како еден од најкомплексните и веројатно највиталните органи во телото, срцето управува и е буквално одговорно за речиси сите делови на нашето тело. Преку аортата или главната и најголема артерија во организмот, срцето ја спроведува крвта богата со кислород и сите потребни хранливи материи во организмот. Замислете, околу дваесет проценти од целата испумпана крв се насочува директно кон мозокот, дваесет и пет проценти пак, навлегуваат во бубрезите, каде се филтрираат разните отпадни материи, а остатокот се распределува во белите дробови, црниот дроб и во другите витални органи. Оттука, разбирањето на овој проток, всушност е и главниот начин како може да разбереме, дали и колку доволно правиме за да го одржиме неговото здравје. Прашањето е колку навистина размислуваме на оваа тема? Велат, здравјето на срцето е всушност прашање за начинот на живот. Како го менаџираме стресот? Начинот на кој пристапуваме кон грижата за сопствената благосостојба, но и дали водиме сметка за исхраната, физичката активност и грижата за нашето тело. Поставете си ги едноставните прашања како: колку често го оставам автомобилот и одбирам да пешачам до работното место? Или, колку често внимавам на исхраната, алкохолот и цигарите? Запомнете, грижата за сопственото срце значи грижа за сопствениот живот. Во нашата следна објава ќе зборуваме токму на оваа тема, истражувајќи ги специфичните микронутриенти кои можат значително да го зајакнат вашето кардиоваскуларно здравје. Дотогаш, одвојте момент да го цените вашето срце и да се заложите повеќе за неговата целокупна благосостојба. До следната објава. Вашиот Orthomol.