Колку го познавате вашето срце?

Сите го знаеме она добро познато чувство – чувство кога срцето ни забрзува од некоја ненадејна посета, возбудлив филм или неочекувана информација, а можеби и прегратка. Но, дали некогаш сте размислиле колку навистина го познавате овој неверојатен орган?

Како централен дел од циркулаторниот систем, срцето е еден од најважните органи во нашето тело, но и еден од најфасцинантните. Срцето е орган кој работи 24/7, а неговата големина е приближна на само една човечка тупаница. Сепак, и покрај неговата симболична големина во споредба со остатокот на нашето тело, срцето успева секојдневно да чука седумдесет и два пати во минута, или речиси сто илјади пати дневно. Тоа се приближно триесет и пет милиони отчукувања годишно. Замислете, дневно срцето создава енергија која би можела да биде доволна за еден камион да вози цели триесет и два километри.

Како еден од најкомплексните и веројатно највиталните органи во телото, срцето управува и е буквално одговорно за речиси сите делови на нашето тело. Преку аортата или главната и најголема артерија во организмот, срцето ја спроведува крвта богата со кислород и сите потребни хранливи материи во организмот. Замислете, околу дваесет проценти од целата испумпана крв се насочува директно кон мозокот, дваесет и пет проценти пак, навлегуваат во бубрезите, каде се филтрираат разните отпадни материи, а остатокот се распределува во белите дробови, црниот дроб и во другите витални органи. Оттука, разбирањето на овој проток, всушност е и главниот начин како може да разбереме, дали и колку доволно правиме за да го одржиме неговото здравје.

Прашањето е колку навистина размислуваме на оваа тема?

Велат, здравјето на срцето е всушност прашање за начинот на живот. Како го менаџираме стресот? Начинот на кој пристапуваме кон грижата за сопствената благосостојба, но и дали водиме сметка за исхраната, физичката активност и грижата за нашето тело.

Поставете си ги едноставните прашања како: колку често го оставам автомобилот и одбирам да пешачам до работното место? Или, колку често внимавам на исхраната, алкохолот и цигарите?

Запомнете, грижата за сопственото срце значи грижа за сопствениот живот.

Во нашата следна објава ќе зборуваме токму на оваа тема, истражувајќи ги специфичните микронутриенти кои можат значително да го зајакнат вашето кардиоваскуларно здравје.

Дотогаш, одвојте момент да го цените вашето срце и да се заложите повеќе за неговата целокупна благосостојба.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските. За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа

Orthomol

Добредојде на сезоната на обнова и промени

Пролетта доаѓа, a со неа и чувството на обнова и свежи почетоци. Деновите стануваат подолги, растенијата почнуваат да се будат, а свежата енергија полека се чувствува во воздухот. Но, колку и да е возбудлива промената на сезоната, таа е потсетник дека време е да посветиме внимание и на нашето тело,

Orthomol

Дали типот на додатоци во исхраната е ист за сите?

Сигурно сте се запрашале, дали додатоците во исхраната се универзални за сите? Мажите и жените имаат различни потреби за внес на хранливи состојки, кој зависат од многубројни фактори. Хормоните, мускулната маса, но и густината на коските и метаболизмот имаат огромно влијание врз тоа, како се апсорбираат, користат, па дури и

Orthomol

Есенцијата на маслиновото дрво, преточена во формула за долготрајна убавина

Секој од нас посакува да ја сочува природната убавина. Таа е одраз на внатрешната хармонија на телото и духот. Низа внатрешни и надворешни фактори, како стресот, начинот на исхрана, брзото животно темпо, но и генетиката и хормоните влијаат на процесот на стареење. Добрата вест е дека овие фактори во одредени

Orthomol

20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските. За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.