Дали сте помислиле дека вашиот имунолошки систем е всушност вашата супер моќ? Без да забележиме, тој е секогаш активен, обезбедувајќи севкупна заштита на вашето здравје. Замислете, се проценува дека дневно се произведуваат милијарди одбранбени клетки во телото.
Но како старееме, така растат и одговорностите на нашата имунолошка одбрана. Како и телото, нашиот имунолошки систем доживува процес на стареење при што севкупната заштита ја губи својата сила. Добрата вест е дека можеме многу да направиме за да ја одржиме силна нашата имунолошка одбрана.
Силниот имунолошки систем е првенствено прашање на правилната исхрана, па затоа урамнотежената исхрана, богата со сезонско овошје и зеленчук треба да добие најголем приоритет во вашата исхрана. Аспарагус во пролет, јагоди во лето, јаболка во есен. Да, јадете што е можно повеќе сезонски овошки и зеленчук или како што ние би кажале „плодови од сите бои на виножитото“.
Многумина веднаш ќе прашаат: што со дополнителната поддршка? Дали диететскиот менаџмент на имунолошките недостатоци поврзани со исхраната влијае на одбраната? Се разбира дека да. Правилното снабдување и суплементација на телото со потребните витамини и минерали е неопходно.
Додатоците во исхраната не се замена за здрава исхрана, но постојат доволен број причини, зошто поддршката на имунолошкиот систем е важна. Одбраната на телото работи правилно, само ако е соодветно снабдена со хранливи материи, кои не секогаш можат да бидат обезбедени преку исхраната.
Така, организмот користи поголема количина на микронутриенти кога се бори против вирусите и инфекциите, па затоа внесот на дополнителна целна поддршка од микронутриенти игра клучна улога во имунолошката компетентност.
Витамините А, C, D, и Е, како и цинкот и селенот, се особено важни кога размислувате за зајакнување на вашиот имунолошкиот систем. Тие имаат корисен ефект врз имунолошката реакција и одбраната од микроби, како што се вирусите и бактериите. Од друга страна пак, тие се вклучени и во бројни метаболички процеси во телото, вклучувајќи ги мускулите, коските, но и заштитата на клетките од оксидативен стрес.
Други микронутриенти кои придонесуваат за нормално функционирање на вашиот имунолошки систем се и витамините B, односно B6 и B12, фолната киселина (која исто така припаѓа на витамините од групата B) и елементите во трагови како железото и бакарот.
Како што може да забележите, за нас, микронутриентите имаат посебно значење. Препознавајќи ја сложеноста на задачите што ги извршува имунолошкиот систем, неговото функционирање е наша посебна заложба.
Затоа, го создадовме Orthomol Immun. Имуно-специфична комбинација наменета за диететски третман на имунолошки недостатоци поврзани со исхраната. Orthomol Immun содржи повеќе од 25 важни микронутриенти во комбинација од витамини, фитонутриенти и елементи во трагови кои докажано ја намалуваат фреквенцијата на инфекциите.
Замислете го како дополнителна поддршка за заштита на вашиот одбранбен механизам во текот на целата година.
До следната објава.
Вашиот Orthomol.

Дали вашето дете внесува доволно количество на витамин C?
Како родители, го сакаме најдоброто за нашите деца, особено кога станува збор за нивното здравје. Зар не сме под постојан притисок кога станува збор за урамнотежената исхрана? Постојано се грижиме дали се активни, но и дали спијат доволно. Сепак, без разлика колку внимание и грижа посветуваме на нивните секојдневни рутини,