Подготвени за училиште?

Здраво родители, септември е на самиот праг и веќе добро знаеме што значи тоа. Почетокот на новата учебна година е возбудлив период за сите нас. Додека ги подготвуваме училишните ранци, ужинки и нов училиштен прибор, со сигурност размислуваме и за здравјето на нашите најмили. 

Со едно ќе се согласите: силниот имунитет е клучен во првите недели. Да се биде родител значи да се има и супер моќ. Секогаш размислуваме однапред, нели? Затоа, се решивме и да ви се обратиме. 

Сите знаеме дека новата учебна година носи виор од емоции. Повеќе пријатели, повеќе забава и да, повеќе бактерии, а со нив и здодевни настинки! Ќе признаете: никој не сака да се справува со пропуштените училишни денови поради шмркање и кивање.

Не сакаме и ние. Затоа го создадовме Orthomol junior C plus!

Замислете 25 микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови во форма на таблети за џвакање со вкус на диви бобинки и мандарина. Звучи поприлично неверојатно, нели?

И навистина е! Преполн со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси, Orthomol јunior C plus е совршен придружник за враќање во училиште. Богат со витамин D, цинк, калциум и јод, Orthomol junior C plus не само што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем кај децата, туку истовремено придонесува и за нормален раст и развој на нивните коски. И не само тоа, Orthomol junior C plus вклучува хранливи материи, како железото, кои ја поддржуваат когнитивната функција, помагајќи му на вашето дете да остане фокусирано на новите четива и знаења. Да не заборавиме,  училишните денови понекогаш се навистина долги. Новите предмети, домашни задачи и креативни проекти бараат и дополнителна енергија. Ние го препознавме тоа. Затоа, Orthomol јunior C plus e внимателно креиран да ги поддржи потребните нивоа на енергија кај децата, овозможувајќи им да останат активни и фокусирани до последното училишно ѕвонче.

Дали можеби заборавивме нешто?

Orthomol junior C plus e тестиран и погоден за забите на децата и не содржи лактоза и глутен. Замислете, за најпребирливите имаме уште едно изненадување. Orthomol junior C plus таблетите за џвакање се во форма на автомобил. Ова е нешто на кое вашето дете навистина ќе се радува. 

А сега назад кон подготовките.

Не ги заборавајте моливите, новите боички и блоковите бидејќи првите ликовни дела се едни од најважните.

До следната објава.

Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

20% намалување во месец февруари на Orthomol Osteo, Tendo и Arthroplus

Дали и вие страдате од болка во тетивите?Чувствувате промени во зглобовите како резултат на остеоартритис? Овој февруари, ви нудиме шанса да дадете приоритет на вашата мобилност, флексибилност и сила, со моќни ортомолекуларни формулации, богати со најважните микронутриенти за поддршка на здравјето на локомоторниот систем. Не пропуштајте 20% промотивен попуст, од 1 февруари

Orthomol

Микронутриенти за здрави тетиви

Позната ви е следнава ситуација: значително го зголемивте интензитетот на тренинг пред претстојната ски сезона, па сега вашата Ахилова тетива отекува и ве боли при секој направен чекор? Несомнено е дека пренапрегањето или долготрајното напрегнување водат кон микроскопски тенки кинење на тетивите и болен оток во околното ткиво. Со оглед на

Orthomol

Спортот – пријател или непријател на остеоартритисот?

За секој што живее со остеоартритис, идејата и желбата за вежбање може да биде меч со две острици. Од една страна, знаеме дека потребата да останеме активни е од суштинско значење за нашето целокупно здравје, но од друга страна, го имаме оној постојан страв дека претераното движење може да ја

Orthomol

Како до правилна исхрана за време на празниците

Новата година е на самиот праг, а со неа и сите празнични моменти и семејни прослави во кои храната и вкусовите на традицијата имаат посебно значење. Моќ да не обединат, но и сплотат во позитивна мисла, взаемна почит, разбирање и љубов. Зар, вековната божиќна и бадникова трпеза не носи некоја

Orthomol

Помалку стрес, повеќе забава.

Ритамот на секојдневието постојано се забрзува. Секојдневните предизвици се нижат еден по друг, без пауза, па се прашувате: каде е сопственото време за релаксација? Недостатокот овие активности е составен дел од модерното живеење, но дали треба да го прифатиме тоа? Мажите и жените се подеднакво изложени на различни барања, како дома,

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.