Пролетта доаѓа, a со неа и чувството на обнова и свежи почетоци. Деновите стануваат подолги, растенијата почнуваат да се будат, а свежата енергија полека се чувствува во воздухот. Но, колку и да е возбудлива промената на сезоната, таа е потсетник дека време е да посветиме внимание и на нашето тело, животни навики и здравје. Добрата вест е дека подготовката на нашето тело за пролет не мора да биде комплицирана. Но, од каде да почнеме?
Пролетта е совршено време за збогатување на исхраната со широк спектар на свежи намирници, кои не само што се богати со хранливи материи, туку се и одлична замена за потешките зимски оброци, кои долго беа составен дел од нашето студено секојдневие.
Кратката прошетка до локалните пазари е одличен начин да ја почувствуваме промената на сезона. Свежиот зеленчук, како спанаќот, блитвата, но и репката и празот се одлични извори на железо, влакна, витамини и антиоксиданси и носат природен поттик на енергија и свежина.
Но, тука се и овошките. Март носи нова шарена цитрусна кошничка на овошки чија свежина и нутритивна вредност не смееме да ја занемариме. Размислете за слатките портокали, сочниот грејпфрут и изобилството на свежи лимони. Овошните плодови се исклучително важен и енергичен додаток во нашата исхрана, кој нуди бројни здравствени придобивки. Од друга страна, нивната висока содржина на вода помага во хидратацијата, а пак, природните шеќери нудат брзо засилување на нашата енергија.
Пролетта носи и посебна мотивација кога станува збор за одржување на редовната физичка активност. Едноставните прошетки во парк, планинарењето или пак пешачењето до работа го означуваат преминот во поактивен животен стил за време на пролетта, кој за многумина доаѓа спонтано. И додека размислувате за тоа, како најефикасно да го искористите вашето време на отворено, не заборавајте да ја надополните вашата исхрана и со масти. Да, здрави масти. Тие се неопходни за одржување на енергија и рамнотежа во телото, особено кога станува збор за регулирање на хормоните и функцијата на мозокот. Авокадото, маслиновото масло, јаткастите плодови и семките се одлични извори на здрави масти кои помагаат и во апсорпцијата на витамините, како А, D, Е и K.
Покрај исхраната и физичката активност, пролетта е период и за обновување и на подлабоко ниво: ментално и емоционално. Мирните утра за себе, медитацијата, поминувањето повеќе време на отворено и управувањето со стресот се клучни за да се чувствувате балансирано и енергично. Колку повеќе го негувате вашето ментално здравје, толку подобро вашето тело ќе се справи со транзициите на сезоната.
Додека се подготвувате за новата сезона, не заборавајте да му ја овозможите на вашето тело секоја дополнителна можна поддршка. Токму онаа, која му е потребна за да напредува во текот на сезоната на промени. Нашите додатоци во исхраната можат да ви помогнат во тоа. Без разлика дали станува збор за вашиот имунолошки систем, нивото на енергија или пак вашето ментално здравје, Orthomol нуди приспособени формули кои можат да ви помогнат да се чувствувате најдобро.
Orthomol е совршен придружник кој ќе ви помогне да останете енергични, витални и целосно подготвени за месеците кои претстојат. Затоа оставете го вашето тело да цвета заедно со природата, хранете го, поддржувајте го и гледајте како напредува.
До следната објава.
Вашиот Orthomol.