Дали типот на додатоци во исхраната е ист за сите?

Сигурно сте се запрашале, дали додатоците во исхраната се универзални за сите? Мажите и жените имаат различни потреби за внес на хранливи состојки, кој зависат од многубројни фактори. Хормоните, мускулната маса, но и густината на коските и метаболизмот имаат огромно влијание врз тоа, како се апсорбираат, користат, па дури и кои хранливи материи се потребни за оптимално здравје кај двата пола. Всушност, нутритивниот јаз помеѓу двата пола е значаен, па би сакале да ви споделиме и зошто.

Важен аспект е самиот метаболизам. Мажите, обично имаат поголема мускулна маса, која им помага да согоруваат калории побрзо, што не е случај со биолошките процеси и телото кај жените, кое природно складира поголем број на маснотии. Како резултат на тоа, на мажите често им е потребна поголема количина на цинк, магнезиум и одредени витамини од групата B, за да го поддржат метаболизмот и да ја одржат мускулната маса.

Од друга страна пак, метаболизмот на жените се менува врз основа на хормоналните промени, особено за време на бременоста, менструалниот циклус и менопаузата. Овие промени можат да влијаат на нивото на енергија и на способноста на телото да ги апсорбира и користи хранливите материи. На жените, во различни фази од животот им се потребни поспецифични микронутриенти, во споредба со оние на мажите.

Друг аспект е и здравјето на коските. Жените се повеќе склони кон остеопороза, особено кај повозрасната популација, поради комбинацијата на хормоналните промени (менопаузата) и помалата густина на коските. Од оваа причина, на жените им е потребно поголемо количество на калциум и витамин D, за да ги одржат коските цврсти и да го намалат ризикот од фрактури. Иако, калциумот и витаминот D се подеднакво важни и за мажите, нивните потреби за овие хранливи материи се различни.

Но, што со здравјето на срцето? Зар има некој кој барем еднаш не слушнал или прочитал дека кардиоваскуларните болести се „машка болест“? Не, би се согласиле со ова. Вистината е дека и жените се подеднакво изложени на кардиоваскуларни заболувања, особено по менопаузата кога нивото на естроген се намалува. Овој пад може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, зголемувајќи ја потребата од редовно одржување на здрави нивоа на холестерол и крвен притисок.
Во исто време, мажите се изложени на ризик од срцеви заболувања порано во животот, поради фактори како начинот на живот, исхраната и стресот. Затоа, хранливите материи потребни за здраво срце и кардиоваскуларен систем кај мажите се различни.

Но, да не заборавиме и на менталното здравје. За време на лутеалната фаза, жените имаат тенденција да искусат поголем број на хормонални флуктуации кои влијаат на нивната емоционална и психолошка благосостојба. За разлика од нив пак, мажите со стареењето имаат поголема веројатност да доживеат ментално здравствени предизвици поради стресот, притисоците поврзани со работата или хормоналните промени кои влијаат на нивото на тестостерон.

Би заклучиле дека витамините и минералите кои им се потребни на мажите и жените во одвоени фази од животот се различни. Следствено на тоа и додатоците кои ги поддржуваат расположението, виталноста, енергијата, но и физичката и когнитивната функција во различен период од животот се различни.

Нашите Orthomol vital m и Orthomol vital f, одамна ги препознаа овие разлики, обезбедувајќи го токму она кое им е потребно и на мажите и на жените, за да се чувствуваат најдобро, секој ден.

До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини,

Orthomol

Како влијаат утрата на здравјето?

Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година? Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само

Orthomol

Зошто во подоцнежните години, мажите се посреќни од жените ?

Како што старееме, нашите приоритети се менуваат.Размислуваме повеќе за нашето здравје, за семејство, па и за задоволството од животот. Но, она што е интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека мажите со стареењето имаат тенденција да бидат посреќни? Фасцинантен факт, нели? Затоа, во месецот посветен на машкото здравје и благосостојба, сакавме

Orthomol

Време е да станам татко?

Замислете го ова: се подготвувате за една од најголемите одлуки во животот и сакате да го дадете најдоброто од себе, сакате да станете татко.  Идејата да се биде родител носи посебна возбуда. Помислата да го држите вашето дете за прв пат, да го водите низ животните авантури и да го

Orthomol

20% намалување на Orthomol Vital f во Фила Аптека

Месецот во кој го прославуваме Меѓународниот ден на жената е потсетник за неверојатната сила и издржливост на сите жени, не само во нивните улоги како професионалци и лидери, туку и во секојдневните моменти, во домот, со семејството и со најблиските. За нас, здравјето на секоја жена е повеќе од приоритет. Тоа

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.