Како нутритивната поддршка стигнува до тетивите?

Кога размислуваме за потребата од снабдување на нашето тело со потребните хранливи материи, честопати се фокусираме на мускулите, коските, па дури и на мозокот, но што со тетивите? Тие ги поврзуваат мускулите со коскената структура, ја пренесуваат силата на мускулно-скелетниот систем и се грижат за мобилноста и флексибилноста на зглобовите.
 
Иако многумина би помислиле дека дегенеративните заболувања на тетивите се најчести кај спортистите, сепак прекумерното оптоварување кое може да резултира во повреда, иритација или оштетување на тетивите, може да му се случи на секој од нас, па дури и при извршување на секојдневните домашни обврски и рекреативните физички активности.
 
Го реновиравте станот и ги бојадисавте ѕидовите, ама сега едвај можете да се исправите или да ја облечете јакната, затоа што премногу ве болат рамената? Иако можеби не размислуваме често за нив, тетивите се постојано метаболички активни и како секое друго ткиво се подложни на повреди, кои бараат соодветни мерки на поддршка. Една од нив е токму оптималната исхрана богата со микронутриенти, неопходни во процесот на поддршка, одржување и регенерација на сврзното ткиво.
 
Како малите, но моќни микронутриенти од нашата исхрана всушност стигнуваат до тетивите?
 
Откако ќе консумираме оброк богат со есенцијални витамини и минерали, варењето на храната го започнува сложениот процес на апсорпција. Микронутриентите, меѓу кои витаминот C, цинкот, манганот, бакарот и селенот, низ желудникот се разградуваат во цревата и се апсорбираат во крвотокот, преку кој циркулираат низ телото.
 
Она што ќе ви го кажеме следно е мошне интересно. За разлика од мускулите, тетивите се релативно хиповаскуларни структури низ кои минуваат недоволен број на крвни садови. Ова резултира со релативно низок проток на крв во оваа област.
Дополнително по 30-тата година сопственото снабдување со крв на тетивите уште повеќе се намалува. За разлика од мускулите, тоа го прави процесот на доставување на хранливи материи до тетивите многу посложен.
 
И покрај ова, како телото успева да ги снабди тетивите со хранливи материи?
 
Тие стигнуваат до тетивите преку два извори: мала мрежа на крвни садови и синовијалната течност која се наоѓа во обвивките што ги опкружуваат тетивите, особено во областите изложени на триење и движење. Овие извори им овозможуваат на микронутриентите полека да навлезат во ткивото на тетивата, достигнувајќи ги теноцитите, специјализираните клетки кои ја одржуваат и поддржуваат екстрацелуларната матрица на тетивите.
Замислете ги теноцитите како чувари на здравјето на тетивите. Тие се одговорни за производство на колаген, главниот протеин од кој зависи цврстината и флексибилноста на тетивите.
Со цел да ја извршат нивната функција, тие се потпираат на постојано снабдување со специфични микронутриенти. Така на пример, витаминот C, игра клучна улога во синтезата на колагенот. Минералите пак, како цинкот и манганот придонесуваат за антиоксидантната одбрана и формирањето на ензими потребни за регенерација на ткивата. Бакарот е неопходен за вкрстено поврзување на колагенските и еластинските влакна, обезбедувајќи ја структурната рамка што ги одржува тетивите отпорни.
 
Забележувате, поддршката на здравјето на тетивите е тивок, но витален процес. Токму ова е идејата зад производите како Orthomol Tendo – дизајнирани да обезбедат насочена нутритивна поддршка за тетивите, лигаментите и сврзното ткиво.
 
Секој пат кога скокате, туркате или трчате, запомнете дека вашите тетиви работат напорно, а микронутриентите се оние кои тивко ги одржуваат во форма. Им даваат сила и ви помагаат да се движите и напредувате без болка.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.