Појадокот е најважниот оброк во денот. Зар има некој што не го слушнал ова? Но, што доколку ви кажеме дека вашата утринска рутина може да биде тајната за оптимално здравје кое ќе ве следи во текот на целата година?
Начинот на кој го започнувате денот има моќ да влијае не само на вашето расположение, туку и на имунитетот, нивото на енергија и целокупната благосостојба. Замислете дека го започнувате секое утро со збир на секојдневни навики кои не само што ќе ви овозможат добро расположение, туку и ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем и ќе ви помогнат да се чувствувате добро во текот на целата година.
Сè започнува со една едноставна работа – цел. Како ќе изберете да ги поминете првите неколку часа наутро може да има влијание врз остатокот од денот. Затоа, денес сакаме да зборуваме за неколку едноставни, но ефективни начини со кои можете да ги надополните вашите утра.
Би започнале со хидратацијата. По осум часа сон, на вашето тело му се потребни течности. Замислете ја водата како будилник за вашиот метаболизам, овозможувајќи му да ги исфрли непотребните токсини и да го подготви телото да ги апсорбира хранливите материи во текот на денот.
Потоа следува појадокот. Одберете храна која го поттикнува вашето тело и го зајакнува вашиот имунолошки систем. Свежото овошје, лесните сендвичи од интегрален леб, хумус и растителни намази или интегралните житарки во комбинација со семки или јаткасти плодови можат да обезбедат одлична рамнотежа на влакна, здрави масти и антиоксиданти кои на вашето тело му се секогаш добредојдени.
За жал, многумина од нас не консумираат или ја консумираат многу поретко од препораките на светските експерти, храната богата со хранливи материи. Истражувањата покажуваат дека 75% од населението не успева да ja задоволи минималната дневна препорака за внес на потребното количество на овошје и зеленчук во текот на денот. Ова резултира во значителни недостатоци во снабдувањето со повеќето микронутриенти, клучни за имунолошката одбрана.
Па сигурно ќе се запрашате, како може да го промениме тоа? Како може да го задоволиме внесот на сите потребни микронутриенти важни за имунолошкиот систем? Всушност овие прашања ги имавме и ние. Токму тие нè инспирираа да го најдеме одговорот.
Одговорот е поддршка.
Нашиот Orthomol Immun e креиран за таа цел. Полн со есенцијални витамини и минерали, како витамин C, витамин D, цинк и селен, Orthomol Immun е совршена поддршка за вашата утринска рутина. Ја поддржува нормалната функцијата на имунолошкиот систем, го зајакнува енергетскиот метаболизам, но и ги заштитува клетките од оксидативен стрес. Едноставно, ја обезбедуваа онаа мала дополнителна помош која ви е најпотребна.
Запознаени сме со брзото темпо на живот, но исто така знаеме дека грижата за вашето здравје не мора да биде комплицирана. Лесната форма на администрација нема да ви одземе ниту една минута. Во форма на таблети, вијали за директна употреба или прашок за брзо растворање, вашата дневна поддршка, богата со повеќе од 25 микронутриенти е создадена за брзите утра. Создадена за сите нас кои мислат дека утрата се премногу кратки за да завршиме сите обврски навреме.
Па, зошто да не започнете веднаш? Без разлика дали сакате да го зајакнете вашиот имунитет, да се борите против стресот или едноставно да ги подобрите дневните нивоа на енергија, време е вашето здравје да биде на прво место. Секое утро и секој ден.
До следната објава.
Вашиот Orthomol.
Бремена и моќна. Зошто секоја мајка зборува за Orthomol Natal?
Здраво, прекрасни идни мајки!Мора да признаеме дека веќе го имате неверојатниот сјај кој го носи бременоста. Едноставно, мајчинството прави да се чувствувате поубаво, зар не?Периодот пред, за време на бременоста, но и доењето се навистина посебни фази во животот на многу мајки. Веќе со сигурност го замислувате и првото „мамо“.