Есенцијата на маслиновото дрво, преточена во формула за долготрајна убавина

Секој од нас посакува да ја сочува природната убавина. Таа е одраз на внатрешната хармонија на телото и духот. Низа внатрешни и надворешни фактори, како стресот, начинот на исхрана, брзото животно темпо, но и генетиката и хормоните влијаат на процесот на стареење. Добрата вест е дека овие фактори во одредени граници може да се контролираат. Наша цел во Orthomol беше токму таа, да се спротивставиме на стареењето со позитивни резултати.

Како го постигнавме тоа? Ќе почнеме од почеток. Стареењето е составен дел од животот. Природен процес кој треба и мора да го прифатиме. Но најважно е да ја разбереме суштината. Навистина малкумина го разбираат или сакаат да го прифатат стареењето како составен дел од животниот циклус. Би сакале да ни дозволите да ви помогнеме во тоа.

Како што старееме, нашиот метаболизам забавува, значително намалувајќи го снабдувањето на кожата со потребните хранливи материи. Присуството на колаген и хијалуронска киселина кои им ги даваат на кожата и сврзното ткиво структурата, јачината и влажноста се намалуваат. Прв чекор за многумина во справувањето со овој процес се козметичките производи, користејќи ги како основно средство за справување со факторите на стареењето. Нивните компоненти најчесто не продираат до внатрешните слоеви на кожата и сврзното ткиво, а бидејќи како природен процес, кожата старее одвнатре, ефектите кои се добиваат се краткорочни. Ако се запрашате како внатрешните слоеви на кожата можат да ја добијат потребната поддршка, одговорот е следен.

Го создадовме Orthomol Beauty, напивка која успеа да ја декодира тајната за одржување на „природната убавина“. Со својата иновативна комбинација од колаген, хијалуронска киселина и фитамин Q10 комплекс, Orthomol Beauty има двојно влијание. Прво, кожата и сврзното ткиво се снабдуваат со хранливи материи кои одвнатре ги враќаат еластичноста, затегнатоста и влажноста.
Второ, колагенските пептиди во Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите (клетки на сврзното ткиво) да произведуваат поголеми количини на колаген. Исто така, благодарение на соработката со дерматолозите ширум светот и нашето долгогодишно искуство со ортомолекуларни активни состојки, формулацијата на Orthomol Beauty ја збогативме со многу други микронутриенти, важни за здравјето на кожата, косата и ноктите.

Покрај колагенот и хијалуронска киселина, Orthomol Beauty содржи и уникатен комплекс на фитамин Q10, комбинација од есенцијални витамини и коензим Q10, со фитоекстракт од маслинка. Полифенолите содржани во овој фитоекстракт, како на пр. хидрокситирозолот содржат моќни антиоксиданти карактеристики кои придонесуваат за спречување на процесот на стареење на кожата, спречувајќи го нејзиното оштетување од надворешни фактори. Замислете, овој совршен заштитен механизам е и една од причините зошто маслиновите дрвја живеат толку долго. Токму затоа, нивниот фитоекстракт е важен елемент и во нашата формула за убавина.

На крај, да не заборавиме и на витаминот C, E, цинкот, биотинот , но и селенот , кој се суштински состојки во нашата формула за убавина. Витаминот C го поддржува процесот на нормално формирање на колагенот , а заедно со витаминот Е, цинкот и селенот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Дополнително, селенот и цинкот придонесуваат и за одржување на здравјето на ноктите, а заедно со биотинот се клучни и во одржувањето на здравата коса.

Дали можеби сега го имате одговорот како може да ја поддржите природната убавина? Можеби не безвременската, но онаа суштинската.

Останете убави. Природно убави одвнатре.

До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на

Orthomol

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.