Какао и здраво срце – што треба да знаете?

Дали знаевте дека еден од омилените „вкусови“ на вашето срце, доаѓа токму од чоколадото? Но не зборуваме за вашата омилена млечна чоколада, туку за една тајна состојка во неа: моќните полифеноли кои ги содржи зрното од какао.

Овие природни соединенија имаат неверојатна способност да ја поддржат и заштитат функцијата на срцето, особено во текот на летото, кога поради високите температури е изложено на дополнителен стрес.

Но ќе прашате: што точно се полифенолите?

Полифенолите се природни хемиски соединенија кои се наоѓаат во растенијата. Како составен дел на растителните органи, тие се одговорни за нивните сензорски својства, нивната боја и вкус, но и многу повеќе. Благодарение на нивното силно антиоксидантно дејство, полифенолите влијаат и врз растот на растенијата и директно ја поддржуваат нивната отпорност од болестите и штетното влијание на ултравиолетовото зрачење.

Но уште пофасцинантна е нивната улога врз нашето здравје. Откако ќе ги внесеме преку исхраната, тие продолжуваат да ја истакнуваат својата супер моќ.

Благодарение на високите антиоксидантни својства, тие можат да го намалат воспалението, да ја подобрат флексибилноста и еластичноста на артериите и да ги заштитат клетките од оксидативниот стрес, кој за жал останува еден од главните причинители за развој на срцевите болести.

Полифенолите имаат позитивен ефект врз липидниот профил во крвта. Така, тие можат ефикасно да го намалат нивото на „лошиот“ LDL холестерол, позитивно влијаејќи на зголемувањето на „добриот“ HDL холестерол. Со тоа се намалува ризикот од таложење на холестерол на ѕидовите на артериите и формирање на атеросклеротични плаки. Сето ова го прави срцето поздраво и поотпорно на стрес.

Но зошто е ова особено важно во текот на летото?

Летото носи долги сончеви денови, а со тоа и зголемена физичка активност, која води кон поголем напор за срцето. Високите температури предизвикуваат ширење на крвните садови и зголемување на срцевите отчукувања, што значи дека нашето срцето работи понапорно за да ја одржи циркулацијата на крвта.

Дополнително, губењето на течности преку потењето, може да доведе до дехидратација, која негативно влијае врз нормалната функција на кардиоваскуларниот систем. Затоа во летниот период е особено важно да се посвети внимание и дополнителна поддршка на здравјето на овој орган. Поддршка која не е замена за здрава храна, туку сојузник кој ќе му помогне на срцето да остане силно, отпорно и стабилно. Го создадовме Orthomol Cardio со таа цел. 

Покрај секундарните растителни материи, како полифенолите од какао, Orthomol Cardio содржи и други многу важни микронутриенти кои можат да ја поддржат неуморната работа на срцето.

Богатиот состав од омега-3 масните киселини EPA и DHA, витамините од групата B, но и пантотенската киселина, магнезиумот, јодот и бакарот, можат значително да го поддржат енергетскиот метаболизам, истовремено обезбедувајќи заштита на целокупната функција на срцевиот мускул.

Замислете го како навика. Можност да создадете едноставна, но моќна рутина, која ќе осигура дека вашето срцето ја добива потребната грижа и нутритивна поддршка секој ден од летото.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.