Триесет и пет степени и две срца во мене

Да бидеш бремена во лето е како да го носиш сонцето во себе – топло, силно и полно со живот. Ова е период во кој твоето тело создава чудо, а природата околу тебе го рефлектира тоа. Сè е живо, енергично и живописно, баш како и ти.
 
Но ние знаеме дека бременоста во најтоплите месеци од годината не е лесна и може да биде физички и емоционално предизвикувачка.
 
Потењето, отечените нозе, исцрпеноста, промените во апетитот и честата жед се реалност за многу идни мајки. И тоа е во ред, бидејќи бременоста, особено во лето, бара малку поинаква дисциплина, тоа значи да го слушаш телото и да прифатиш дека ова е време кога твојот најголем приоритет си токму ти.
 
И сигурно ќе прашаш: „Но зошто ја чувствувам оваа постојана топлина? Ме следи постојано каде и да сум?“
 
Бремените жени природно имаат зголемена циркулација и побрз метаболизам. Тоа значи дека во лето, кога температурите достигнуваат и до триесет и пет целзиусови степени, твоето тело чувствува како да има сопствена температура дури и до четириесет целзиусови степени. Од оваа причина се јавуваат и најчестите летни тегоби, како проблемот со отечени стапала, чувството на тешки нозе, па дури и лесната вртоглавица при подолг престој на сонце.
 
Но сè почнува со малку поголема грижа за себе. Така, во текот на долгото лето, водата е твојот најдобар пријател. Не ја чекај жедта. Пиј редовно, на секои триесет до шеесет минути, дури и кога не чувствуваш жед. Ладен, незасладен чај или освежителни напитоци со лимон и краставица можат да ти помогнат да ја одржиш хидратацијата, овозможувајќи ти да се чувствуваш лесно, хидрирано и свежо.
 
Летото и високите температури понекогаш ќе го предизвикаат и твоето расположение. И додека има денови кога се чувствуваш особено емотивно и тешко, ќе има и денови исполнети со смеа, позитивна енергија и ведри мисли за новиот живот што следи.
 
Твоето тело се менува и тоа е навистина прекрасно. Хормоните, но и потребата од повеќе одмор се тука со посебна причина. Твојот организам работи 24/7 на создавање нов живот. Земи пауза и овозможи си простор за почест одмор. Приспособи ја дневната рутина според температурите во текот на денот и организирај прошетки наутро или навечер кога надворешната температура се намалува. Избери памучна и широка облека и едноставно диши.
 
Во сите тие моменти кога си уморна, потиштена, раздразнета, гладна, ама не знаеш за што, кога копнееш по сон, тишина или само една голема воздишка, запомни: сè што правиш сега, го правиш за двајца.
 
Ти веќе го правиш најважното носиш живот и живееш со цел. И токму затоа, кога вложуваш толку љубов, внимание и енергија во секој ден од ова патување, заслужуваш поддршка што ќе те следи во иста мера.
 
Orthomol Natal е природно продолжение на сето она што го правиш за себе. Во комбинација од омега-3 масни киселини (ДХА), витамин D3, култури на бактерии од млечна киселина и сите останати есенцијални микронутриенти, со Orthomol Natal се погриживме да бидеме секојдневна поддршка на твојата бременост и здравиот развој на твоето бебе.
 
Нашата цел беше да ја поддржиме твојата благосостојба, помагајќи ти да се чувствуваш силно, стабилно и спокојно, дури и во најтоплиот период од годината.
 
Ова е твоја сезона. Носи ја со гордост, љубов и доверба во себе.
И запомни: не си сама на овој пат.
 
До следната објава,
Твојот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Ментален vs. физички замор: Како да препознаете кој навистина ве исцрпува?

Во современото секојдневие, зборот „замор“ стана толку вообичаен што честопати го занемаруваме неговото вистинско значење и потекло. Се будиме со чувство на тежина, го поминуваме денот во брзање и легнуваме со надеж дека сонот ќе реши сè. Сепак, многу често се случува и по долг викенд поминат во одмор, да

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.