Кои тетиви се најчесто изложени на ризик од повреда?

Чувствувате ненадејна болка во рамото, силен притисок во Ахиловата тетива или неочекувана болка во лактот откако ќе направиме нешто сосема вообичаено, како отворање тегла корнишони додека готвите во кујната? И покрај нивната издржливост, флексибилност и обновливост, не треба да ве изненади фактот што тетивите се подеднакво склони на преоптоварувања како и сите останати делови од телото.
Невообичаените, ретко изведувани движења, како на пр. потстрижувањето на живата ограда во дворот, долгото пешачење во несоодветни обувки или трчањето на тврда или нерамна површина, можат да доведат до нарушување на структурниот материјал на тетивите и нивна потенцијална повреда.
 
Но нѐ прашавте: дали постојат регии на кои треба да внимавате и кои се најчесто погодени од прекумерно оптоварување? Во секојдневието ние не ги користиме сите тетиви во телото во иста мера, па затоа и постојат регии кои се најчесто погодени од прекумерно оптоварување или трошење на структурниот материјал.
 
Една од нив е иритацијата на тетивите и бурсата на рамениот зглоб. Несоодветните оптоварувања, на пр. на тетивата на рамото (супраспинатна тетива) се особено присутни поради неповолното кревање на тешки предмети или честите движења над главата, како играњето на ракомет, тенис или голф. За неа исто така, неповолни се и прекумерната употреба на тастатурата и глувчето од компјутерот. Токму она што повеќето од нас го прават најчесто во текот на денот.
 
Друга честа регија е иритацијата на тетивата на екстензорите или флексорите на рачниот зглоб. Повторно, меѓу најпогодените се канцелариските, но и градежни работници, мајсторите и занаетчиите.
Доколку раката е оптоварена со прекумерни, повеќечасовни повторувачки дејствија како: работа со чекан, шрафење или кликање на компјутерско глувче, се развиваат микротенки кинења во колагенските влакна на тетивите на подлактицата.
 
Но дали сте слушнале за иритацијата на пателарната тетива?
Пателарната тетива го поврзува долниот крај на чашката на коленото со потколеничната коска. Честото скокање и џогирање на тврди површини може да предизвика микро повреди на оваа тетива.
Тие се манифестираат со прободувачка болка кога коленото се оптоварува и истегнува, на пр. при качување по скали. Кај дегенерацијата на тетивата позната како „пателарна тендинопатија“, понекогаш се воспалува и бурсата на врвот на чашката на коленото. Оваа дегенеративна болест на тетивата е позната и како скокачко колено (англ. jumper’s knee).
Но непријатен и чест е и синдромот на трактусот, односно иритација на лепезата на тетивата (трактус) или надворешната област на зглобот на коленото.
Кога трчате или возите велосипед, оваа тетива се трие од коскената испакнатост на зглобот на коленото како „јаже низ карпест гребен“. Особено се погодени оние кои редовно возејќи изминуваат поголеми дистанци.
 
Иако за многумина веќе позната, иритацијата на Ахиловата тетивата е следната регија која би ја вброиле во оваа група. Главните причини за иритација на Ахиловата тетива се големото, константно оптоварување без доволно време за закрепнување и одмор. Бидете особено внимателни при тренинг, бидејќи несоодветното загревање или недоволното истегнување се главните причина за иритација на оваа тетива.
 
На крај би ја споменале и иритацијата на тетивната плоча во пределот на петицата/зглобот на стапалото, односно иритацијата на плантарната фасција. Таа претставува тетива во облик на плоча, лоцирана на долната страна на стапалото. Го стабилизира зглобот и во континуитет е подложена на големи репетитвни оптоварувања, како чекорење, трчање и скокање.
Но внимавајте, причинските фактори за преоптоварување на оваа тетива се и слабите мускули на стапалата, стапалата со деформитет, вишокот тежина и несоодветните обувки.
 
Ќе се согласите дека здравјето на тетивите честопати останува незабележано, сè додека не почувствуваме непријатност и болка. Добрата вест е дека многу проблеми со тетивите можат да се спречат. Правилната комбинација од движење, закрепнување и нутритивна поддршка се клучни. Слушајте го вашето тело, останете активни и информирани.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.