många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото, нашиот имунолошки систем доживува процес на стареење при што севкупната заштита ја губи својата сила. Добрата вест е дека можеме многу да направиме за да ја одржиме силна нашата имунолошка одбрана. Силниот имунолошки систем е првенствено прашање на правилната исхрана, па затоа урамнотежената исхрана, богата со сезонско овошје и зеленчук треба да добие најголем приоритет во вашата исхрана. Аспарагус во пролет, јагоди во лето, јаболка во есен. Да, јадете што е можно повеќе сезонски овошки и зеленчук или како што ние би кажале „плодови од сите бои на виножитото“. Многумина веднаш ќе прашаат: што со дополнителната поддршка? Дали диететскиот менаџмент на имунолошките недостатоци поврзани со исхраната влијае на одбраната? Се разбира дека да. Правилното снабдување и суплементација на телото со потребните витамини и минерали е неопходно. Додатоците во исхраната не се замена за здрава исхрана, но постојат доволен број причини, зошто поддршката на имунолошкиот систем е важна. Одбраната на телото работи правилно, само ако е соодветно снабдена со хранливи материи, кои не секогаш можат да бидат обезбедени преку исхраната. Така, организмот користи поголема количина на микронутриенти кога се бори против вирусите и инфекциите, па затоа внесот на дополнителна целна поддршка од микронутриенти игра клучна улога во имунолошката компетентност. Витамините А, C, D, и Е, како и цинкот и селенот, се особено важни кога размислувате за зајакнување на вашиот имунолошкиот систем. Тие имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и одбраната од микроби, како што се вирусите и бактериите. Од друга страна пак, тие се вклучени и во бројни метаболички процеси во телото, вклучувајќи ги мускулите, коските, но и заштитата на клетките од оксидативен стрес. Други микронутриенти кои придонесуваат за нормално функционирање на вашиот имунолошки систем се и витамините B, односно B6 и B12, фолната киселина (која исто така припаѓа на витамините од групата B) и елементите во трагови како железото и бакарот. Како што може да забележите, за нас, микронутриентите имаат посебно значење. Препознавајќи ја сложеноста на задачите што ги извршува имунолошкиот систем, неговото функционирање е наша посебна заложба. Затоа, го создадовме Orthomol Immun. Имуно-специфична комбинација наменета за диететски третман на имунолошки недостатоци поврзани со исхраната. Orthomol Immun содржи повеќе од 25 важни микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови кои докажано ја намалуваат фреквенцијата на инфекциите. Замислете го како дополнителна поддршка за заштита на вашиот одбранбен механизам во текот на целата година. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел зависи од начинот на живот, па веднаш ќе прашаме: колку физичката активност е составен дел од вашиот живот? Би се согласиле дека помислата да се трча маратон или да се поминуваат часови во теретана за некои луѓе звучи исцрпувачки.Ќе се изненадите доколку ви споделиме дека истражувањата покажуваат дека 30-минутно умерено вежбање, пет дена во неделата, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и до триесет проценти. Па и не звучи толку лошо, нели?Малите промени, како почестите прошетки, замената на автомобилот со возење велосипед, па дури и танцувањето во вашата дневна соба, можат да прераснат во ваша секојдневна рутина побрзо отколку што мислите. Од друга страна пак, важна е и исхраната. Таа е секојдневна тема за која често дискутираме, за која многу зборуваме, но колку вистински ја почитуваме?Избалансираната исхрана може значително да придонесе за срцето и крвните садови да останат здрави, дури и во староста.Неизбалансираната исхрана не само што може да предизвика прекумерна тежина, туку и да биде директна причина за болест.Доколку премногу се консумираат хидролизирани масти од индустриски произведените прехранбени производи, како и храна богата со јаглехидрати, може да се зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.И не се работи само за тоа што консумираме и во која количина, туку за правењето на подобар избор. Размислете за избор на храна која на вашето срце навистина му е потребна.Омега-3 масните киселини во лососот и скушата, антиоксидансите во зелениот чај, бобинките и темното чоколадо, но и големите порции овошје и зеленчук, богати со многу витамини и минерали, значително ја подобруваат целокупната кардиоваскуларна функција.  Но, дали знаете што друго сака вашето срце? Одговорот е доста едноставен, помалку стрес. Хроничниот стрес влијае на крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Добрата вест е дека не треба да ја напуштите работата или да живеете на планина (иако тоа звучи примамливо). Неколку минути секојдневна медитација може драстично да го намали нивото на стрес. Да не заборавиме и на времето посветено за добар и квалитетен сон. Недоволниот сон е една од најлошите работи што можете да ги направите за вашето срце. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат помалку од седум часа се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања. Затоа, обидете се да креирате рутина пред спиење. Топла шолја билен чај, лесно истегнување или кратка медитација пред спиење може да ги олеснат вашите мисли и да поттикнат мирен сон. Всушност, колку повеќе размислуваме и зборуваме на оваа тема, ќе забележите дека малите промени всушност имаат најголем ефект врз нашето здравје. Оние навидум безначајни работи што ги правите секој ден.Да се откажете од пушењето? Огромна победа за вашето срце.Да го намалите консумирањето на алкохолот? Се разбира дека да.Секоја нова промени е основа за долг и здрав живот. Запомнете, сите имаме само едно срце.Однесувајте се кон него со љубов и грижа што ја заслужува. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома, така и на работа. Постојаниот притисок за исполнување на роковите станува особен напор. Меѓутоа, ако оваа состојба трае подолго време и ако телото нема време за регенерација, тогаш резултатот ни е веќе познат – хроничен замор, исцрпеност и стрес. Дали сте помислиле како оваа состојба влијае на вашето тело? Секојдневното оптоварување предизвикува голем број физички реакции во телото, во кои се ослободуваат зголемени количества на специфични хормони, како што се адреналин и кортизол. Бронхијалните цевки се прошируваат и брзината на дишење се зголемува со цел да се внесе поголемо количество кислород. Мускулниот систем е под постојан напор, пулсот и крвниот притисок се зголемуваат, а срцето е принудено да ја зголеми брзината на пумпање. Од друга страна пак, варењето на храна и движењето на цревата се ограничени, бидејќи телото нема доволно енергетски резерви за ваква „неважна“ работа. Ако на ова се надоврзе и неправилната, нередовна исхрана, внесот на алкохолни пијалаци, пушењето, отсуството или нередовната физичка активност, доаѓа до значително загрозување на целокупната виталноста. Специфичната ортомолекуларнa комбинација на микронутриенти во Orthomol Vital може да биде вашиот клучен сојузник. Па, сигурно ќе прашате и зошто? Луѓето кои се под голем стрес, особено треба да обрнат внимание на снабдувањето со витамини од групата B. Оваа група витамини игра важна улога во голем број метаболички процеси и има клучно влијание врз нашето здравје. Осумте видови на витамини B се значајни за производство на хормони, потпомагаат за формирање крвни елементи и одржување на нормално функционирање на нервниот систем. Така, витаминот B, особено витаминот B12, го „храни“ нервниот систем. Покрај тоа што обезбедува негово нормално функционирање, исто така игра улога во растот и регенерацијата на истрошените нерви.Поддржувајќи го енергетскиот метаболизам, витаминот B12 може значително да ни помага да се чувствуваме помалку уморни и исцрпени. Но, на телото му се потребни повеќе од само витамини B. Ние го препознавме тоа.Затоа создадовме специфична комбинација за мажи и жени. Тоа се нашите Orthomol Vital f и Orthomol Vital m. Прилагодени да ги задоволат специфичните нутритивни потреби на мажите и жените, двете формулации содржат витални хранливи материи и повеќе од 25 микронутриенти кои ја поддржуваат способноста на телото да управува со стресот, да го врати нивото на енергија и да го зајакне имунолошкиот систем. Orthomol Vital m содржи повеќе омега-3 масни киселини за мажи, а Orthomol Vital f содржи дополнителен калциум за жени. Ова му дава на вашето тело целна поддршка за подобро да се справи со стресот од секојдневниот живот. Иако можеби изгледа дека секојдневното темпо не секогаш дозволува време за грижа за себе, преземањето проактивен пристап може да ја направи сета разлика. Со надополнување на основните хранливи материи кои се исцрпуваат за време на периоди на стрес, му давате на вашето тело шанса да се бори против заморот, да ја подобри благосостојбата и да го врати целокупното здравје. Подготвени да се спротивставите на предизвиците на секојдневниот живот? До следната објава.Вашиот Orthomol.

20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските. За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа е заложба и поттик да продолжиме да ги истражуваме уникатните потреби на жените, вклучително нивната физичката виталност, менталната јасност, емоционалната рамнотежа, но и чувството и потребата за континуирано зајакнување и поддршка. Затоа, Меѓународниот ден на жената нè повикува да застанеме и да размислиме за грижата за здравјето на секоја мајка, баба и сестра. Да, за секоја од нас! Станува збор за почитување на женското тело, разбирање на неговите уникатни потреби и правилната нега и внимание што го заслужува. Во Orthomol, ние веруваме во зајакнувањето на жените со знаење и производи кои го поддржуваат здравјето на најприроден начин. Затоа, овој март искористете го промотивниот попуст на Orthomol Vital f, високо квалитетен производ за жени, кои овозможува лесно менаџирање на хроничниот замор и стрес. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 март до 31 март 2025 година на следните производи: Orthomol Vital Fво форма на вијали од 4.100 денари на 3.280 денариво форма на прашок од 3.300 денари на 2.640 денари Нека месец март биде месецот кога може заедно да ја прославиме женската виталност и сила.Да, женската издржливост и неверојатните работи кои вашето тело ги прави за вас. Нашата Orthomol заедница е тука да ви помогне да се чувствувате најдобро.Секое утро и секој ден! Повеќе информации за промоциите и производите:+389 2 310 4926, Фила Аптека Скопје, клиничка болница „Жан Митрев“+389 (34) 320 303, Фила Аптека Струмица, „Жан Митрев Дијагностик“+389 71 261 966, +389 2 310 4996 , Orthomol Македонија

Добредојде на сезоната на обнова и промени

Пролетта доаѓа, a со неа и чувството на обнова и свежи почетоци. Деновите стануваат подолги, растенијата почнуваат да се будат, а свежата енергија полека се чувствува во воздухот. Но, колку и да е возбудлива промената на сезоната, таа е потсетник дека време е да посветиме внимание и на нашето тело, животни навики и здравје. Добрата вест е дека подготовката на нашето тело за пролет не мора да биде комплицирана. Но, од каде да почнеме? Пролетта е совршено време за збогатување на исхраната со широк спектар на свежи намирници, кои не само што се богати со хранливи материи, туку се и одлична замена за потешките зимски оброци, кои долго беа составен дел од нашето студено секојдневие. Кратката прошетка до локалните пазари е одличен начин да ја почувствуваме промената на сезона. Свежиот зеленчук, како спанаќот, блитвата, но и репката и празот се одлични извори на железо, влакна, витамини и антиоксиданси и носат природен поттик на енергија и свежина. Но, тука се и овошките. Март носи нова шарена цитрусна кошничка на овошки чија свежина и нутритивна вредност не смееме да ја занемариме. Размислете за слатките портокали, сочниот грејпфрут и изобилството на свежи лимони. Овошните плодови се исклучително важен и енергичен додаток во нашата исхрана, кој нуди бројни здравствени придобивки. Од друга страна, нивната висока содржина на вода помага во хидратацијата, а пак, природните шеќери нудат брзо засилување на нашата енергија. Пролетта носи и посебна мотивација кога станува збор за одржување на редовната физичка активност. Едноставните прошетки во парк, планинарењето или пак пешачењето до работа го означуваат преминот во поактивен животен стил за време на пролетта, кој за многумина доаѓа спонтано. И додека размислувате за тоа, како најефикасно да го искористите вашето време на отворено, не заборавајте да ја надополните вашата исхрана и со масти. Да, здрави масти. Тие се неопходни за одржување на енергија и рамнотежа во телото, особено кога станува збор за регулирање на хормоните и функцијата на мозокот. Авокадото, маслиновото масло, јаткастите плодови и семките се одлични извори на здрави масти кои помагаат и во апсорпцијата на витамините, како А, D, Е и K. Покрај исхраната и физичката активност, пролетта е период и за обновување и на подлабоко ниво: ментално и емоционално. Мирните утра за себе, медитацијата, поминувањето повеќе време на отворено и управувањето со стресот се клучни за да се чувствувате балансирано и енергично. Колку повеќе го негувате вашето ментално здравје, толку подобро вашето тело ќе се справи со транзициите на сезоната. Додека се подготвувате за новата сезона, не заборавајте да му ја овозможите на вашето тело секоја дополнителна можна поддршка. Токму онаа, која му е потребна за да напредува во текот на сезоната на промени. Нашите додатоци во исхраната можат да ви помогнат во тоа. Без разлика дали станува збор за вашиот имунолошки систем, нивото на енергија или пак вашето ментално здравје, Orthomol нуди приспособени формули кои можат да ви помогнат да се чувствувате најдобро. Orthomol е совршен придружник кој ќе ви помогне да останете енергични, витални и целосно подготвени за месеците кои претстојат. Затоа оставете го вашето тело да цвета заедно со природата, хранете го, поддржувајте го и гледајте како напредува. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Дали типот на додатоци во исхраната е ист за сите?

Сигурно сте се запрашале, дали додатоците во исхраната се универзални за сите? Мажите и жените имаат различни потреби за внес на хранливи состојки, кој зависат од многубројни фактори. Хормоните, мускулната маса, но и густината на коските и метаболизмот имаат огромно влијание врз тоа, како се апсорбираат, користат, па дури и кои хранливи материи се потребни за оптимално здравје кај двата пола. Всушност, нутритивниот јаз помеѓу двата пола е значаен, па би сакале да ви споделиме и зошто. Важен аспект е самиот метаболизам. Мажите, обично имаат поголема мускулна маса, која им помага да согоруваат калории побрзо, што не е случај со биолошките процеси и телото кај жените, кое природно складира поголем број на маснотии. Како резултат на тоа, на мажите често им е потребна поголема количина на цинк, магнезиум и одредени витамини од групата B, за да го поддржат метаболизмот и да ја одржат мускулната маса. Од друга страна пак, метаболизмот на жените се менува врз основа на хормоналните промени, особено за време на бременоста, менструалниот циклус и менопаузата. Овие промени можат да влијаат на нивото на енергија и на способноста на телото да ги апсорбира и користи хранливите материи. На жените, во различни фази од животот им се потребни поспецифични микронутриенти, во споредба со оние на мажите. Друг аспект е и здравјето на коските. Жените се повеќе склони кон остеопороза, особено кај повозрасната популација, поради комбинацијата на хормоналните промени (менопаузата) и помалата густина на коските. Од оваа причина, на жените им е потребно поголемо количество на калциум и витамин D, за да ги одржат коските цврсти и да го намалат ризикот од фрактури. Иако, калциумот и витаминот D се подеднакво важни и за мажите, нивните потреби за овие хранливи материи се различни. Но, што со здравјето на срцето? Зар има некој кој барем еднаш не слушнал или прочитал дека кардиоваскуларните болести се „машка болест“? Не, би се согласиле со ова. Вистината е дека и жените се подеднакво изложени на кардиоваскуларни заболувања, особено по менопаузата кога нивото на естроген се намалува. Овој пад може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, зголемувајќи ја потребата од редовно одржување на здрави нивоа на холестерол и крвен притисок.Во исто време, мажите се изложени на ризик од срцеви заболувања порано во животот, поради фактори како начинот на живот, исхраната и стресот. Затоа, хранливите материи потребни за здраво срце и кардиоваскуларен систем кај мажите се различни. Но, да не заборавиме и на менталното здравје. За време на лутеалната фаза, жените имаат тенденција да искусат поголем број на хормонални флуктуации кои влијаат на нивната емоционална и психолошка благосостојба. За разлика од нив пак, мажите со стареењето имаат поголема веројатност да доживеат ментално здравствени предизвици поради стресот, притисоците поврзани со работата или хормоналните промени кои влијаат на нивото на тестостерон. Би заклучиле дека витамините и минералите кои им се потребни на мажите и жените во одвоени фази од животот се различни. Следствено на тоа и додатоците кои ги поддржуваат расположението, виталноста, енергијата, но и физичката и когнитивната функција во различен период од животот се различни. Нашите Orthomol vital m и Orthomol vital f, одамна ги препознаа овие разлики, обезбедувајќи го токму она кое им е потребно и на мажите и на жените, за да се чувствуваат најдобро, секој ден. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Есенцијата на маслиновото дрво, преточена во формула за долготрајна убавина

Секој од нас посакува да ја сочува природната убавина. Таа е одраз на внатрешната хармонија на телото и духот. Низа внатрешни и надворешни фактори, како стресот, начинот на исхрана, брзото животно темпо, но и генетиката и хормоните влијаат на процесот на стареење. Добрата вест е дека овие фактори во одредени граници може да се контролираат. Наша цел во Orthomol беше токму таа, да се спротивставиме на стареењето со позитивни резултати. Како го постигнавме тоа? Ќе почнеме од почеток. Стареењето е составен дел од животот. Природен процес кој треба и мора да го прифатиме. Но најважно е да ја разбереме суштината. Навистина малкумина го разбираат или сакаат да го прифатат стареењето како составен дел од животниот циклус. Би сакале да ни дозволите да ви помогнеме во тоа. Како што старееме, нашиот метаболизам забавува, значително намалувајќи го снабдувањето на кожата со потребните хранливи материи. Присуството на колаген и хијалуронска киселина кои им ги даваат на кожата и сврзното ткиво структурата, јачината и влажноста се намалуваат. Прв чекор за многумина во справувањето со овој процес се козметичките производи, користејќи ги како основно средство за справување со факторите на стареењето. Нивните компоненти најчесто не продираат до внатрешните слоеви на кожата и сврзното ткиво, а бидејќи како природен процес, кожата старее одвнатре, ефектите кои се добиваат се краткорочни. Ако се запрашате како внатрешните слоеви на кожата можат да ја добијат потребната поддршка, одговорот е следен. Го создадовме Orthomol Beauty, напивка која успеа да ја декодира тајната за одржување на „природната убавина“. Со својата иновативна комбинација од колаген, хијалуронска киселина и фитамин Q10 комплекс, Orthomol Beauty има двојно влијание. Прво, кожата и сврзното ткиво се снабдуваат со хранливи материи кои одвнатре ги враќаат еластичноста, затегнатоста и влажноста.Второ, колагенските пептиди во Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите (клетки на сврзното ткиво) да произведуваат поголеми количини на колаген. Исто така, благодарение на соработката со дерматолозите ширум светот и нашето долгогодишно искуство со ортомолекуларни активни состојки, формулацијата на Orthomol Beauty ја збогативме со многу други микронутриенти, важни за здравјето на кожата, косата и ноктите. Покрај колагенот и хијалуронска киселина, Orthomol Beauty содржи и уникатен комплекс на фитамин Q10, комбинација од есенцијални витамини и коензим Q10, со фитоекстракт од маслинка. Полифенолите содржани во овој фитоекстракт, како на пр. хидрокситирозолот содржат моќни антиоксиданти карактеристики кои придонесуваат за спречување на процесот на стареење на кожата, спречувајќи го нејзиното оштетување од надворешни фактори. Замислете, овој совршен заштитен механизам е и една од причините зошто маслиновите дрвја живеат толку долго. Токму затоа, нивниот фитоекстракт е важен елемент и во нашата формула за убавина. На крај, да не заборавиме и на витаминот C, E, цинкот, биотинот , но и селенот , кој се суштински состојки во нашата формула за убавина. Витаминот C го поддржува процесот на нормално формирање на колагенот , а заедно со витаминот Е, цинкот и селенот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Дополнително, селенот и цинкот придонесуваат и за одржување на здравјето на ноктите, а заедно со биотинот се клучни и во одржувањето на здравата коса. Дали можеби сега го имате одговорот како може да ја поддржите природната убавина? Можеби не безвременската, но онаа суштинската. Останете убави. Природно убави одвнатре. До следната објава.Вашиот Orthomol.

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари до 28 февруари 2025 година на следните производи: Orthomol Tendoво форма на прашок, капсули и таблети од 3.700 денари на 2.960 денари Orthomol Arthroplusво форма на прашок и капсули од 3.700 денари на 2.960 денари Orthomol Osteoво форма на прашок од 3.400 денари на 2.720 денари Во едно сме сигурни: нашиот локомоторен (мускулно-скелетен) систем ја извршува основната динамичко-кинетичка функција на нашето тело.Преземањето проактивни чекори за поддршка на густината на коските, флексибилноста на зглобовите и јачината на тетивите е основа за активен живот, без ограничувања. Повеќе информации за промоциите и производите:+389 2 310 4926, Фила Аптека Скопје, клиничка болница „Жан Митрев“+389 34 320 303, Фила Аптека Струмица, „Жан Митрев Дијагностик“+389 71 261 966, +389 2 310 4996 , Orthomol Македонија

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на тоа дека снабдувањето со крв на тетивите е релативно слабо, тие бавно заздравуваат. Па оттука е и онаа постојана болка. Замислете ја тетивата како јаже составено од поединечни колагенски влакна. Меѓусебно поврзаните влакна имаат посебна цврстина, но при преголемо напрегнување или постојано триење, делови од тие влакна се кинат. Со цел да се обноват, клетките на тетивата мора да произведат нови колагенски влакна. За да се постигне овој структурен процес, на тетивата ѝ е потребно време, но и доволно ензими и микронутриенти, како што се витамините, елементите во трагови и есенцијалните масни киселини. Па сигурно ќе се запрашате, кои се тие микронутриенти и како истите можат да дадат поддршка во процесот на регенерација? Во фазата на обнова на тетивите, поточно на клетките на тетивата, потребни им се протеински компоненти со цел производство на нов, механички отпорен колаген. Ова вклучува аминокиселини како: глицин, пролин и лизин.Колаген хидролизатот, содржи големи количини од овие аминокиселини, што ги прави достапни при синтезата на колагенот. Хијалуронската киселина е исто така важна компонента на структурата на тетивата и главна компонента на синовијалната течност, односно течноста за подмачкување во тетивните обвивки. Нејзините антиинфламаторни својства помагаат во ублажување на болката и отокот поврзани со повредите на тетивите, забрзувајќи го закрепнувањето и регенерацијата. Но, тука се и ензимите. Па така, бромелаинот и папаинот, помагаат да се разложат поголемите колагенски фрагменти кои произлегуваат од уништувањето на колагенските влакна. Разградувајќи го оштетениот или вишокот колаген и другите протеини во ткивото на тетивата, ензимите помагаат да се исчистат клеточните остатоци и да се промовира фазата на регенерацијата. Но, сигурно ќе прашате: што со антиоксидансите? Тоа е одлично прашање.При преоптоварување, во тетивите може да се развијат зголемени количини на т.н. слободни радикали, кои го нарушуваат метаболизмот на тетивите и нивната регенерација. Оттука, потребен е поголем број на хранливи материи кои делуваат како антиоксиданти кои ќе можат да ги неутрализираат овие слободните радикали, промовирајќи поголема синтеза на колаген. Особено ефикасни се витамините C и E, како и секундарните растителни материи. Но, да не заборавиме и на есенцијалните масни киселини, минералите и елементите во трагови. Во различни фази на заздравување на тетивите, особено во фазата на воспаление, потребни се материи како што се омега-3 масните киселини, кои го поттикнуваат развојот на антиинфламаторни супстанции во телото.Од друга страна пак, минералите и елементите во трагови, како магнезиумот, цинкот, бакарот и селенот имаат силна улога во процесот на синтеза на колагенот, заштита од слободните радикали и формирање на структурата на тетивата. Запомнете, тетивите се обновливи, но ние во најголем број од ситуациите не им го овозможуваме потребното време и соодветните мерки за поддршка.Затоа, го создадовме Orthomol Tendo. Плод на науката, кој има за цел да обезбеди моќна комбинација на витамини, минерали и други клучни хранливи материи специјално формулирани за поддршка на здравјето на тетивите, намалување на воспалението и промовирање на долготрајна сила и флексибилност. Зарем не е време вашите тетиви да ја добијат потребната поддршка за да го поддржат секој ваш потег? До следната објава.Вашиот Orthomol.

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја влоши болката. За многумина пак, кои се соочуваат со остеоартритични промени, идејата за вежбање може да звучи дури и застрашувачка. Oттука, се поставува прашањето, дали спортот е навистина наш пријател кога станува збор за дегенеративните заболувања на зглобовите? Доколку ви е дијагностициран остеоартритис, сѐ додека разумно спортувате, немате потреба од грижи, бидејќи тоа не значи дека вашите спортски денови се завршени. Клучот за управување со остеоартритисот не е во целосното избегнување на вежбањето и физичката активност. Впрочем, типот на вежби кои ќе ги изберете може да направи значителна разлика во управувањето со симптомите и подобрувањето на здравјето на зглобовите. Решението е да се фокусирате на активности кои ги зајакнуваат мускулите, ја подобруваат флексибилноста и ја одржуваат мобилноста, минимизирајќи го оптоварувањето на погодените зглобови. Студиите покажуваат дека умерената физичка активност, која честопати може да биде во форма на брзо одење или благо истегнување, може да ја подобри функцијата на зглобовите, да ја намали болката и да го подобри севкупниот квалитет на живот, но тука се и пливањето, возењето велосипед, пешачењето, јогата и други физиотерапевтски вежби кои можат да бидат составен дел од вашата спортска рутина. Од друга страна пак, вежбите со силни скокови, трчањето и прекумерните тренинзи со голема тежина, можат да го предизвикаат токму спротивното, дополнително да ги оптоварат зглобовите, зголемувајќи ја болката, отокот, но и ризикот од нови повреди. Но дали знаевте дека правилната физичка активност всушност може да влијае и на тоа колку добро хранливите материи стигнуваат до вашите зглобови? Здравите зглобови бараат постојано снабдување со клучни хранливи материи, како колаген, глукозамин и антиинфламаторни соединенија за одржување на здравјето на ‘рскавицата, намалување на оштетувањето и поддршка на подвижноста. Кога вежбаме, се зголемува циркулацијата на крвта, од која пак зависи колку поефикасно ќе се транспортираат овие виталните хранливи материи до ‘рскавицата, мускулите и ткивата во зглобовите. Без соодветна циркулација, зглобовите можеби нема да ги добијат хранливите материи што им се потребни, што потенцијално ќе го забави закрепнувањето и ќе го зголеми ризикот од повреда.Затоа поддршката на зглобовите со соодветни хранливи материи е исто толку важна колку и тоа да останете активни. Нашиот Orthomol arthroplus, комбинира моќни хранливи материи кои помагаат да се одржи здравјето на ‘рскавицата, коските и останатото сврзно ткиво и да се намали воспалението. Со силни диететски и функционални карактеристики, создадовме активен комплекс за ‘рскавицата, кој го спречува воспалението и болката од дегенеративно заболување на зглобовите.Не станува збор за замена на вежбањето, туку за целна поддршка на зглобовите. Замислете го како храна за истите. Можност да останете силни и еластични, уживајќи во движењето без болка. Остеоартритисот не мора да ве спречи да останете активни или да уживате во животот. Со правилен пристап, внимателно вежбање, соодветна грижа за зглобовите и правилна нутритивна поддршка, вие со сигурност може да ги одржите зглобовите во најдобра можна форма. Ние можеме да ви помогнеме во тоа! До следната објава.Вашиот Orthomol.