Важна сезона за вашата рутина за убавина

Од многумина од вас сме слушнале дека летото е сезона кога вашата кожа изгледа најдобро. И навистина, летото има начин да направи да се чувствуваме убаво, без многу напор.  
Тенот, па и појавата на неколку шармантни пеги се секогаш добредојдени, зар не? Од друга страна, посегнуваме по помалку шминка и знаеме да ја цениме и прифатиме нашата природна убавина. Но дали тоа значи дека нашата кожа е најсреќна во лето?

Вистината зад летната убавина е сепак малку поразлична. УВ зраците, хлорот, солената вода, потта, па и доцните ноќи, ја изложуваат нашата кожа под постојан стрес.  
Сонцето или како многумина би го нарекле симболот на виталноста,  е всушност еден од најголемите виновници. УВ светлината го забрзува разградувањето на колагенот, создава оксидативен стрес и ги дехидрира подлабоките слоеви на кожата. Од друга страна, солената вода и хлорот, можат да ја намалат одбранбената моќ, директно влијаејќи на заштитната бариерна функција и моќ за регенерација.

Затоа иако летото може да изгледа како сезона на здрава, сјајна кожа, всушност тоа е совршено време кога треба да ги дополните вашите летни ритуали за убавина. 
Подолгите денови го олеснуваат градењето конзистентни навики, како склоноста кон полесна исхрана, повеќе хидратација и поактивен животен ритам. Овие навики можат ја поддржат способноста на телото да апсорбира и да има корист од дополнителната нутритивна поддршка,  односно поддршка која доаѓа одвнатре.

Ние ја нарековме Orthomol Beauty. Со својата иновативна комбинација од колаген, хијалуронска киселина и фитамин Q10 комплекс, Orthomol Beauty има двојно влијание.  
Прво, кожата и сврзното ткиво се снабдуваат со хранливи материи преку кои им се враќа еластичноста, затегнатоста и влажноста одвнатре.  
Второ, колагенските пептиди во Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите (клетки на сврзното ткиво) да произведуваат поголеми количини на колаген. Токму оној кој летото знае да ни го одземе.  

Не заборавајте, колагенот и хијалуронската киселина се клучни за јачината и влажноста на кожата и сврзното ткиво. Комбинирајќи ги овие две клучни состојки со други микронутриенти, како витамин C, E, селен, биотин и цинк, Orthomol Beauty обезбедува суштински избалансирана комбинација во една формула. Дневна доза сјај, здравје и убавина. Мал, но постојан чин на негување на кожата, кој делува долгорочно и носи радост. 

До следната објава. 
Вашиот Orthomol.

Picture of Orthomol

Orthomol

Останата содржина

Храна за твоите мисли

Размислуваме, зборуваме и чувствуваме. Помниме, се движиме и работиме. Создаваме и се грижиме за оние околу нас. Овие и многу други функции кои ни се потребни во секојдневното функционирање и коишто го прават нашиот живот вреден, зависат од многу сложен систем, познат како централен нервен систем. Токму во него, мозокот

Orthomol

20% намалување на Orthomol Osteo во месец мај во Фила Аптека

Здравјето на коските е поважно отколку што мислите. Губењето на коскената маса е тивок процес, се случува бавно и често без симптоми, сè додека не биде предоцна. Затоа е неопходна проактивна грижа, особено како што старееме или доживуваме хормонални промени кои влијаат на густината на коските. Без разлика дали сте во

Orthomol

Микронутриенти за здрави коски

Денес зборуваме за коските, за нивното здравје, издржливост, цврстина, еластичност и способност за регенерација.Колку и да се силни, коските не се непобедливи. Тие се живо ткиво и орган кој постојано се менува.Затоа како и многу други органи, како старееме, нивната структура, густина, но и способност за обнова и регенерација се

Orthomol

Микронутриенти кои значат победа

Спортот е важен дел од вашиот живот. Ви дава цел, ве прави да се чувствувате подобро и да живеете поздраво, а ние сме горди на тоа! Но што во деновите кога се чувствувате уморно и ви недостига дополнителна мотивација? За секој спортист кој цели кон остварување на своите спортски цели, ваквата

Orthomol

Кои тетиви се најчесто изложени на ризик од повреда?

Чувствувате ненадејна болка во рамото, силен притисок во Ахиловата тетива или неочекувана болка во лактот откако ќе направиме нешто сосема вообичаено, како отворање тегла корнишони додека готвите во кујната? И покрај нивната издржливост, флексибилност и обновливост, не треба да ве изненади фактот што тетивите се подеднакво склони на преоптоварувања како

Orthomol

Orthomol Newsletter

Добивајте содржина за теми поврзани со вашето здравје и најнови информации за нашите производи.