Ортомолекуларна медицина: поедноставно е од што звучи

Ќе се согласите дека модерната потрага по здравје и виталност знае да биде исцрпувачки процес. Процес со неограничен избор на опции и прашања поврзани со вашето здравје и благосостојба. И навистина, зар не чувствувате дека потрагата станува секојдневен предизвик, кој честопати прави да се чувствувате како да сте на самиот почеток, одново и одново.

Во Orthomol, веруваме дека вистинскиот одговор може да лежи во еден едноставен, но пионерски принцип наречен ортомолекуларна медицина. Но, што поточно е тоа и како може да ви користи? Дозволете ни заедно со вас, да ја откриеме суштината на овој револуционерен пристап кон здравјето.

Ортомолекуларната медицина e спој на класичната медицинска наука и комплементарната медицина, кој се фокусира на природната синергија помеѓу хранливите материи и човековото тело. Така, преку искористување на моќта на хранливите материи за да се оптимизира биохемиската рамнотежа на нашето тело, ортомолекуларната медицина се фокусира на индивидуализирана исхрана и суплементација со цел постигнување на оптимално здравје.
Ако се вратиме на самите почетоци, терминот за овој тип на медицина е дефиниран од двократниот добитник на Нобеловата награда д-р Лајнус Полинг кој уште во далечната 1968-ма година, ја дефинира ортомолекуларната медицина како „процес на зачувување на здравјето и лекување на болести, преку менување на концентрацијата на супстанции кои вообичаено се присутни во телото и се потребни за здравјето“. Во таа насока, ортомолекуларната медицина ја истакнува вродената способност на телото за ревитализација и постигнување на оптимално здравје, преку обезбедување на потребната нутритивна поддршка.
Суштината на ортомолекуларна медицина е холистичкиот пристап кон здравјето, кој препознава дека секој човек е уникатен, со специфични биохемиски потреби кои мора да се задоволат за да се постигне рамнотежа и виталност. Но, сигурно се прашувате која е научната поткрепа зад целиот овој пристап?

Она што ја издвојува ортомолекуларната медицина е нејзината посветеност на пракса базирана на докази и персонализирана нега. Втемелена на длабоки научни истражувања, овој тип на медицина се фокусира на идентификување и корекција на нерамнотежата или недостатоците на одредени хранливи материи како што се витамини, минерали, амино и есенцијални масни киселини. Со обновување и оптимизирање на овие витални материи, практичарите имаат за цел да поттикнат средина каде што вашето тело може природно да заздравува и напредува. Без разлика дали се борите со хроничен замор, управувате со стресот или се стремите кон врвни спортски перформанси, ортомолекуларната медицина нуди пристап кој се справува со основните причини за нерамнотежа.

Тоа е всушност и верувањето на нашиот тим во Orthomol. Здравјето не е само управување со симптомите. Здравјето значи постигнување целосна виталност, максимизирајќи ја вродената способност на телото да ја поддржува неговата природна способност за заздравување и ревитализација. Затоа, честопати од нас ќе слушнете дека ортомолекуларната медицина не е само термин. За нас таа е филозофија. Филозофија која веќе 30 години е главниот поттик за развој на широка палета на производи богати со најважните микронутриенти создадени да одговорат на специфичните барања на секој од вас.

Но, што се микронутриенти?

До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Дали вашиот имунитет е подготвен за зима?

Денес ѝ посакуваме добредојде на зимата, но дали знаевте дека токму денешниот ден е и најкраткиот ден во годината? Тој ќе трае 8 часа и 47 минути, за разлика од ноќта која ќе биде најдолга и ќе трае околу 15 часа. За многумина, зимската краткодневица е потсетник за годишната сезона

Orthomol

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?

Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини,

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.