Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа!
 
Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата состојба може да биде предизвик. Би се запрашале, која е причината за овој ненадеен недостаток на енергија? 
 
Секоја физичка активност, без разлика дали станува збор за професионален спорт, рекреативен тренинг или спортско хоби, доведува до зголемена потреба од микронутриенти, кои се важни за вашето тело. Недостатокот на поединечни микронутриенти може да влијае на различни процеси во телото, вклучително вашата циркулација, метаболизам и локомоторен систем, а со тоа да доведе до намалување на вашите перформанси и недостаток на енергија. 
 
И покрај сѐ, вие сакате да бидете активни, да напредувате и да го реализирате секој спортски предизвик, нели?
Затоа денес зборуваме на оваа тема, зборуваме за нашиот Orthomol Sport и како внимателно усогласената комбинација од микронутриенти може да му помогне на вашето тело да остане активно.
 
Комплексот витамини B, Л-карнитинот и коензимот Q10 кои ја контролираат достапноста на енергијата во вашето тело играат клучна улога во нашата ортомолекуларна комбинација.
 
Така, достапноста на Л-карнитинот во Orthomol Sport игра важна улога во транспортот на масните киселини во клетките за производство на енергија (митохондриите), помагајќи ви да ја одржите вашата издржливост за време на тренинзите.
Коензимот Q10 пак, го зголемува производството на енергија на клеточно ниво, овозможувајќи му на вашето тело да ја поддржи издржливоста, да го намали заморот и да ви обезбеди побрзо закрепнување. 
 
Нашата дневна поддршка не ги изоставува и јодот, магнезиумот и железото, кои подеднакво придонесуваат за нормалниот енергетски метаболизам. Додека, јодот придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, магнезиумот е важен за мускулниот систем.
Железото пак, како важна компонента на хемоглобинот е клучно за формирање на црвените крвни зрнца во телото. 
 
Заедно, овие микронутриенти ќе ви помогнат да ги оптимизирате вашите перформанси, да ја намалите болката во мускулите и да ја подобрите вашата севкупна спортска ефикасност.
 
Доколку се запрашате што со ренегерецијата, микронутриентите играат важна улога во многу процеси, меѓу кои и метаболичките.
Вашата дневна доза Orthomol Sport содржи и калциум, витамин D, но и омега-3 масни киселини кои како полинезаситени масни киселини, телото може да ги произведе само во ограничени количини. 
 
Но имаме нешто и за издржливоста! Напорните тренинзи не се предизвик само за локомоторниот и кардиоваскуларниот систем, туку и за имунолошкиот систем на вашето тело. Затоа, витамините C и Е, минералите и фитонутриентите се важен дел од Orthomol Sport.
Наша задача беше да ги препознаеме специфичните енергетски потреби на секој спортист.
Благодарение на тоа, комбинацијата на микронутриенти во Orthomol Sport е прецизно усогласена да го поддржи вашиот енергетски метаболизам, да го поттикне вашето тело и да ве одржи во движење. 
 
Замислете го како ваш партнер на тренинг. Партнер за победа. 
Оној кој ве поддржува во стремежот да ги постигнете вашите спортски цели, чувствувајќи се најдобро во сопственото тело.  
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Бремена и моќна. Зошто секоја мајка зборува за Orthomol Natal?

Здраво, прекрасни идни мајки!Мора да признаеме дека веќе го имате неверојатниот сјај кој го носи бременоста. Едноставно, мајчинството прави да се чувствувате поубаво, зар не?Периодот пред, за време на бременоста, но и доењето се навистина посебни фази во животот на многу мајки. Веќе со сигурност го замислувате и првото „мамо“.

Orthomol

Месец за тебе. Месец за виталност и женско здравје.

Нè радува есента која секоја година е гласен потсетник за нешто кое е навистина суштинско: женската виталност и здравје. Ќе се согласите дека секојдневието на секоја жена бара постојани прилагодувања. Да бидеме успешна на работа, да се грижиме за семејството, но и навремено да ги извршуваме домашните обврски. И додека

Orthomol

Витални микронутриенти за здраво срце

Секој посакува здрав и долг живот, а здравиот кардиоваскуларен систем е важен предуслов за тоа. Честопати слушаме за различните видови на масти, протеини и јаглехидрати кои можат да го поддржат нашето кардиоваскуларно здравје, но во разговорот недостасува една клучна компонента: микронутриенти. Прашањето е колку навистина сме свесни за ефектот кој

Orthomol
ORM-WebHero-090204

Колку го познавате вашето срце?

Сите го знаеме она добро познато чувство – чувство кога срцето ни забрзува од некоја ненадејна посета, возбудлив филм или неочекувана информација, а можеби и прегратка. Но, дали некогаш сте размислиле колку навистина го познавате овој неверојатен орган? Како централен дел од циркулаторниот систем, срцето е еден од најважните органи

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.