Месец за тебе. Месец за виталност и женско здравје.

Нè радува есента која секоја година е гласен потсетник за нешто кое е навистина суштинско: женската виталност и здравје. Ќе се согласите дека секојдневието на секоја жена бара постојани прилагодувања. Да бидеме успешна на работа, да се грижиме за семејството, но и навремено да ги извршуваме домашните обврски.

И додека можеме се, колку вистински имате енергија да се посветите на работите во кои целосно уживате? На вашето здравје и благосостојба, но и работите кои претходно ве правеле многу среќни, желбата за хоби и спонтаната прошетка со пријателите.

Размислете за вашата дневна рутина. Се будите рано наутро за да подготвите појадок за целото семејство, да се справите со преполниот работен распоред, но и да завршите барем мал дел од домашните обврски. И додека трепнете, денот започнал. По него и попладнето посветено на децата, а веќе е време да се подготвите за денот кој следи. 

Секојдневието на една жена е импресивно, но може да биде и исцрпувачко!

Со толку многу обврски, не е ни чудно што многумина од нас веќе до крајот на денот се чувствуваме целосно исцрпени. Прашањето е како да го надополниме тоа? Како да се справиме со последиците на малаксаност, исцрпеност, хроничен замор и стрес?

Би кажале со сигурност дека континуираниот стрес не треба да се занемарува. Заедно со него и сигналите кои ги испраќа вашето тело. Исхраната игра витална улога во одржувањето на нивото на енергија и целокупното здравје. Полесно е да се потпреме на брза закуска или кафе со висока доза кофеин, но вистинските хранливи материи се оние кои можат да направат значителна разлика. Урамнотежената исхрана богата со витамини и минерали е онаа која го поттикнува нашето тело и ум. Го поддржува множество на биохемиски процеси во телото и ни дава енергија.

Дали знаевте дека нашата специфична ортомолекуларна комбинација Orthomol Vital f може да го направи тоа?

Orthomol Vital F го создадовме за таа цел. Специфично дизајниран да ги земе во предвид потребите на жените ширум светот, Orthomol Vital f ги обезбедува сите основни хранливи материи кои го поддржуваат енергетскиот метаболизам, имунолошката функција и виталност. Сфатете го како ваша дополнителна доза љубов и поддршка. 

Богат со омега-3 масни киселини, витамини B, магнезиум и калциум, Orthomol Vital f овозможува лесно менаџирање на хроничниот замор, осигурувајќи дека вашето тело е подготвено да се справи со негативното влијание на стресот и нарушениот енергетски метаболизам. Ортомолекуларната формула е дополнително збогатена со витамин C, E, селен и цинк, кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес, односно неконтролирано создавање на слободни кислородни радикали кои доведуваат до низа хронични болести.

Ние ја нарековме формула за супер жени.

Не заборавајте, сѐ во животот е рамнотежа! А онаа во нашето тело е најважната. Затоа, додека храбро го славиме месецот на женското здравје, одвоите момент за себе. Момент за вашата виталност и здравје.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

ORM-WebHero-090102

Подготвени за училиште?

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили.  Со едно ќе се согласите: силниот имунитет

Orthomol
ORM-WebHero-080102

Микронутриенти: микротитани за оптимално здравје

Доколку мислевте дека витамините и минералите се оние мали ситници за кои честопати нашите мајки знаеја да бидат здодевни, размислете повторно. Микронутриентите се од суштинско значење за нашето здравје и навистина прават значајна разликата помеѓу тоа дали се чувствуваме одлично или како повеќето денес би рекле „онака“.  Прашањето е, што

Orthomol
ORM-WebHero-070304

Ортомолекуларна медицина: поедноставно е од што звучи

Ќе се согласите дека модерната потрага по здравје и виталност знае да биде исцрпувачки процес. Процес со неограничен избор на опции и прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба. И навистина, зар не чувствувате дека потрагата станува секојдневен предизвик, кој честопати прави да се чувствувате како да сте на самиот

Orthomol

Време е да станам татко?

Замислете го ова: се подготвувате за една од најголемите одлуки во животот и сакате да го дадете најдоброто од себе, сакате да станете татко.  Идејата да се биде родител носи посебна возбуда. Помислата да го држите вашето дете за прв пат, да го водите низ животните авантури и да го

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.