Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот функционира како појдовна точка од која зависат сите останати функции.
 
Иако одвај сме свесни за тоа, мозокот ги регулира функциите на сите наши витални органи, ги насочува постапките кои ги правиме и претставува контролен центар за нашата перцепција, концентрација и меморија. Одговорен е за нашите секојдневни мисли и постапки и обезбедува континуирано снабдување со кислород и енергија.
 
Без сомнеж, мозокот е најфасцинантниот и најсложениот орган во нашето тело.
Замислете, иако претставува околу два проценти од нашата телесна маса, мозокот користи околу дваесет проценти од нашиот дневен внес на енергија, што го прави и еден од „најгладните“ органи во нашето тело.
 
Тоа значи дека, како и секој друг орган во нашето тело, потребен му е соодветен внес на хранливи материи, за да работи и функционира што е можно подобро, но кои се тие?
 
Есенцијалните масни киселини, како што се омега-3 масните киселини играат клучна улога. Со оглед на тоа дека нашето тело не може да произведе есенцијални масни киселини самостојно, ние мораме да ги внесеме преку исхраната. Масните риби, лососот, харингата и скушата се богат извор на омега-3 масни киселини, кои имаат поволно влијание врз циркулацијата на крвта, а со тоа и на снабдувањето на мозокот со кислород.
 
Антиоксидансите од друга страна, како витамините C и E и елементите во трагови, ги штитат клетките од оксидативен стрес и го заштитуваат телото и мозокот од штетните слободни радикали. Овошјето и зеленчукот се одличен извор на истите и несомнено дека треба да бидат основен дел од здравата и урамнотежена исхрана.
 
Тука се и фитонутриентите, ќе прашате, што се тие?
Фитонутриентите се природни соединенија кои се наоѓаат во растенијата и помагаат во нивната заштита од оштетувања, како УВ зрачењето и болестите. Кај луѓето, тие нудат силни антиоксидантни и антиинфламаторни придобивки што го поддржуваат целокупното здравје, вклучително и функцијата на мозокот. Зелениот чај, агрумите и грозјето се одличен извор на истите.
 
Сепак ќе се согласите дека современиот живот и брзото темпо не секогаш ни овозможуваат време за правилна и урамнотежена исхрана. Стресот може да го оптовари нашиот ментален капацитет, а со тоа и нашата когнитивна острина, мотивација и целокупно чувство за ментална благосостојба.
 
Затоа го создадовме Orthomol Mental. Плод на нашата заложба да останете ментално избалансирани, фокусирани и отпорни, дури и во најнапорните денови.
Замислете го како храна за вашиот мозок и ефикасен дел од вашата секојдневна грижа за себе. Внимателно избалансираната комбинација на хранливи материи, вклучувајќи B витамини, омега-3 масни киселини, пантотенска киселина, цинк и селен, ја поддржуваат нормалната функција на мозокот, придонесувајќи за нормално функционирање на целокупниот нервен систем. Стимулирајќи ги когнитивните перформанси на мозокот, микронутритивната поддршка го нормализира спиењето, ги зголемува концентрацијата, меморијата, енергијата и го поттикнува расположението.
 
И додека постојат многу нешта коишто можете да ги направите во вашиот секојдневен живот за да го одржите мозокот бистар и во форма, Orthomol Mental со сигурност е една од нив. Со Orthomol Mental му овозможувате на вашиот мозок да го прави она што најдобро го знае: да размислува, да чувствува, да создава и да напредува.
 
Зар тоа не е суштината на нашето постоење?
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао. Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.