Микронутриенти: микротитани за оптимално здравје

Доколку мислевте дека витамините и минералите се оние мали ситници за кои честопати нашите мајки знаеја да бидат здодевни, размислете повторно. Микронутриентите се од суштинско значење за нашето здравје и навистина прават значајна разликата помеѓу тоа дали се чувствуваме одлично или како повеќето денес би рекле „онака“. 

Прашањето е, што се всушност микронутриентите?

Замислете дека сте во улога да составите некој паметен електричен уред. Додека големите делови како екранот и батеријата изгледаат клучни, малите завртки, чипови и оние ситни струјни кола се всушност деловите кои прават сè да работи совршено.

Така и микронутриентите. Тие се оние витални делови за нашето тело, кои и покрај тоа што ни се потребни во мали количини, играат огромна улога во одржувањето на нашето здравје. 

За да биде уште поедноставно, терминот микронутриенти кој за многумина звучи исклучително комплексно, е всушност генерален термин за витамините и минералите. Витамините, како комплексни органски соединенија создадени од растенијата и животните и минералите како неоргански соединенија, кои постојат во почвата, камењата, водата и во речиси сето она што не опкружува. Секој витамин и минерал има специфична улога во нашето тело, а адекватниот внес на сите потребни микронутриенти е неопходен за оптимално здравје. Но, како да знаеме дека ја внесуваме потребната количината на микронутриенти преку исхраната? 

Тука се наоѓа причината зошто нашите мајки сепак, беа во право. Човековото тело, само по себе, не може да ги произведе повеќето микронутриенти, па во најголем дел истите ги внесува преку исхраната. Затоа, здравата исхрана богата со разновидно овошје, зеленчук, мешунки, семиња, а во помала количина месо и млечни производи има големо влијание врз целокупното здравје. 

Но, имајте во предвид дека, содржината на микронутриенти во секоја храна е различна. Дополнително, нивниот состав и дејство може да биде променет како резултат на топлина, кислород, светлина или хемиски процеси, што значи дека во колкаво количество би ги имало во храната ќе зависи и од начинот на нејзиното одгледување, нејзината преработката, складирање, но и подготовка, односно готвење. 

И, што сега? Сигурно се прашувате, како ќе знаеме на кому му треба повеќе или што конкретно недостасува? За жал модерниот начин на исхрана и живеење, не може да ни ги обезбеди сите потребни микронутриенти во оптимални количини. Дополнително, самиот животен стил ја менува и потребата од истите. Така, професионалниот спортист согорува повеќе калории од канцеларискиот работник. На 15 годишен млад човек му треба повеќе енергија од неговата 80 годишна баба. Снабдувањето со микронутриенти во голема мера ќе зависи и од начинот на живот и индивидуалните потреби на секој од нас.

Затоа го создадовме Orthomol. Нашето децениско знаење и истражување во полето на нутриционистичката медицина ни овозможи развој на соодветни комбинации на микронутриенти, прилагодени на специфичните потреби на секој од вас.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Добредојде на сезоната на обнова и промени

Пролетта доаѓа, a со неа и чувството на обнова и свежи почетоци. Деновите стануваат подолги, растенијата почнуваат да се будат, а свежата енергија полека се чувствува во воздухот. Но, колку и да е возбудлива промената на сезоната, таа е потсетник дека време е да посветиме внимание и на нашето тело,

Orthomol

Дали типот на додатоци во исхраната е ист за сите?

Сигурно сте се запрашале, дали додатоците во исхраната се универзални за сите? Мажите и жените имаат различни потреби за внес на хранливи состојки, кој зависат од многубројни фактори. Хормоните, мускулната маса, но и густината на коските и метаболизмот имаат огромно влијание врз тоа, како се апсорбираат, користат, па дури и

Orthomol

Есенцијата на маслиновото дрво, преточена во формула за долготрајна убавина

Секој од нас посакува да ја сочува природната убавина. Таа е одраз на внатрешната хармонија на телото и духот. Низа внатрешни и надворешни фактори, како стресот, начинот на исхрана, брзото животно темпо, но и генетиката и хормоните влијаат на процесот на стареење. Добрата вест е дека овие фактори во одредени

Orthomol

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари

Orthomol

Летен замор или нешто повеќе?

Летото пристигна, а со него и топлите денови кои многумина од нас со нетрпение ги очекувавме. Зборуваме за оние долги, летни денови, исполнети со мали моменти кои оставаат најголем впечаток: детското смеење, ладната лимонада и разговорите на отворено во приквечерината. Убавината на новата сезона е неоспорна, но зад неа често

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.