Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје.
 
Здравјето на срцето во најголем дел зависи од начинот на живот, па веднаш ќе прашаме: колку физичката активност е составен дел од вашиот живот? Би се согласиле дека помислата да се трча маратон или да се поминуваат часови во теретана за некои луѓе звучи исцрпувачки.
Ќе се изненадите доколку ви споделиме дека истражувањата покажуваат дека 30-минутно умерено вежбање, пет дена во неделата, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и до триесет проценти. Па и не звучи толку лошо, нели?
Малите промени, како почестите прошетки, замената на автомобилот со возење велосипед, па дури и танцувањето во вашата дневна соба, можат да прераснат во ваша секојдневна рутина побрзо отколку што мислите.
 
Од друга страна пак, важна е и исхраната. Таа е секојдневна тема за која често дискутираме, за која многу зборуваме, но колку вистински ја почитуваме?
Избалансираната исхрана може значително да придонесе за срцето и крвните садови да останат здрави, дури и во староста.
Неизбалансираната исхрана не само што може да предизвика прекумерна тежина, туку и да биде директна причина за болест.
Доколку премногу се консумираат хидролизирани масти од индустриски произведените прехранбени производи, како и храна богата со јаглехидрати, може да се зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
И не се работи само за тоа што консумираме и во која количина, туку за правењето на подобар избор. Размислете за избор на храна која на вашето срце навистина му е потребна.
Омега-3 масните киселини во лососот и скушата, антиоксидансите во зелениот чај, бобинките и темното чоколадо, но и големите порции овошје и зеленчук, богати со многу витамини и минерали, значително ја подобруваат целокупната кардиоваскуларна функција. 
 
Но, дали знаете што друго сака вашето срце? Одговорот е доста едноставен, помалку стрес. Хроничниот стрес влијае на крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Добрата вест е дека не треба да ја напуштите работата или да живеете на планина (иако тоа звучи примамливо). Неколку минути секојдневна медитација може драстично да го намали нивото на стрес.
 
Да не заборавиме и на времето посветено за добар и квалитетен сон. Недоволниот сон е една од најлошите работи што можете да ги направите за вашето срце. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат помалку од седум часа се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања. Затоа, обидете се да креирате рутина пред спиење. Топла шолја билен чај, лесно истегнување или кратка медитација пред спиење може да ги олеснат вашите мисли и да поттикнат мирен сон.
 
Всушност, колку повеќе размислуваме и зборуваме на оваа тема, ќе забележите дека малите промени всушност имаат најголем ефект врз нашето здравје. Оние навидум безначајни работи што ги правите секој ден.
Да се откажете од пушењето? Огромна победа за вашето срце.
Да го намалите консумирањето на алкохолот? Се разбира дека да.
Секоја нова промени е основа за долг и здрав живот.
 
Запомнете, сите имаме само едно срце.
Однесувајте се кон него со љубов и грижа што ја заслужува.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Кои тетиви се најчесто изложени на ризик од повреда?

Чувствувате ненадејна болка во рамото, силен притисок во Ахиловата тетива или неочекувана болка во лактот откако ќе направиме нешто сосема вообичаено, како отворање тегла корнишони додека готвите во кујната? И покрај нивната издржливост, флексибилност и обновливост, не треба да ве изненади фактот што тетивите се подеднакво склони на преоптоварувања како

Orthomol

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец јуни

Замор?Не повеќе! Доколку сте дел од нашата Orthomol заедница ова веќе со сигурност сте го слушнале. Едно е сигурно: нашите заложби за поголема виталност продолжуваат и овој месец, во кој го славиме летото и убавината на новата сезона. Искористете го промотивниот попуст на специфичната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.