många spelare väljer Blingz för moderna spelupplevelser
many players search for casinos with no Swedish license with fewer restrictions

Остеоартритисот не е само болест на повозрасните: кои се факторите на ризик?

Болката и вкочанетоста во зглобовите често се поврзуваат со повозрасната возраст. Сепак, остеоартритисот не е состојба која се појавува исклучиво во подоцнежните години од животот. Сè поголем број млади лица се соочуваат со промени во зглобовите, особено во колената, а причините може да бидат поврзани со начинот на живот, физичкото оптоварување, претходните повреди и други здравствени фактори.

Затоа, грижата за зглобовите не треба да започне дури кога ќе се појават првите тегоби. Разбирањето на факторите на ризик е важен чекор кон подобро зачувување на нивната функција и подвижност.

Што се случува со зглобовите при остеоартритис?

Зглобовите овозможуваат движење и поврзување на коските. Нивните зглобни површини се покриени со ‘рскавица – мазно и еластично ткиво што го намалува триењето и го распределува притисокот при движење.

Кога рамнотежата помеѓу оптоварувањето на зглобот и неговата способност да го амортизира притисокот ќе се наруши, може да дојде до постепено влошување на структурата на ‘рскавицата. Со напредувањето на промените, зглобниот простор може да се стесни, да се појават промени на коскеното ткиво и воспаление на синовијалната мембрана.

Еден од раните знаци може да биде болка при започнување со движење по подолг период на одмор. Со текот на времето, тегобите можат да станат почести и да влијаат на секојдневните активности.

Фактори што го зголемуваат ризикот од остеоартритис

1. Прекумерна телесна тежина

Вишокот килограми создава дополнително механичко оптоварување на зглобовите, особено на колената и колковите. Намалувањето на телесната тежина може да придонесе за намалување на притисокот врз нив и полесно извршување на секојдневните активности.

2. Недоволна физичка активност

Движењето е важно за правилното функционирање на зглобовите. ‘Рскавицата ги добива хранливите материи преку синовијалната течност, а наизменичното оптоварување и растоварување при движење помага во нејзиното снабдување. Долготрајната неактивност може негативно да влијае на мускулите и подвижноста на зглобовите.

3. Претходни повреди и неправилна поставеност на зглобовите

Повредите на зглобовите, како и состојбите што предизвикуваат неправилна распределба на оптоварувањето, можат да придонесат за предвремени промени. Тука спаѓаат деформитети на стапалата, вродена дисплазија на колкот, искривување на нозете или разлика во нивната должина.

4. Професионални и спортски оптоварувања

Работните активности кои вклучуваат повторливи движења, долго стоење или еднострано оптоварување на одреден зглоб можат да го зголемат ризикот од негово преоптоварување. Исто така интензивните спортски активности, особено кога се проследени со повреди можат да влијаат на функционалноста на зглобовите, предизвикувајќи болка, вкочанетост и ограничена подвижност.

5. Метаболички нарушувања

Одредени метаболички состојби, како гихт, исто така можат да придонесат за појава на промени во зглобовите. Затоа, нивното навремено препознавање и соодветното медицинско следење се важни.

Како секојдневните навики влијаат на здравјето на зглобовите?

Редовната физичка активност, балансираната исхрана и одржувањето здрава телесна тежина се важни делови од грижата за зглобовите.

Активности како пешачење, возење велосипед и пливање овозможуваат движење со помало оптоварување на зглобовите. Дополнително, вежбите за зајакнување на мускулите и тетивите придонесуваат за подобра стабилност и поддршка на зглобовите.

Исхраната, исто така, има важна улога. На организмот му се потребни различни витамини, минерали, есенцијални масни киселини и други хранливи материи за одржување на нормалните функции на коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво.

Нутритивна поддршка за зглобовите со Orthomol arthroplus

Кај лицата со промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис, соодветната нутритивна поддршка може да биде дел од целокупниот пристап кон управување со состојбата.

Orthomol arthroplus е додаток на исхраната за специјални медицински цели, наменета за диететско управување со исхраната при промени во зглобовите предизвикани од остеоартритис. Содржи комбинација од глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, хијалуронска киселина и колаген хидролизат, како и N-ацетилцистеин, калциум, магнезиум, витамини D3, K1, B6 и C, омега-3 масни киселини и други важни микронутриенти.

Достапен е во практични дневни дози во кесички, со комбинација од прашок и капсула и вкус на свеж грејпфрут. Пакувањето е наменето за едномесечна употреба.

Здравјето на зглобовите бара континуирана грижа. Редовното движење, балансираната исхрана, контролата на телесната тежина и навремената консултација со лекар се важни чекори во зачувувањето на нивната функција и подвижност.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Стрес: како влијае и како да се заштитиме?

Сите знаеме што претставува стресот, зар не?Го среќаваме секој ден. На работа, во сообраќајот, во домот, за време на долгите ноќи кога не можеме да заспиеме, па дури и во оние моменти кога свесно се обидуваме да земеме здив и да се опуштиме. Стресот стана наш постојан придружник. Тивок, упорен

Orthomol

Стрес: што значи и што го предизвикува?

Што точно претставува стресот и како нашето тело реагира на истиот? Кои се причините и предизвикувачите и кои се здравствените последици кои мора да ги препознаеме. Денес зборуваме токму на оваа тема. Стресот  претставува психосоцијален товар кој предизвикува вознемиреност и може да ја наруши менталната и физичката благосостојба. Во литературата честопати

Orthomol

20% намалување на Vital f и Vital m во Фила Аптека во месец август

Со Orthomol Vital.Подготвени. За живот. Нашите заложби за поголема виталност и енергија продолжуваат и овој месец. Искористете го промотивниот попуст на ортомолекуларната комбинација на Orthomol Vital m и Orthomol Vital f кои ги содржат најважните микронутриенти за мажи и жени. Без лактоза и глутен, специфичната комбинација на микронутриенти го поддржува нормалниот енергетски метаболизам,

Orthomol

Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти. Но ние знаеме дека бременоста

Orthomol

По повод Светскиот ден на срцето: 7 секојдневни навики што можат да влијаат на здравјето на срцето

Срцето работи непрекинато, секој ден, без пауза. Иако често не размислуваме за неговата работа додека се чувствуваме добро, здравјето на кардиоваскуларниот систем е поврзано со начинот на кој живееме, се храниме, одмораме и се грижиме за себе. Во пресрет на Светскиот ден на срцето, да се потсетиме дека малите, секојдневни

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.

 
[newsletter]