Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.
Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.
Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се намалува. 
 
И додека остеопорозата може да звучи како една од оние далечни здравствени предизвици кои се појавуваат подоцна во животот, вистината е дека таа започнува да се развива долго пред да ги забележите симптомите. Денес, речиси двесте милиони луѓе во светот боледуваат од остеопороза. Добрата вест е дека секој од вас има моќ да ѝ се спротивстави на статистиката. Вие можете и треба да го поддржите здравјето на вашите коски, но како?
 
Одговорот веруваме дека веќе го знаете, преку правилниот внес на потребните хранливи материи, односно микронутриенти. Денес ќе пишуваме за нив, за нивната улога и придонесот во одржување на здравјето на коските.
 
Би започнале со калциумот. Впрочем, тоа е и првата хранлива материја на која повеќето од вас помислуваат кога размислуваат за коските. Калциумот игра клучна улога во многу процеси кои се одвиваат во организмот и е неопходен за нормално функционирање на клетките. Би споделиле еден фасцинантен факт: повеќе од деведесет и девет проценти од калциумот во нашето тело се складира во коските и забите. Покрај тоа што ги прави цврсти и еластични, калциумот игра клучна улога во процесот на ремоделирање на коските.
 
Она кое многумина не го знаат е дека калциумот не може да го направи сето тоа самостојно, потребен е тим и поддршка од други хранливи материи кои ќе ја поттикнат неговата функција. Тука доаѓа значењето и улогата на витаминот D.
 
Витаминот D игра клучна улога во апсорпција на калциумот. Без доволно витамин D, вашето тело не може правилно да го апсорбира калциумот, односно неговиот пристап до коските е оневозможен. Синергетската врска помеѓу калциумот и витаминот D не застанува тука. Витаминот D ја промовира и реапсорпцијата на калциумот во бубрезите, што дополнително го подобрува задржувањето на калциумот во телото. Од друга страна пак, витаминот D ја регулира минерализацијата на коските, што директно влијае на нивното одржување, зајакнување но и целокупна одржливост.
 
Но како што витаминот D ја поддржува функцијата на калциумот во телото, тој исто така има потреба од поддршка. Станува збор за магнезиумот. Тој има значајна улога во претворањето на витаминот D во активна форма, односно тоа би значело дека без магнезиум, витаминот D не може да му помогне на калциумот, а калциумот не може да им помогне на вашите коски.
Кога станува збор за здравјето на вашите коски, овие микронутриенти не се единствените кои го заслужуваат вашето внимание. Така, витаминот K, цинкот, манганот, па дури и бакарот подеднакво придонесуваат во одржување на густината, формирањето на коскената маса и колагенот и одржување на силата и стабилноста на вашите коски.
 
Хармонијата на овие хранливи материи во вистинските количини може значително да му помогне на вашето тело да ја одржи густината на коските, да го забави губењето на коскената маса и да го намали ризикот од фрактури.
 
Ние токму затоа го создадовме Orthomol Osteo.
Внимателно избалансирана комбинација од сите клучни микронутриенти, како витамини, минерали и елементи во трагови кои придонесуваат за нормално формирање на колагенот во коските, одржувајќи ја нивната регенерација, цврстина и еластичност.
 
Сфатете го тоа како ваш потсетник дека проактивноста денес, значи поддршка на животот кои сакате да го живеете утре.
 
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Силниот имунитет е моја моќ

Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото. Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото,

Orthomol

Здрави навики за посилно срце

Ќе се согласите дека животот може да биде „ролеркостер“. Секојдневен стрес на работа, голем број на семејни обврски и постојан напор да се постигне успех на секое поле, како сето ова е прифатено од нашето срце? Денес зборуваме токму за тоа, за нашето кардиоваскуларно здравје. Здравјето на срцето во најголем дел

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.