många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на срцето, особено во текот на летото, кога поради високите температури е изложено на дополнителен стрес. Но ќе прашате: што точно се полифенолите? Полифенолите се природни хемиски соединенија кои се наоѓаат во растенијата. Како составен дел на растителните органи, тие се одговорни за нивните сензорски својства, нивната боја и вкус, но и многу повеќе. Благодарение на нивното силно антиоксидантно дејство, полифенолите влијаат и врз растот на растенијата и директно ја поддржуваат нивната отпорност од болестите и штетното влијание на ултравиолетовото зрачење. Но уште пофасцинантна е нивната улога врз нашето здравје. Откако ќе ги внесеме преку исхраната, тие продолжуваат да ја истакнуваат својата супер моќ. Благодарение на високите антиоксидантни својства, тие можат да го намалат воспалението, да ја подобрат флексибилноста и еластичноста на артериите и да ги заштитат клетките од оксидативниот стрес, кој за жал останува еден од главните причинители за развој на срцевите болести. Полифенолите имаат позитивен ефект врз липидниот профил во крвта. Така, тие можат ефикасно да го намалат нивото на „лошиот“ LDL холестерол, позитивно влијаејќи на зголемувањето на „добриот“ HDL холестерол. Со тоа се намалува ризикот од таложење на холестерол на ѕидовите на артериите и формирање на атеросклеротични плаки. Сето ова го прави срцето поздраво и поотпорно на стрес. Но зошто е ова особено важно во текот на летото? Летото носи долги сончеви денови, а со тоа и зголемена физичка активност, која води кон поголем напор за срцето. Високите температури предизвикуваат ширење на крвните садови и зголемување на срцевите отчукувања, што значи дека нашето срцето работи понапорно за да ја одржи циркулацијата на крвта. Дополнително, губењето на течности преку потењето, може да доведе до дехидратација, која негативно влијае врз нормалната функција на кардиоваскуларниот систем. Затоа во летниот период е особено важно да се посвети внимание и дополнителна поддршка на здравјето на овој орган. Поддршка која не е замена за здрава храна, туку сојузник кој ќе му помогне на срцето да остане силно, отпорно и стабилно. Го создадовме Orthomol Cardio со таа цел.  Покрај секундарните растителни материи, како полифенолите од какао, Orthomol Cardio содржи и други многу важни микронутриенти кои можат да ја поддржат неуморната работа на срцето. Богатиот состав од омега-3 масните киселини EPA и DHA, витамините од групата B, но и пантотенската киселина, магнезиумот, јодот и бакарот, можат значително да го поддржат енергетскиот метаболизам, истовремено обезбедувајќи заштита на целокупната функција на срцевиот мускул. Замислете го како навика. Можност да создадете едноставна, но моќна рутина, која ќе осигура дека вашето срцето ја добива потребната грижа и нутритивна поддршка секој ден од летото. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме да ја цениме и прифатиме нашата природна убавина. Но дали тоа значи дека нашата кожа е најсреќна во лето? Вистината зад летната убавина е сепак малку поразлична. УВ зраците, хлорот, солената вода, потта, па и доцните ноќи, ја изложуваат нашата кожа под постојан стрес.  Сонцето или како многумина би го нарекле симболот на виталноста,  е всушност еден од најголемите виновници. УВ светлината го забрзува разградувањето на колагенот, создава оксидативен стрес и ги дехидрира подлабоките слоеви на кожата. Од друга страна, солената вода и хлорот, можат да ја намалат одбранбената моќ, директно влијаејќи на заштитната бариерна функција и моќ за регенерација. Затоа иако летото може да изгледа како сезона на здрава, сјајна кожа, всушност тоа е совршено време кога треба да ги дополните вашите летни ритуали за убавина. Подолгите денови го олеснуваат градењето конзистентни навики, како склоноста кон полесна исхрана, повеќе хидратација и поактивен животен ритам. Овие навики можат ја поддржат способноста на телото да апсорбира и да има корист од дополнителната нутритивна поддршка,  односно поддршка која доаѓа одвнатре. Ние ја нарековме Orthomol Beauty. Со својата иновативна комбинација од колаген, хијалуронска киселина и фитамин Q10 комплекс, Orthomol Beauty има двојно влијание.  Прво, кожата и сврзното ткиво се снабдуваат со хранливи материи преку кои им се враќа еластичноста, затегнатоста и влажноста одвнатре.  Второ, колагенските пептиди во Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите (клетки на сврзното ткиво) да произведуваат поголеми количини на колаген. Токму оној кој летото знае да ни го одземе.   Не заборавајте, колагенот и хијалуронската киселина се клучни за јачината и влажноста на кожата и сврзното ткиво. Комбинирајќи ги овие две клучни состојки со други микронутриенти, како витамин C, E, селен, биотин и цинк, Orthomol Beauty обезбедува суштински избалансирана комбинација во една формула. Дневна доза сјај, здравје и убавина. Мал, но постојан чин на негување на кожата, кој делува долгорочно и носи радост.  До следната објава. Вашиот Orthomol.

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често се крие замор кој не може да го совладаме само со една освежителна лимонада или кратка дремка. Утрата започнуваат тешко, а во претпладневните часови веќе се прашувате: зошто се чувствувам толку заморно, кога денес речиси и не направив ништо? Многу луѓе го чувствуваат летниот пад на енергијата и често мислат дека тоа е нормално. „Жешко е, па затоа сме исцрпени.“, би рекле многумина. Но што доколку заморот не е резултат на топлото време? Што доколку телото ви сигнализира нешто што не го гледате, а само го чувствувате? Во текот на летните месеци, телото интензивно се лади преку процесот на потење, кој покрај водата, предизвикува значително губење и на есенцијалните микронутриенти од нашиот организам. Така, магнезиумот се троши побрзо во услови на топлина и стрес, а неговиот недостаток може да доведе до појава на чести грчеви во мускулите, раздразливост или хроничен замор.  Топлите денови го забрзуваат природниот процес на потење и влијаат кон побрзо губење на цинкот, кој иако често занемарен има клучна улога во имуниот систем, здравјето на кожата и заштитата на клетките од оксидативниот стрес. Од друга страна пак, калиумот и натриумот се клучни за правилна функција на срцето и мускулната активност, а нивната нерамнотежа во текот на летните месеци може да се почувствува во форма на вртоглавица, слабост и низок притисок. Но и витамините спаѓаат во категоријата на овие микронутриенти. Витаминот C, кој е растворлив во вода, често се троши побрзо поради зголемениот телесен напор, а неговиот недостаток е клучен причинител за хроничната исцрпеност. Покрај него, во текот на летото често доаѓа и до намалена апсорпција или внес на витамини од групата B, кои се неопходни за енергетскиот метаболизмот и продукцијата на енергија. На крај, да не заборавиме и на антиоксидансите. За време на летото, поради зголеменото изложување на сонце, кожата троши повеќе антиоксиданси како селен и витамин E, кои помагаат во неутрализирање на оштетувањата од ултравиолетовото зрачење. Иако телото нема „аларм“ што веднаш ќе нѐ извести за овие загуби, симптомите се тука, скриени зад летната летаргија, менталниот замор и чувството на „исцрпеност“, без јасна причина. Честа појава за многумина во лето е да се чувствуваат „исклучени“, иако телото им е будно. Може да заклучиме дека летото може да биде најживата сезона, но само ако му овозможиме на телото сè што му е потребно за да ја издржи топлината одвнатре. Правилната нутритивна поддршка е есенцијална и е предуслов за енергија, баланс и добро расположение. Со Orthomol може да ја надополните секојдневната исхрана и тоа токму таму, каде летото знае најмногу да „одземе“. Затоа силната и значајна поддршка со микронутриенти е клучна за лето исполнето со многу забава, виталност и се разбира неограничен извор на енергија. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Кои тетиви се најчесто изложени на ризик од повреда?

Чувствувате ненадејна болка во рамото, силен притисок во Ахиловата тетива или неочекувана болка во лактот откако ќе направиме нешто сосема вообичаено, како отворање тегла корнишони додека готвите во кујната? И покрај нивната издржливост, флексибилност и обновливост, не треба да ве изненади фактот што тетивите се подеднакво склони на преоптоварувања како и сите останати делови од телото.Невообичаените, ретко изведувани движења, како на пр. потстрижувањето на живата ограда во дворот, долгото пешачење во несоодветни обувки или трчањето на тврда или нерамна површина, можат да доведат до нарушување на структурниот материјал на тетивите и нивна потенцијална повреда. Но нѐ прашавте: дали постојат регии на кои треба да внимавате и кои се најчесто погодени од прекумерно оптоварување? Во секојдневието ние не ги користиме сите тетиви во телото во иста мера, па затоа и постојат регии кои се најчесто погодени од прекумерно оптоварување или трошење на структурниот материјал. Една од нив е иритацијата на тетивите и бурсата на рамениот зглоб. Несоодветните оптоварувања, на пр. на тетивата на рамото (супраспинатна тетива) се особено присутни поради неповолното кревање на тешки предмети или честите движења над главата, како играњето на ракомет, тенис или голф. За неа исто така, неповолни се и прекумерната употреба на тастатурата и глувчето од компјутерот. Токму она што повеќето од нас го прават најчесто во текот на денот. Друга честа регија е иритацијата на тетивата на екстензорите или флексорите на рачниот зглоб. Повторно, меѓу најпогодените се канцелариските, но и градежни работници, мајсторите и занаетчиите.Доколку раката е оптоварена со прекумерни, повеќечасовни повторувачки дејствија како: работа со чекан, шрафење или кликање на компјутерско глувче, се развиваат микротенки кинења во колагенските влакна на тетивите на подлактицата. Но дали сте слушнале за иритацијата на пателарната тетива?Пателарната тетива го поврзува долниот крај на чашката на коленото со потколеничната коска. Честото скокање и џогирање на тврди површини може да предизвика микро повреди на оваа тетива.Тие се манифестираат со прободувачка болка кога коленото се оптоварува и истегнува, на пр. при качување по скали. Кај дегенерацијата на тетивата позната како „пателарна тендинопатија“, понекогаш се воспалува и бурсата на врвот на чашката на коленото. Оваа дегенеративна болест на тетивата е позната и како скокачко колено (англ. jumper’s knee).Но непријатен и чест е и синдромот на трактусот, односно иритација на лепезата на тетивата (трактус) или надворешната област на зглобот на коленото.Кога трчате или возите велосипед, оваа тетива се трие од коскената испакнатост на зглобот на коленото како „јаже низ карпест гребен“. Особено се погодени оние кои редовно возејќи изминуваат поголеми дистанци. Иако за многумина веќе позната, иритацијата на Ахиловата тетивата е следната регија која би ја вброиле во оваа група. Главните причини за иритација на Ахиловата тетива се големото, константно оптоварување без доволно време за закрепнување и одмор. Бидете особено внимателни при тренинг, бидејќи несоодветното загревање или недоволното истегнување се главните причина за иритација на оваа тетива. На крај би ја споменале и иритацијата на тетивната плоча во пределот на петицата/зглобот на стапалото, односно иритацијата на плантарната фасција. Таа претставува тетива во облик на плоча, лоцирана на долната страна на стапалото. Го стабилизира зглобот и во континуитет е подложена на големи репетитвни оптоварувања, како чекорење, трчање и скокање.Но внимавајте, причинските фактори за преоптоварување на оваа тетива се и слабите мускули на стапалата, стапалата со деформитет, вишокот тежина и несоодветните обувки. Ќе се согласите дека здравјето на тетивите честопати останува незабележано, сè додека не почувствуваме непријатност и болка. Добрата вест е дека многу проблеми со тетивите можат да се спречат. Правилната комбинација од движење, закрепнување и нутритивна поддршка се клучни. Слушајте го вашето тело, останете активни и информирани. До следната објава.Вашиот Orthomol.

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец јуни

Замор?Не повеќе! Доколку сте дел од нашата Orthomol заедница ова веќе со сигурност сте го слушнале. Едно е сигурно: нашите заложби за поголема виталност продолжуваат и овој месец, во кој го славиме летото и убавината на новата сезона. Искористете го промотивниот попуст на специфичната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital f кои ги содржат најважните микронутриенти за мажи и жени. Специфичната комбинација на микронутриенти во Orthomol Vital, му ја даваат потребната поддршка на вашето тело, допринесувајќи за полесно менаџирање на хроничниот замор, исцрпеноста и стресот. Кој е резултатот?Целосна поддршка на нервниот систем и енергетскиот метаболизам, заштитувајќи го вашето тело од болестите предизвикани од стресот. 20% промотивен попуст на следните производи: Orthomol Vital f од 1.6.2025 година до 30.6.2025 годинаво форма на вијали од 4.100 денари на 3.280 денари Orthomol Vital m од 1.6.2025 година до 30.6.2025 годинаво форма на вијали од 4.100 денари на 3.280 денари Промоцијата важи само во аптеките Фила во Скопје и Струмица. Повеќе информации за промоциите и производите:+389 2 310 4926, Фила Аптека Скопје, клиничка болница „Жан Митрев“+389 34 320 303, Фила Аптека Струмица, „Жан Митрев Дијагностик“+389 71 261 966, +389 2 310 4996 , Orthomol Македонија

Како нутритивната поддршка стигнува до тетивите?

Кога размислуваме за потребата од снабдување на нашето тело со потребните хранливи материи, честопати се фокусираме на мускулите, коските, па дури и на мозокот, но што со тетивите? Тие ги поврзуваат мускулите со коскената структура, ја пренесуваат силата на мускулно-скелетниот систем и се грижат за мобилноста и флексибилноста на зглобовите. Иако многумина би помислиле дека дегенеративните заболувања на тетивите се најчести кај спортистите, сепак прекумерното оптоварување кое може да резултира во повреда, иритација или оштетување на тетивите, може да му се случи на секој од нас, па дури и при извршување на секојдневните домашни обврски и рекреативните физички активности. Го реновиравте станот и ги бојадисавте ѕидовите, ама сега едвај можете да се исправите или да ја облечете јакната, затоа што премногу ве болат рамената? Иако можеби не размислуваме често за нив, тетивите се постојано метаболички активни и како секое друго ткиво се подложни на повреди, кои бараат соодветни мерки на поддршка. Една од нив е токму оптималната исхрана богата со микронутриенти, неопходни во процесот на поддршка, одржување и регенерација на сврзното ткиво. Како малите, но моќни микронутриенти од нашата исхрана всушност стигнуваат до тетивите? Откако ќе консумираме оброк богат со есенцијални витамини и минерали, варењето на храната го започнува сложениот процес на апсорпција. Микронутриентите, меѓу кои витаминот C, цинкот, манганот, бакарот и селенот, низ желудникот се разградуваат во цревата и се апсорбираат во крвотокот, преку кој циркулираат низ телото. Она што ќе ви го кажеме следно е мошне интересно. За разлика од мускулите, тетивите се релативно хиповаскуларни структури низ кои минуваат недоволен број на крвни садови. Ова резултира со релативно низок проток на крв во оваа област.Дополнително по 30-тата година сопственото снабдување со крв на тетивите уште повеќе се намалува. За разлика од мускулите, тоа го прави процесот на доставување на хранливи материи до тетивите многу посложен. И покрај ова, како телото успева да ги снабди тетивите со хранливи материи? Тие стигнуваат до тетивите преку два извори: мала мрежа на крвни садови и синовијалната течност која се наоѓа во обвивките што ги опкружуваат тетивите, особено во областите изложени на триење и движење. Овие извори им овозможуваат на микронутриентите полека да навлезат во ткивото на тетивата, достигнувајќи ги теноцитите, специјализираните клетки кои ја одржуваат и поддржуваат екстрацелуларната матрица на тетивите.Замислете ги теноцитите како чувари на здравјето на тетивите. Тие се одговорни за производство на колаген, главниот протеин од кој зависи цврстината и флексибилноста на тетивите.Со цел да ја извршат нивната функција, тие се потпираат на постојано снабдување со специфични микронутриенти. Така на пример, витаминот C, игра клучна улога во синтезата на колагенот. Минералите пак, како цинкот и манганот придонесуваат за антиоксидантната одбрана и формирањето на ензими потребни за регенерација на ткивата. Бакарот е неопходен за вкрстено поврзување на колагенските и еластинските влакна, обезбедувајќи ја структурната рамка што ги одржува тетивите отпорни. Забележувате, поддршката на здравјето на тетивите е тивок, но витален процес. Токму ова е идејата зад производите како Orthomol Tendo – дизајнирани да обезбедат насочена нутритивна поддршка за тетивите, лигаментите и сврзното ткиво. Секој пат кога скокате, туркате или трчате, запомнете дека вашите тетиви работат напорно, а микронутриентите се оние кои тивко ги одржуваат во форма. Им даваат сила и ви помагаат да се движите и напредувате без болка. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот функционира како појдовна точка од која зависат сите останати функции. Иако одвај сме свесни за тоа, мозокот ги регулира функциите на сите наши витални органи, ги насочува постапките кои ги правиме и претставува контролен центар за нашата перцепција, концентрација и меморија. Одговорен е за нашите секојдневни мисли и постапки и обезбедува континуирано снабдување со кислород и енергија. Без сомнеж, мозокот е најфасцинантниот и најсложениот орган во нашето тело.Замислете, иако претставува околу два проценти од нашата телесна маса, мозокот користи околу дваесет проценти од нашиот дневен внес на енергија, што го прави и еден од „најгладните“ органи во нашето тело. Тоа значи дека, како и секој друг орган во нашето тело, потребен му е соодветен внес на хранливи материи, за да работи и функционира што е можно подобро, но кои се тие? Есенцијалните масни киселини, како што се омега-3 масните киселини играат клучна улога. Со оглед на тоа дека нашето тело не може да произведе есенцијални масни киселини самостојно, ние мораме да ги внесеме преку исхраната. Масните риби, лососот, харингата и скушата се богат извор на омега-3 масни киселини, кои имаат поволно влијание врз циркулацијата на крвта, а со тоа и на снабдувањето на мозокот со кислород. Антиоксидансите од друга страна, како витамините C и E и елементите во трагови, ги штитат клетките од оксидативен стрес и го заштитуваат телото и мозокот од штетните слободни радикали. Овошјето и зеленчукот се одличен извор на истите и несомнено дека треба да бидат основен дел од здравата и урамнотежена исхрана. Тука се и фитонутриентите, ќе прашате, што се тие?Фитонутриентите се природни соединенија кои се наоѓаат во растенијата и помагаат во нивната заштита од оштетувања, како УВ зрачењето и болестите. Кај луѓето, тие нудат силни антиоксидантни и антиинфламаторни придобивки што го поддржуваат целокупното здравје, вклучително и функцијата на мозокот. Зелениот чај, агрумите и грозјето се одличен извор на истите. Сепак ќе се согласите дека современиот живот и брзото темпо не секогаш ни овозможуваат време за правилна и урамнотежена исхрана. Стресот може да го оптовари нашиот ментален капацитет, а со тоа и нашата когнитивна острина, мотивација и целокупно чувство за ментална благосостојба. Затоа го создадовме Orthomol Mental. Плод на нашата заложба да останете ментално избалансирани, фокусирани и отпорни, дури и во најнапорните денови.Замислете го како храна за вашиот мозок и ефикасен дел од вашата секојдневна грижа за себе. Внимателно избалансираната комбинација на хранливи материи, вклучувајќи B витамини, омега-3 масни киселини, пантотенска киселина, цинк и селен, ја поддржуваат нормалната функција на мозокот, придонесувајќи за нормално функционирање на целокупниот нервен систем. Стимулирајќи ги когнитивните перформанси на мозокот, микронутритивната поддршка го нормализира спиењето, ги зголемува концентрацијата, меморијата, енергијата и го поттикнува расположението. И додека постојат многу нешта коишто можете да ги направите во вашиот секојдневен живот за да го одржите мозокот бистар и во форма, Orthomol Mental со сигурност е една од нив. Со Orthomol Mental му овозможувате на вашиот мозок да го прави она што најдобро го знае: да размислува, да чувствува, да создава и да напредува. Зар тоа не е суштината на нашето постоење? До следната објава.Вашиот Orthomol.

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во постменопауза, управувате со остеопороза или едноставно сакате да останете активни додека стареете, Orthomol Osteo може да игра клучна улога во поддршка на здравјето на целокупниот локомоторен систем. Насочената поддршка богата со микронутриенти овозможува нормално формирање на колаген во коските, одржувајќи ја нивната регенерација, цврстина, еластичност и структурна поддршка. Ние го нарековме дневен ритуал со големо влијание! Но ќе прашате зошто? Orthomol Osteo доаѓа во практични дневни порции кои беспрекорно се вклопуваат во вашата рутина. Секоја доза испорачува внимателно избалансирана комбинација на хранливи материи, вклучувајќи калциум, манган, цинк и витамини C, D и К. Овој месец, сакаме да ви помогнеме да го направите првиот чекор. Чекор кон подобро здравје и мобилност. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 до 31 мај 2025 година на Orthomol Osteo во форма на прашок, од 3.400 денари на 2.720 денари. Останете проактивни. Останете здрави! Повеќе информации за промоциите и производите:+389 2 310 4926, Фила Аптека Скопје, клиничка болница „Жан Митрев“+389 (34) 320 303, Фила Аптека Струмица, „Жан Митрев Дијагностик“+389 71 261 966, +389 2 310 4996 , Orthomol Македонија

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се намалува.  И додека остеопорозата може да звучи како една од оние далечни здравствени предизвици кои се појавуваат подоцна во животот, вистината е дека таа започнува да се развива долго пред да ги забележите симптомите. Денес, речиси двесте милиони луѓе во светот боледуваат од остеопороза. Добрата вест е дека секој од вас има моќ да ѝ се спротивстави на статистиката. Вие можете и треба да го поддржите здравјето на вашите коски, но како? Одговорот веруваме дека веќе го знаете, преку правилниот внес на потребните хранливи материи, односно микронутриенти. Денес ќе пишуваме за нив, за нивната улога и придонесот во одржување на здравјето на коските. Би започнале со калциумот. Впрочем, тоа е и првата хранлива материја на која повеќето од вас помислуваат кога размислуваат за коските. Калциумот игра клучна улога во многу процеси кои се одвиваат во организмот и е неопходен за нормално функционирање на клетките. Би споделиле еден фасцинантен факт: повеќе од деведесет и девет проценти од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите. Покрај тоа што ги прави цврсти и еластични, калциумот игра клучна улога во процесот на ремоделирање на коските. Она кое многумина не го знаат е дека калциумот не може да го направи сето тоа самостојно, потребен е тим и поддршка од други хранливи материи кои ќе ја поттикнат неговата функција. Тука доаѓа значењето и улогата на витаминот D. Витаминот D игра клучна улога во апсорпција на калциумот. Без доволно витамин D, вашето тело не може правилно да го апсорбира калциумот, односно неговиот пристап до коските е оневозможен. Синергетската врска помеѓу калциумот и витаминот D не застанува тука. Витаминот D ја промовира и реапсорпцијата на калциумот во бубрезите, што дополнително го подобрува задржувањето на калциумот во телото. Од друга страна пак, витаминот D ја регулира минерализацијата на коските, што директно влијае на нивното одржување, зајакнување но и целокупна одржливост. Но како што витаминот D ја поддржува функцијата на калциумот во телото, тој исто така има потреба од поддршка. Станува збор за магнезиумот. Тој има значајна улога во претворањето на витаминот D во активна форма, односно тоа би значело дека без магнезиум, витаминот D не може да му помогне на калциумот, а калциумот не може да им помогне на вашите коски.Кога станува збор за здравјето на вашите коски, овие микронутриенти не се единствените кои го заслужуваат вашето внимание. Така, витаминот K, цинкот, манганот, па дури и бакарот подеднакво придонесуваат во одржување на густината, формирањето на коскената маса и колагенот и одржување на силата и стабилноста на вашите коски. Хармонијата на овие хранливи материи во вистинските количини може значително да му помогне на вашето тело да ја одржи густината на коските, да го забави губењето на коскената маса и да го намали ризикот од фрактури. Ние токму затоа го создадовме Orthomol Osteo.Внимателно избалансирана комбинација од сите клучни микронутриенти, како витамини, минерали и елементи во трагови кои придонесуваат за нормално формирање на колагенот во коските, одржувајќи ја нивната регенерација, цврстина и еластичност. Сфатете го тоа како ваш потсетник дека проактивноста денес, значи поддршка на животот кои сакате да го живеете утре. До следната објава.Вашиот Orthomol.

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата состојба може да биде предизвик. Би се запрашале, која е причината за овој ненадеен недостаток на енергија?  Секоја физичка активност, без разлика дали станува збор за професионален спорт, рекреативен тренинг или спортско хоби, доведува до зголемена потреба од микронутриенти, кои се важни за вашето тело. Недостатокот на поединечни микронутриенти може да влијае на различни процеси во телото, вклучително вашата циркулација, метаболизам и локомоторен систем, а со тоа да доведе до намалување на вашите перформанси и недостаток на енергија.  И покрај сѐ, вие сакате да бидете активни, да напредувате и да го реализирате секој спортски предизвик, нели?Затоа денес зборуваме на оваа тема, зборуваме за нашиот Orthomol Sport и како внимателно усогласената комбинација од микронутриенти може да му помогне на вашето тело да остане активно. Комплексот витамини B, Л-карнитинот и коензимот Q10 кои ја контролираат достапноста на енергијата во вашето тело играат клучна улога во нашата ортомолекуларна комбинација. Така, достапноста на Л-карнитинот во Orthomol Sport игра важна улога во транспортот на масните киселини во клетките за производство на енергија (митохондриите), помагајќи ви да ја одржите вашата издржливост за време на тренинзите.Коензимот Q10 пак, го зголемува производството на енергија на клеточно ниво, овозможувајќи му на вашето тело да ја поддржи издржливоста, да го намали заморот и да ви обезбеди побрзо закрепнување.  Нашата дневна поддршка не ги изоставува и јодот, магнезиумот и железото, кои подеднакво придонесуваат за нормалниот енергетски метаболизам. Додека, јодот придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, магнезиумот е важен за мускулниот систем.Железото пак, како важна компонента на хемоглобинот е клучно за формирање на црвените крвни зрнца во телото.  Заедно, овие микронутриенти ќе ви помогнат да ги оптимизирате вашите перформанси, да ја намалите болката во мускулите и да ја подобрите вашата севкупна спортска ефикасност. Доколку се запрашате што со ренегерецијата, микронутриентите играат важна улога во многу процеси, меѓу кои и метаболичките.Вашата дневна доза Orthomol Sport содржи и калциум, витамин D, но и омега-3 масни киселини кои како полинезаситени масни киселини, телото може да ги произведе само во ограничени количини.  Но имаме нешто и за издржливоста! Напорните тренинзи не се предизвик само за локомоторниот и кардиоваскуларниот систем, туку и за имунолошкиот систем на вашето тело. Затоа, витамините C и Е, минералите и фитонутриентите се важен дел од Orthomol Sport.Наша задача беше да ги препознаеме специфичните енергетски потреби на секој спортист.Благодарение на тоа, комбинацијата на микронутриенти во Orthomol Sport е прецизно усогласена да го поддржи вашиот енергетски метаболизам, да го поттикне вашето тело и да ве одржи во движење.  Замислете го како ваш партнер на тренинг. Партнер за победа. Оној кој ве поддржува во стремежот да ги постигнете вашите спортски цели, чувствувајќи се најдобро во сопственото тело.   До следната објава.Вашиот Orthomol.